Дали некоја мајка се соочила при крвна анализа пониски вредности на MCV и MCH,притоа да има нормални вредности за хемоглобин, црвени крвни зрнца и бели. Доколку има која е била причината и дали докторите го сметале како загрижувачки.
Имаат вкус? Пошто јас еднаш уште бебе кога беше ми препишаа да и давам вит ц(не ми текнува точно која фирма беа) ама толку гаден вкус имаа малата не ги сакаше.
Мислам дека се киселки ама ги пие, кога ќе му ги дадам со лажичка ми вика "не убабо" ама после ќе пивне голтка вода/сок и поминува
Јас овие жолтиве веќе долго не можам да ги најдам, а ги пиела, мене не ми текнало да ги пробам. Сега и ги земав овие од зегин и директно во уста и капнувам и се радува, не знам дали од што и е интересно или се вкусни, ни овие не сум ги пробала. Ама затоа чоколадните мечиња ги пробав и ги забранивме пошто од нив бараше нон стоп да јаде
Мечињата се врв, и мојата нон стоп ги бара. Имаат пробиотик, цинк и вит Ц. Јас земав и Ацерола кога снемав од мечињата, исто цело време бара БОБОНЧЕ.
Мене ради пробиотиците ми ги даде и болна беше па ај има и цинк и ц вит и божем се од еднаш. Ама буквално од земја се трескаше за уште уште и пред нејзе ги фрлив во ѓубре за да не ми бара. И не ги давам веќе сега давам поединечно
Пробивал се викаат Давајте предлог и за некои други витамини што се џвакаат, со сирупи и капки сме скарани.