Здраво мајки. Да се пријавам во оваа тема со едно прашање. Давав молерс ама во јуни почна со Малтофер поради намален хемоглобин и прекинав Молерсот да не му доаѓа многу. Требаше 3 месеци, па планирав овој период да продолжам со Молерс. Е ама продолжија на 6 месеци, а тоа е до декември и сега се мислам дали да давам и Молерс. Многу ќе му е што мислете? Моментално пие Д витамин капки, Малтофер 5мл и витамин Ц. И молерсот е од мај отворен во фрижидер стои, смеам да го давам или да фрлам? Рок има до 2025та
Здраво, Ќерка ми пред 2 недели имаше затнато носе, секрет и малку кашлица. Бевме на лекар правевме 5 дена инхалации и сируп за алергија. И помина носето не и тече но кашла во спиење и кога ќe се разигра. Правевме вчера брисеви, денес стигнаа резултатите чисти. Од што би можело да е таа кашлица?
Мајки како се дозира Вигантол капки? Досега давав пливит по 6 капки денот, набавив Вигантол капки и по колку треба да давам за да прими 1200 единици д3?
Една капка вигантол е 500 единици. Можеш еден ден да даваш две капки, еден ден три и така да менуваш.
Мајки на дадички, ако може идеа за поклон за 2 роденден на внука ми. Не се заигрува баш со играчки, само оди трча скока.. се мислев дали точак со помошни? Или немам идеа стварно
Ај хелп @Tea SK , шо да барам ко поклон за 3ти роденден? Сите ме прашуваат, а јас појма неам. Шо ти се покажа ко практично, потребно, функционално за ѕверката? Теа ја тагнав дека близначки се нашиве, ама сакам и други мислења
И јас сакам идеи да слушнам. Ова не е функционално и практично ама: мојава сега многу убаво си игра со дупло легото, се мислам да и зголемувам колекција. И конетикс ги мислев, може и тие ќе влезат во игра. Бебиња уште сака многу, со разно разни тракатанци, да ги успива, да ги рани, пелени да става и сл. И нешто на што јас многу се радувам, што почнува со поситни играчки да игра и си прави приказни, па сега кога ќе почнам барбики да купувам, па облеки, па соби, па ветеринарка, докторка, гимнастичарка
Мојава многу играчки има, од минијатурни куклички, до барбики, до кукли високи 1 метро. Коцки тракаташки, хаос и е собата. Јас забранив да и се купуваат играчки за роденден. Облека есенска им реков на сите, а на поблиските пари. Е од играчкиве што и е се, најмногу игра со кукли фризури им прави, ги "шминка", таблата и е омилена ама таа ни е поклон од втор роденден. Исто многу сака да црта па боички еден куп имаме. Сеа се мислам може требаше точак со помошни да барам, тоа немаме ама па некако на 3 ко мала да ми е за точак. Искрено некако после 2 години нема нешто што баш би им требало зависи од интересите. Како све да добивме на втор роденден. Можеш табла да бараш ако немате, тротинет, мојава исто многу игра со синтисајзер со микрофон ама тоа рачунај ти е казна за сам себе.
дали испирате нос со шприц? Физиолошки ставате и колку го полните шприцот? Ова помага само кога има секрет или и кога е затнато носето?
@LiquidLuna , не сме стасале до 3 години ама мојава од куп играчки низ дома веќе не знае со што да се заигра и само расфрла. Јас за следна Нова година и роденден до кај што ме прашале реков пари, сакам да и го опремам дворот со повеќе реквизити, за што би се рекло од пролет до есен, да не се вртиме многу дома. А за дома, дрвена кујна и такви слични чуда ми доаѓаат во предвид. Надежно некогаш ќе ја заинтересира нешто. Инаку баланс, тротинет ако немате. Гледав јас за внуци еден куп креативни сетови ама на 3 години се секако да седиш до нив, не се за сами да седат, со монистри и различни боици до нив.
Магнетни плочки, Connetix или имаш во Играчки Панда поевтина варијанта (исто се ок со квалитет според мене). Моето е 3 години и со ова најмногу си игра.