Мајки сакам да купам играчка мијалник со вода, многу сака да игра со вода цел ден претура, а вака едукативни играчки, коцки, и се друго што имаме не и држат долго внимание. Има разни видови од 800 ден до поскапи по 2000 и нешто и не знам каков да нарачам. Дали има некоја од вас од поевтините, дали работат добро? Или да земам поскап, веројатно и поквалитетен е. Предложете ако имате некаков купено.
Тантруми на најјако... 3 год е , гризе, тепа, се вади по негово према мм и мене... фала богу со малата е супер, ја гушка, ја бацува.. Кај моите и во градинка е супер, мирен.. Мене ни таткому воопшто не не слуша.. само дедо му го слуша ептен што и да му се каже, како да го научам дека и нас треба да не слуша а не баш само дедо му... Пукнав веќе, ни со убаво ни со викање не бива...
Јас имам од поскапите. Не е нешто многу користено и после една година некогаш работи, некогаш не. Кога го купувавме баш една мајка кажа дека нејзиното судопорче исто како моето се расипало. Треба да ја пазиш да не истура вода надвор од садот,за да не остане без вода. Син ми истура надвор вода и јас стојам над него и додавам нова вода ..
Јас имам поефтин од Амазон. Супер е го игра 4-5 месеци уште функционира и ептен лесно се притиска да протече вода од чешмата. Е само што мојот не го користи како судопер туку како корито, ќе поигра минута па го отвара и си седнува цел во садот со вода Ќе беше убаво да не се отвара лесно, ако и твојот е по белите барај некој поцврст што не се отвара
Јас како престанав да го дојам така почнаа сите проблеми со (не)спиење.Го доев до 20 месеци, се будеше многу често ноќе ама ке цица малку и ке презаспие, навечер заспиваше околу 20.30-21.00 најкасно, денски заспиваше околу 13.00 по една дремка има.Како престанав да го дојам така се се поремети и спиењето, прво тешко заспива навечер почна да седи буден до 22.00-22.30 не сака да заспива во спална како порано заспива во дневна сам, и тоа прво трча скока лудува на најако и потоа легнува и заспива, не дава да гасиме светло сам ги пали цело време, не слуша и да го скарам, не сака во раце, сам легнува и заспива и не малтретира сите, ке лгне на двосед па ке стане па оди на тросед кој и да седи ке го растера па ке легне таму, па после на фотељата и така во круг додека не заспие, после некое време се буди и плаче, ако сме во спална станува сам и тргнува без разлика дали е скроз темно, он иде и не застанува одам по него го симнувам доле во дневна зашто ако го вратам во спална бетер хистерија е, па бара вода, па чај, па плаче ни буден ни заспан, се лути, и после презаспива.Некоја вечер има по една ваква епизода некоја вечер и по две ама то трае по 1-2 саати додека да заспие пак убаво.Пробав да наметнам рутина со музика и намалени светла, не успева, светлата ги пали, еве сега го скрати периодот на плачење барем кога се буди ке се симнеме долу ке се напие нешто и пак презаспива исто така шетајки од кревет на кревет. завчера му беше 2 роденден, славевме дента, не заспа воопшто, вечерта заспа околу 22.00 часот, ноќта не се разбуди, спиеше сабајле до 9. Вчера не спиеше пак цел ден, заспа сам околу 19.00, се разбуди околу 22.30 и плачки, вода бара, долу се симнавме, презаспа околу 23.00 пак. После околу 1 пак се разбуди пак долу отиде спиеше до кај 3 го оставив во дневна се вратив горе.Во 3 пак се разбуди почна да ме бара го земав во спална и заспа и спиеше до сабајле до 7.Еве денес заспал во 13.00 спиел до 14.30.Никаков ред нема, никаква рутина.и големото го ремети, го буди неможе и он да заспие од него. Иначе телефон гледа по 10 мин додека јаде, ама предходно и не гледаше воопшто па така се будеше исто.Нема цврст сон континуиран и тоа ме загрижува.Преку ден е турбо активен, весел и не е воопшто нервозен и кинкав.Како да го воведам во ред не ми е јасно.
Кај кој педијатар одите? Нашава е семејна медицина, не е педијатар, и ништо не слушнав да иницира ако сама не предложам читајки од форуми или прашувајки познати… Само инхалации и толку, па дури не ме советуваше дека има и безшумен… на ум сум да го преместам, не се осеќам сигурно. Последмо прашав за ова киндеримуно, може ми вика давај му 3м па прекин… Тебе те читам од јуни до март… додека неодеше во градинка, не крена ни темп ни било што, ама како тргна лани логично мн работи закачи… Мора покрај храната, да билда имунитет со некој препарат, дури и за нас сум ма ум да земеме, од него на 2 -3 недели сме сите настинати
Имате некое искуство со кревети и душеци од Икеа? Евентуално препорака за низок кревет некој, ко за помали дечиња? Нешто во стил на Монтесори, а да не ме кошта колку спална.
Kritter го имаме ама го нема веќе мислам, не баш стандардна димензија таман за до школо, душек топ со две страни, низок да се качи и симне, висок за да исчистиш, има и страница за да не падне. Мислам дека има слични, само не тој дрвениот мислам дека најмногу се клацка, овој е баш цврст стабилен. И тие што се на продолжување, ама јас не сум им фан, тогаш ќе и купам поголем.
Го има, баш и овој го гледав ама ете не знаев за стабилност каков е. А душек исто од Икеа земавте? Гледам неколку има.
Мислам дека за овој немаше нешто многу избор на душеци, ние ваков земавме, ок е. Само се убивам барајќи постелнина, односно нема . Бебешките чаршавчиња се кратки за малку, другите се големи, во Икеа стално наоѓам само бели и цело време викам ќе одам по нарачка да ми сошијат шарени и никако да нарачам .
Мајки давајте некој совет или утешете ме барем Од кога син ми наполни 2 години е станат мнооогу лош. Мора се да е по негово, плаче т.е се лигави за глупости некогаш и сам не знае зошто... по цел ден само нешто му смета, си игра пример па ако не му успее нешто да направи фрла и почнува да се лигави да плаче. Зборува знае да каже што сака ама не сака да каже туку само тантруми има. Ќе полудам значи. И со убаво и со викање и карање пробам не пали ништо.
Навикни се полека, истото е и на 3 години. Само поголеми се барањата за сам да прави, а со тоа и повеќе плачки кога нема да му успее нешто.
Ако ми веруваш јас два дена плачам од нејзе. Ако имаш карактер да можеш да замижиш и игнорираш веројатно најдобра опција би ти било. Обично сум прилично трпелива, да ме извади од колосек некој мн треба, она успева.
Како се справувате со тантрумите ко ќе се удираат со глава или наназад ко ќе се фрлаат? Главата ја искрши овие дена, не можам да ја стигнам секогаш да ја фатам, а и мене ме удира со глава ко ќе се налути.
Дали има мирен начин да се објасни дека кога е време за идење дома, време е за идење дома? Без да бидам претепана секој пат ко ќе се враќаме од лулашки. Почна да бега низ парк, да ја ставам у количка мислам дека раката ми ја сокрши. Скоро 3 години е, и апсолутно ништо не слуша.
Здраво мамички, Да предложите некои игри кои ги играте со вашите 3годишни дечиња? Не знаеме веќе што да правиме (цртаме,пишуваме,играме топка,местиме фигури и се тоа се врти во круг) Секој предлог е добредојден
Ништо апсолутно ништо кога ќе реши да не слуша и сите сцени што ги приредува се прашувам дали сум добра мајка, сите мислам дека во мене гледаат и сигурно си викаат што му фали на детево, зошто мајкава не знае да го воспита. Некогаш не ми се ни излегува од што знам што ме чека. Кога е со татко и надвор знам кога се враќаат, затоа што цело маало ечи од нејзе, ја слушам од прозор. И јаготка на шлагот ми става, кога излегува од лифт лази во влез до дома со рикање.
Здраво мајки ни најдоа streptococcus pneumoniae на брис во носе матичната ни даде маст и капки со герамицин Имате искуство дали ќе биде доволно и после колку време да направиме пак брис фала ви
Ако најдеш начин, те молам сподели го . Јас ја кревам во раце, таа писка, вриска, ме тепа… и ја носам во раце до дома. Друг начин немам.