Леле мајка, дојди да се гушнеме силно. Те читам дека твоето е џамбас искрено моето беше мирно до пред некој месец, блазе си ти како издржуваш толку време. Кога ќе размислам можно е, ама не се сомневав на тоа бидејќи првиот и вториот месец си беше супер мирно дете, не се смени наеднаш и не покажува љубомора, во принцип ок е ако му кажам ајде со тато тоа да го правиш. Ууууф ваква утеха ми требаше И моето беше релативно мирно до пред месец дена, можеше цел саат да се заигра пример сам со книги да си чита, да си лепи стикери, да ни чита на нас. Сега го оставам на маж ми за се, немам живци. Нејќам да јадам, нејќам да спијам, нејќам да сменам пелена, нејќам нејќам нејќам. Исто, збудалев
Само шо и ги собрав буквално сите играчки оти не си игра, плачеше точно 4 минути, и продолжи да се бута под клацкалката да сокрши глава. 250 пати и кажав, ко на ѕид да зборам. 150 пати ја тргнав, 151 пат се врати долу. Косата си белее, а немам ни 30ка... Не знам кај згрешив/грешам. Цело време си велиме трпение-спасение. Ама до кога вака, не знам.
Како ги давате ампулите protect junuor, ги мешате ли со нешто? И дадов денес, пробав и јас, има јак вкус на алкохол...
terrible twos in the house. Вие што сте близу три, намалуваат со извољевање или да не се надевам премногу?
Седи вака, да ти кажам дека полоши стануваат Декември ќе прави 3, ако се рачуна близу На @Tea SK џамбазот да сподели дали се смири малку. Оти и јас се крстам на 3тата година
Хахахахахаххахахаха. Прошла недела, 3 дена беше под казна во градинка, па види дали се смирила. Уште ми викаат ама револт има сега ради бебето. Кој револт бе, отровче мало е од коа е родено. Бетер е сеа. Точно знае како да не изнервира и тактички тоа го прави и после ни се смее у фаца. Реално ја иам 32 па не сум смирена уште, не очекувам од детево да се смири сега.
Е баш ти фала Мојата во градинка е фина, дома ми наплаќа... Иначе не барам да се смири. Она е весело дете, трчка, пее, се дружи и се е тоа океј. Алии пуна инает. Сите на лево, она на десно. Пример, само едни розеви crocs сака да носи цело лето, ако и ги сокријам тантрумот е бескраен.. И така
Дајте им на децата нека бидат свои, барем нека носат облека каква сакаат и во која се чувствуваат убаво. Не вреди за тоа да се нервирате. Ако сака и со пижами нека оди во градинка, може сака да му ги видат другарчињата. А за чевличките може и се удобни и затоа сака да ги носи. Се прават со причина, ама не може да ги разбереме бидејќи не знаат да се искажат. Јас на поголемиот му оставам облека за градинка, тој не ја сакал дека била со Мики маус. За мене прекрасен комплет. За него не. Одбрал сина блуза и сини панталони кои не одговараат. Кога гледам дека и татко му носи исто сина блуза и панталони. Тој го забележал и сакал да биде како него
Имаше период внука ми одеше цел лето во исто фустанче. Кога ќе легнеше се переше и утрото веднаш го бараше. Еден ден беше ладно и не можеше да се исуши па го ставија во машина. Седеше пред машина и гледаше како се врти. До сега само еднаш поголемиот ми кажал ‘не’ за една блузичка за во градинка, а помалото си прибира дека сака се од брат му да носи. Па често е со маички до колена и панталони кои му паѓаат. Мене па ми се слатки овие работи. Деца
Неее, таман работа да се нервирам за тоа. Само ситуација доловив на карактерче, инаку нека си ги носи. Затоа се купени
Сабајле се смеев за ова.. Не сакаше блуза да облече за во градинка, татко И не носел. Бтв татко и спиеше без ништо на горе
Ретко пишувам, ама ги читам повеќето теми. И ми доаѓаат солзи, ми се плаче, сакам да бидам подобар родител и посреќна мајка. Знам дека така и детето ќе биде посреќно. Колку и да се трудам да го разберам, грешам. Мислам дека нема право на избор бидејќи немаме време. Постојано брзаме за некаде и не му даваме право на избор. Ама Исто и помалото, брат му ја соблекува блузата тој ја облекува. И му вели : види бато ( демек колку сум убав) а блуза до колена
За избор на облека, и тоа ни дојде до глава еве. Сакаше у извалкан Џивџи да оди у градинка. ( Претходно спиеше во таа блуза пошо скраја да е пижами да облече, само у блузи спие ) И ѝ донесов една со сладоледи, па имаше мини тантрум дека не било тоа сладолед, лижавче било... Whatever, шо сакаш нека биде само облечи ја жити мајка ти Од градинка ме прашаа зашо чорапи само со Мини Маус носи, викам па ваљда не оти јас така сакам Не знам зашо има 100 пара, ко овие 3 со Мини вршат сосема идеална работа, ако переш секој ден Забавно нели?
Ич не се секирај, најмајка си. Воа е дека јас не одам на работа, инаку доека одев, во спиење ја облекував.
Арно дур ви пребираат облека, мојава од бес пиперки пребираше. Да, пиперки за јадење, не ја сакам ова пиперка, твојата ја сакааааам. И ја давам, не ја сакам, другата ја сакааааааам.
Лелее мислев дека само ние имаме проблем со розевите crocks јаоооо...ма не сака ништо друго,сандали и купувам ма не сака да ги види...само розевите влечки и ништо друго .И купивме нови бидејки тие се износени ама не се скроз розеви новите лелее тоа беше влечење по земја,старите ги сака и крај.И ја оставив,и сега уште си ги носи износените влечки и има мир во куќата
На сите тројца мора чиниите исто да ни изгледаат. Исто ставено храна, на исти начин, све исто. Оти ќе збесне ко ОЦД да има. Ама се заеба еднаш со кромид, не сака а запна и она да имала у чинија. Го проба, почна да се дере лутееее Сливи вчера јадевме, за секоја јас шо се фатив ми ја собра од рака, поубава била од нејзината.
Некогаш си викам што згрешив како родител, можда построго требаше ама па вака коа ќе прочитам сите дека се исти си се тешам дека не е до мене