Секој ден си викам кај згрешив Маж ми е тука махер за утеха, Не е до нас вика, коронскиве деца со 5џи се напраени затоа се сите вакви Збориме за џентл парентинг пред некој ден, вика па да ако ти е детето џентлменка тоа ќе функционира. Ние имаме цитрон ( он така ја вика ), најди нешто за цитрон парентинг вика
Не е ни до тебе, ни до мене. До детето е. Исто сме и ние, мора да проба од сите чинии, и да ти земе од рака што јадеш ти. Во градинка на сите деца им ги јадел парчињата
До душа јас корона прележав со нејзе додека бев трудна, плус се вакцинирав дур ја доев....ете ти алал да му е на маж ти, тоа ќе ми е утеха до сеа.
Јас дојдов да кажам дека ви љубоморам на сите што децата ви спијат преку ден. Кризира од 11, не се дава за жива глава, збеснавме сите по дома, мачката се крие по ќошиња. Вришти, пишти, ништо не и е погодено. Мјау
Леле жено, како се справувате со ненаспано дете? Секоја чест за издржливоста. Јас ќе полудам ако не преспијат. Не за мене, туку нив ништо не им е погодено ако се ненаспани. Не дека не се случило големиот да не преспие, ама се трудам да е ептен ретко. И кога ќе забележам дека е неподнослив, знам дека не спиел во градинка и го легнувам порано. А вие, за ваше здравје, најдете си начин да ја натерате да легне. Не и вели дека ќе спиете, почнете со игра во спална, па на кревет, па приказни, и полека нека лежи, ако треба и телефон дајте нека гледа додека да се научи дека треба да лежи некое време. Откога ќе прифати да лежи со телефон, тогаш ќе научите без телефон, и така во круг, постојано ќе се одвикнувате од нешто. Гуд лак
Оф златна што све немаме пробано за да легне... Преку ден не влегува во спална воопшто за да не ја излажеме случајно да спие. На клацкалка у дневна еднаш заспа лулајќи се, сега не сака ни да се клацка за да не заспие. Ни тв, ни телефон, ни читање, ни песнички, ништо не пали. Се осеќа дека и се спие, ги знае сите финти и намерно избегнува да седне, не па да легне. Тоа ми е проблемот, што не легнува од инает. Седи само, јас ја легнам она станува. Јас ќе ја скарам, ми вика буквално НЕ СПИЈАМ и станува, трча, прави свашта. Еве ја моментално стои на клацкалката, и викам де легни или седни оти ќе паднеш, и ми се издра НЕЕЕ, НЕ СПИЈАМ.... Ок. Нервите ортома. И ортома да се обесам.
Абе не ви идам веќе у темава, човек страв да го фати е . А се си викаш ќе порасне малку, ќе биде полесно.
Не бе, уживај. Мојава е ѕвериште од раѓање. Само што ми кажа дека не ме сака оти сум ја терала да спие. Аххх
Има деца што не преспиваат, ама ако на твојата ужасно и треба сон и ти тоа го осеќаш ќе легнете во спална нека рика колку сака, односно нека рика до заспивање. Стисни заби издржи може и саат ипол ќе се мачиш. Ние не дека сме груби ама посилни сме од нејзе, легнува еден од нас, ако стане ја враќам, не и давам да стане, цела зграда не слуша, ама се предава после некое време. Еве за мотивација, знаеш што убаво и јас со нејзе си преспивам за викенд
2.5 саати е рекордот на рикање без заспивање. Уште ми зуат ушите. Некои денови не е проблем што не спие, се трпи. Ама денееееессс Ѝ викам јас тебе многу те сакам ама за сечие добро мораш да спиеш. Ми вика јас не сакам мама, мама сака спијам Ко да ја терам да копа нива
У кола ти заспива? Истиот проблем го имам, почнаа летово да бојкотираат, некогаш ги оставам и не спијат некогаш ставам у кола и за 1м се кома. Едвај чекам зима да дојде па нека немаат дремка и во 7 у кревет.
Јас му реков ќе го снимам на видео како вика, спиење не, никако, за 3 минути, другите нека спијат јас не итн. Кога ќе има деца и ќе ми се жали дека е ненаспан само ќе му го пуштам. Осветата се сервира ладна Еве го од паркинг го слушам со татко му, дадичка спие, јас не.
Видеото е веќе албум направено, колекција имам. И баш со зборовите "ќе имаш деца, ќе се жалиш, ова ќе го чувам" Расчука устата и заспа со плачење за 2 минути без да се расправаме.
Јас се радувам кога не спие преку ден за викенд. До душа ако не заспие во кола, дома не заспива. Денес не спиеше, во 8 15 кома. Бап пивцето и Хаус оф тхе драгон лабаво . Коа спие во градинка, не малтретира сите по дома до 10 ипол, вака лепота
Ќерќа ми плачеше саат време неќеше да излезе од дома облечена. Значи пиштол гола, фрли гаќи, стави кроксот и тргна. Ми текна на муабетот да ја оставам да биде своја, ама решив сега да наметнам нешто мое и без гаќи и фустан не ја пуштив да мрдне