Педијатар ми го препорача. Може за дете 2 години. Јад и го давав од пред да наполни 2 години до 2 ипол.
Нашиот педијатар не дава никакви витамини од самото раѓање па се до сега,се што давам од витамини еве веќе 2 ипол години давам на своја глава ,со препорака од мајки со добри искуства,се допитувам и така со други медицински лица од фамилијата,блиска пријателка имам што работи во систина .... Ако оставев на педијатарот ... Точно е ,внесува и преку храна ,гледам секој оброк да биде богат со витамини ,овошје ,зеленчук,манџи,цедено, суво овошје,јаткасти плодови .
Како бојат вашите деца на 3 год? Мојот сеуште не знае , на боенките се шкрта цело.. Кога ќе се научат пополека?
Се учат, само треба секојдневно да се работи и по нивна желба, без форсирање. Мојот баш од 3 години почна многу убаво да бои, да сече сам колаж, во градинка се чудеа зашто не им ни дозволувале сами да фатат ножици од страв да не се повредат. А може и едноставно нема интерес моментално ако оди тешко ама пробувајте. Моево кога го совлада тоа почна сам и броеви да учи, сега букви учи, почна саат да чита, некако работите едно по друго си одат спонтано, совладува едно по едно своеволно. Да не звучам дека го фалам, сакам да кажам да не се откажуваш зашто така им се ствараат убави навики, како предшколска припрема да си ги завршуваат обврските инаку јас немав никаква намера да учи нешто пред школо.
И јас почнав да и го давам пред 2 за брзо ќе полни 2. Него сакав да те прашам колку долго го даваше и дали правеше паузи измеѓу?
Искуство со бруксизам кај дете, 2г и 3м е ќерка ми, не престанува по цел ден, се плашам дека ќе си ги оштети сите заби. Кога спие не прави, само преку ден.
Мислам дека бруксизам е кога се прави несвесно, во спиење. Штом го прави само додека е будна може да е навика или период во развојот. Син ми едно време чкрткаше, исто така денски само, па тогаш читав малку на темата. Најверојатно беше поврзано со положбата на запчињата во тој период. Сам од себе престана и веќе со месеци не се случило. Ама бидејќи велиш дека е по цел ден, консултација со стоматолог не е на одмет.
Мајки дајте совет како да го пребродиме периодов. Синко е 2 години и 9 месеци. Му се роди братче, дојдовме дома два дена одличен беше одличен, после тоа стана ама во буквална смисла неподнослив. Ништо од рутината не му се смени гледаме и двајцата со татко му да сме посветени и да поминеме заедно време со него. Ништо, ама ништо не слуша и се од инает прави. Јас разбирам дека му е тешко, ново, не знае да каже со кои емоции се соочува, ама ова нешто што се случува е ... 10 пати треба да му го изговорам името за да се заврти. Никогаш не бил таков фрла со играчки, нас не удира, а никогаш не бил агресивен, почна да ги става прстите во уста, цела рака пика во уста, му викам немој ќе повратиш се сме и уштр повеќе ја пика раката и уште се мачка по лицето со лигушки...одбива да спие денски...пробано со арно да се објасни, му зборуваме, го караме зошто ги премина сите граници. Татко му е најтрпеливиот човек, едни живци што има, ретко кога повишил тон, сега дури и тој повиши и тон и го казни ама џабе, ништо не ни успева. Не знам дали е до нас, се мислам и со психолог детски да се консултирам за како да постапиме. Дајте ум
Многу тешко го доживуваат доаѓањето на новиот член во семејството. Се чувствуваат загрозени. Се што прават е за внимание, па макар и да бидат искарани. Порачај ја книгата Добри одвнатре, ќе најдете решение за секоја ситуација. Таму многу убаво е опишано раѓањето на бебе и како да го пребродите тоа полесно. Јас сега ја купив и навистина е од голема корист. Убаво би било да секој родител ја прочита.
Не знаев каде да го поставам прашањето па ај тука . Давал некој на дете ( 2 ипол год ) млеко од биволица ?! Навистина се дава неварено тоа млеко ?!
За некој ден 2 години ќе биде. Последниов период, можеби повеќе од месец, се буди пречесто, бара млеко, вода... вика на цел глас. Пријатно е во соба не е жешко, има рутина некоја зашто оди и во градинка... некогаш знае и 5-6 пати да се разбуди, веќе помислувам дека ја боли нешто. Спие во креветче, многу се врти, да не можеби тесно и' е? Што би предложиле да сменам? Мислев период ќе помине ама еве, многу трае, бетер е од новороденче