Даваш најава 5 мин. пред да си одите дека ќе си игра уште толку време и си одите. Може да преговара и да ти каже не, сакам за 10 мин., ја им викам важи, им дава чувство на контрола и си одите. И кај двајцата ми успева ова.
Прво му давам најава дека за 10 минути ќе си одиме или пример уште 3 пати лулај се/пушти се по лизгалката па си одиме. После го залажувам ајде да се тркаме до дома кој прв, или ајде прво до продавница да купиме сокче па дома, или ајде да видиме дали работат климите и сијалиците во нашата зграда (опседнат е со клими), ајде мачорот не чека дома гладен е да му дадеме да јаде, ајде сите деца ќе спијат после пак ќе излеземе, и тн. Обично му го терам низ игра или му пеам смешно ајде си одиме домааа да јадеме да спиемеее хахаха нешто ќе упали, само гледам да сум смирена и да имам трпение зошто само со договор ќе ме послуша. Ако почнам да се понашам, да викам и слично одма почнува да се занесува и да се чанчи
За сорта како нашиве, нема фино. Јас последнава пола година се договарам со другарки нејзини да ги носиме надвор и кога се така во друштво успева со фино, ајдеее сите си одимеее. Инаку сама кога е, шанса нема.
Помал е мојот може уште не е во страшната фаза на тантруми ама само со лажење успевам, на сила никако. Најавувам унапред обавезно, па некои реакции као “ еееј види зајче”, па позади дрвото е, па избега позади другото дрво и смислувам вакви глупости на патот до дома. Исто успева као демек со некој разговарам на телефон и демек тој ми кажува дека е кај нас па го прашувам дали ќе си одиме дома не чека тој и тој (најчесто внук ми го користам во вакви ситуации зашто слаба точка му е) да си играат, да бидеме брзи за да не плаче и да не чека. Во принцип се е со лага, ако му кажам со убаво да си одиме не прифаќа, а со лошо и строго вришти како ненормален. Ама јас го возам многу, не знам дали е до мене или детето ми е такво, мм се зафркава дека до пензија ќе верувал во дедо мраз син ни поради мене
Фала ви на сите за советите. Се ми е испробано, освен зајчињава на @Anturium , па денес нив ќе ги пробуваме ајде Договор у нејзин речник не постои, на телефон одговор е "иди си ти, јас не сакам да дојде тој и тој кај нас" Најава од типот на "5 мин, уште 2-3 пати пушти се" е проследена со плачење и бегање. Она не преговара, она се дере. Проблемот е што јас не можам да ја тргнам од лулашките, па дури и на глава на застанам И на крај ја земам у раце и цел парк мисли дека ја малтретирам , а јас ја молам да се смири уствари. Теа сестре, да се удружиме па да ги враќаме заедно. Шо да кажам. Ми се плаче кога излегуваме веќе
Дојди, од мака цела кафана ќе частам. Какви зајци, цела зоолошка и набројав. До дома слушав "САКАМ ЛУЛААААААМ". Му се издра и на комшијата
Нема спас кај теби, ќе ти ечи ова во глава до пубертет. Ај пу пу да не се врати и кај мене вака. Ништо од пивото значи Едит: од мака не пијам оддамна, не прашувај зошто Ќе си се напиеме кафе, црно и дупло
Тоа ми е јаготката, кога трети лица се вклучуваат да го ”смират” а тој вришти. Како да им кажам, не задевајте го, ќе добијаш повратно па ќе треба да се срамам уште повеќе
Кога ќе најдеш некој таков начин со мирно,те молам извести ме и мене Кога читам вака,малку поубаво ми е на душата дека не сме сами, дека не мислат само за мене дека го киднапирам сопственото дете Мислам дека и да го киднапира некој нема толку да вришти пишти на цел глас до дома
Кај нас само мито функционира Ајде да си одиме еве ти лижавче, еве ти киндер јајце, еве ти смоки... Ептен сум немајка
Само моето дете е најпослушно изгледа Сам носи патики за излегување и кога сака да си оди го зема ранчето. Ама кога не е наспан не се поднесува. Исто како што кажувате сите. Мој совет бирајте време за шетање, да не биде преморено детето Ние имаме друг проблем. Почна да плаче по телефон и таблет и гледа песнички со животни како викаат. Навечер заспивањето оди многу тешко, се мачиме по еден час најмалку. Не сака да спие, става од кревет, шета по дома, сака да игра. Темно е дома ги исклучуваме светлата пред спиење. Во сонот станува и се плаши од нешто, па ми бара да го држам во раце. Дали е во скок ми е прашањето и колку ќе трае? 2 год и 3 месеци е?
Нема скокови после година ипол. Не е уморен доволно затоа нејќе да ти спие. Да не спие мн преку ден? А ти плаче по телефон и таблет зашто си му давала телефон и таблет. Во однос на советов за премореност, ќерка ми никогаш не е уморна, така да нема врска тоа туку карактерот на детето.
Не спие многу, и навечер заспива доцна, ако го легнам во 9 ќе заспие во 11, и сабајле пред 8 е станат. Колку сон им треба на 2 години, девет часа мислам дека е малку за да не преспие преку ден. А за уморен, сигурно е. Тој е дете што не оди туку трча, ама постојано, и дома трча и се качува трчајќи на кревет. Кога ќе излеземе надвор не оди туку трча, не можам да го стигнам. Тој е дете што зборува и знае да каже што сака. Вчера беше во градинка, стана во 7, а заспа ноќта после 12. Во градинка спијат по 1 час. Попладне дома се изнаплака за се. Зошто тој не ја фрлил пелената, зошто тој не му дал вода на бато, зошто се измокрил на чорапите, зошто свети сонцето, за се плачеше.
Прекасно го легнуваш, преморен е затоа така прави. Јас би го легнала 19-20 часот макс. Сега му е изместен биоритамот и првиот ден кога ќе го легнеш порано сигурно нема да заспие лесно ама 3ти ден веќе ќе се навикне. Премалку сон е ова и без преспивање преку ден за две годишно.
Леле те разбирам и моето исто кога му се спие, не се трпи, ако го погледнеш плаче. Имаше еден период таму пред да се роди брат му окулу нова година каде што и дрГуднајт ми кажа дека е лош за спиење, а точку беше и мојот, 2г и 1-2месеци тогаш. Пробајте да го смирите малце пред спиење со читање книги и порано да го легнете, ние тогаш почнувавме на играчките чао лека ноќ, сите животни по едно ќе ги легневме, и после читавме книга и уштесааат време се вртеше. Ако до сега го легнувавте во 9, пробај 7-8 следен пат. А за телефон/ таблет само со договор, и награда за нешто. Ние пример ако среди играчки, ако не послуша за нешто му пуштаме на тв ама се договараме само 1-2 песнички и чао. После и да плаче не попуштајте