Препорака за крема против лузни за голема и длабока исекотина? Зараснато и заздравено е веќе, но лузната е многу голема и е грозна
Здраво мајки,како се справувате со ѕверка дете? Моево има 2,8 месеци,и има ПРЕМНОГУ ЕНЕРГИЈА. Буквално не застанува.Никогаш и никаде.На кревет на стол под маса над маса во кујна надвор во двор па малку кај баба му па пак горе.Скалите мислам 127 пати ги поминува дневно.Внимание на играчки 5 мин максимум.Не знам што не купивме веке .Инаку сака деца,сака да си игра,ама темпераментот му е на најјако.Сила веќе немам. Не дај Боже да се тргне или да не е како тој што замислил,цел град не дознава.И со лошо и со арно пробав,едноставно си тера оо негово
Не се справуваме, пиеме ракија на ручек и ги праќаме на спиење у 7 со мажите. За да продолжиме да ја пиеме ракијата шо останала од ручек Баш преска на сред јадење и текна да станеме да си играме, и у знак на протест си ја зема чинијата од маса и си ја однесе у кујна. Оти она завршила со јадење и знаеш сите ние треба да станеме одма. И дрмнав ракија за да смирам нерви
Не сме значи само ние. Ми остана ракијата да ја испробам Заборавив да кажам дека исто тера и на гости кога одиме, буквално само викам,па веќе избегнувам и да го носам
Мене искрено ми досади да се жалам на форумов иначе душата ми ја вади Ова горе шо си го пишала може и ќе го истрпам. Ама нејзе секое зборење и е со ќенкање, со плачење, мора одма и сега тоа она што сака, плаче дури и да си тргнал да направиш тоа што сака. Играчки веќе не купувам, на радијатор се пентари веќе немам сила да кажувам дека не треба, само и викам "фати се за рачката од прозор убаво веќе ко си таму". Мачката ја брка по цел ден, цвеќињата ги преместува, тротинетот дома го вози, се мие заби ( читај сака да се шлака со вода ) по 16 пати дневно... И не знам што се не..
Лелеле како моево близнак да и е Само кај нас по цел ден кучето го брка,му влегува во куќа,не му дава да си влезе внатре,ако земе да плаче за чокочадно млеко и кога веќе ставам млеко во шишето вришти.Нашево заби не мие туку раце. Цело време е на водата. Пишти цело време по некогаш знае и да со добие по газ по памперс, абе како едвај да чека,на цел глас се смее.Ми ги тренира нервите.Имам пишано дека излегување од парк е како да го киднапирам.Колку и да читам карактер е тантруми се темперамент е веќе неможам, невоспитан ќе излези ако продолжи вака.
Исто и ние, кога сака нешто директ плаче, нонстоп инает, ужива да расфрла, недај боже па да се накапе каде и да е одма се соблекува.Ако нешто сака плаче додека гласот не и се фати и не прекинува.Пред некој ден си идевме дома и во колата ги соблече патиките и чорапите, сакала боса да оди по улицата, едвај ја земав во раце и ја однесов дома, цело маало не разбра од викање… во градинка не оди, повраќаше од стрес, карактер ли е шо ли е…
Мајки како давате маџун? Може само маџун една лажичка или мора растворен во вода или храна? Детето во ноември ќе полни 3 години. Сокови не пие па во вода растворен тешко дека ќе пие, во чоколино да му ставам? Ај просветлете ме ве молам
Може како сакаш. Јас некогаш во лажиче со маџун и ги капнувам витамините. Чај пие? Чај со маџун и засладувам. Ако си го пие од лажиче дај му така.
Од течности само вода и шмукалчиња. И тоа само купечки дома да му направам смуди не сака. Не сака ни да проба чај сум му нудела и градинка не го пие. Сок еднаш проба на роденден се скисели и не сака и ок не се бунам за тоа може и подобро. Ефектот не знам дали е ист ако му дадам само маџун во лажичка или ако го ставам во јадење!?
Јас го мешам со Таан во еден сад, додавам просеано какао 2-3 лажици, и убаво го мешам. Потоа го ставам во тегла. Има многу убав вкус и го јадат од лажица
А цеден сок? Јас таму ставам маџун исто. Смути ако му ставиш во тие купечките од твист шејк нема да го пие? Чај можда со маџун ќе пропие Не знам зошто би имало разлика во ефект, само некако ич не ми иде како комбинација во чоколино да го ставам ама ако немаш друга варијанта стави го. Ма да може и директ лажиче ако ти го сака. Мојата од сокчиња само бебешко од хип пие и тоа една комбинација некоја со банана праска не знам што беше.
Може сооднос да ми кажеш колку маџун со колку таан? Ќе пробам дали ќе сака. Фала однапред. Никаков сок ништо цедено, што не сме пробале. Од твист шејк купечките јадеше ко помал му правев дома сега не сака, ќе направам ќе му дадам и ми вика не сакам и турка со раката. И заедно правиме за да види што ставам и па ништо. И мене не ми оди во чоколино, како пример ставив во моментов што ми текна во што би можело да се измеша.
Јас од око го мешам, да биде погусто. Ставам Таан прво, па маџун, па какао на крајот. Ама какао задолжително е да се просее да нема грутки. Сигурно ќе го јади. Моите го викаат ,, благичко,,. Да можеш да го убедиш да проба малку, после сам ќе бара.