Ни донесоа нас монистри алки да правиш за роденден, поголема утка за 3 год дете, не може. Ги отвори, ги испорастури низ цела дневна, уште ги усисавам, а во август и беше роденден, и во канта завршија 24 часа после роденден. За поголемо детенце може ама за 3 години никако.
Може грешно се изразив, и мене ми се безвеза тие и небезбедни. На неполни 2 ми е смачено сите "Монтесори" играчки со милион делчиња низ дома да ги собирам и барам кое од каде е. А пак монистри и слични чуда што викаш по првиот час во канта ќе заминат.
Мене ми е смачено да собирам опрема за готвење. Ќерче како мала си сакаше да си игра готвење, си мешаше во тањирче, мислам пред годинка. Значи луѓево околу нас се збеснаа, сите тоа и купуваа, имам цела кутија за играчки пуна со тенџериња, тањири, прибор за јадење, готвење, зеленчуци, овошја, чаши, пластикарија еден тон. Ја не знам што ќе беше тоа, дека прва е во двете фамилии без осет се луѓево. Синко сега има 4 ипол мес, има само една негова глодалка, и таа на мекици некој му ја донел
Леле исто и ние И донесоа за 3 ти роденден во Јануари и' е. Уште вечерта го отвори,едно време внимаваше,после дур средував нешто низ дома,таа ги растури насекаде...абе лом..пцував во себе по све живо и диво,вклучувајќи ги и тие што ги донеле,додека чистев.. Поголема утка за 3 годишно дете нема П.С.Уште вечерта отиде во канта се'
Синко ќе полни сега 3 години веруваш дека кујната што ја наследи од внука ми е најиграната играчка!? Па уште од кујна ми зема работи за во неговата кујна
И на синко мој омилена играчка му е кујната. Прееска кутлачите ми ги собрал, немал рече во неговата кујна, му требале за манџа да ни стави да пробаме Па уште чека коментари дали била убава манџата
Ве читам со кујната и мака ми е што мојот воопшто не ја игра. Има голема кујна со сите реквизити и работилница со секакви алати ама воопшто не му привлечуват внимание. Како да го натерам да ги заигра? Ми зафаќаат многу место а џабе само да собираат прашина. Од која возраст почнаа вашите? Мојот само што наполни 2
Некој месец пред втор роденден е купена, ја игра од прв ден, скоро секој ден, 3г е. Најчесто кафе ни прави, ама и прибира играчки таму, некад му е гаража, некад му е машина за перење, често му е и скокалница . Не знам дали сте ги виделе оние тркала со рачка во Џамбо, и ко ќе го турка прави некој иритирачки звук. Епа мм излезен со детево, ова го дограбило му се видело интересно, овој мојов му го купил. Му викам “ало, ова ти го носи за поклон некој што те мрази, не го купуваш ти самиот” .
Ене го го имам истото. Не го играше 2 години, сега брат и кога спие омилено и е, усисавала, тоа плавосмукалка и било.
Синко тогаш од прилика почна да ја игра, околу 2 години кога беше, ама мислам дека му влијаеше тоа што дома немаше и кога одевме кај сестра ми таму ја гледаше и така почна да ја игра. Ама јас и со него многу готвам и со играчката ќе седнам до него и играме заедно и општо кога му спремам јадење обавезно заедно правиме го оставам да помага.
Во кујна е стално со мене има такви скали и заедно готвиме. И си игра со тенџериња кутлачи наши ама со неговите не. И јас се трудам да потикнам игра демек супа правиме ама ќе ги расфрла насекаде и толку. Последните денови почна со овошјата и зеленчук да игра демек ги раниме мечиња па ги сечиме, па ај белки ќе почне и со неа шо знам. Додека сум тука да прашам и нешто друго. Утре ќе зимаме кревет за во детска 200х90. Знам дека е рано за во него да спие ама да си се припрам полека. Од која возраст најрано почнуваат на таков кревет? Има некое детенце овде што веќе спие во своја соба во голем кревет? Креветот нема ограда ама има фиока и планот ми е прво во фиоката да спие за да не паѓа. Од летото спие со нас на спална и знам тешко ќе е прегрлањето во негова соба. А вака си ја знае собата сите негови ствари стојат таму и таму си играме
Момс како се справувате кога вашите дечиња се нервозни? На пример ситуација од вчера, му течеше носот и оддеднаш наместо убаво да каже за да му ги избришам, почнува да се дере многу гласно м(р)солиииииии, и му велам не цркај кажи убаво и пак се дере, неколку пати така и му се развикав... Исто друга ситуација наместо да каже убаво не сакам, тој се дере на цел глас дури и се треси кога се дери не сакаааааам. Ова нормално тодлерско однесување е ? Прават вашите вака? Не знам дали му е нешто од градинка зашо кога го прашувам кој прави така не е убаво тоа ми кажува име на едно детенце што е со него во иста група во градинка... Како постапувате кога се дерат вака? Help, 2 години и 2 месеци е.
Не оди во градинка, а секогаш бурно емотивно реагира. Дури не му созрее мозочето и не научи да ги контролира емоциите вака ќе е. Реагирам така што се спуштам на негово ниво или го земам во раце и го гушкам. Се смирува скоро секогаш. Ако некој почне да му вика да не плаче и дека е голем за плачење си добива лекција. Нас што не ни даваа да плачеме и “правиме сцени” во јавност сите со анксиозност завршивме. едит: не дека некад не ми се крева коса од неговото викање и плачење, некогаш ако не е наспан знае и цел ден со плачки да биде, ама се трудиме максимално со татко му да останеме смирени.
И да не ја заигра големо чудо. Не се оптеретувај непотребно. На другото прашање синко од 2 години и 3-4 месеци спие на ваков кревет На почетокот му стававме долу сунѓер зошто паѓаше ама тоа недела-две траеше после се научи не паѓаше веќе. Има и фиоки креветот што е супер за складирање. Само што не спие сам, со татко му се во иста соба, јас со бебо во друга. Јас сакав и сам да почне да спие ама татко му вика мал е сам да спие и ок, секако му е промена што има братче па можеби и подобро да не спие сам. Креветот е купен од Југоекспорт и е многу убав. До 10 години бил предвиден, е сеа до кога ќе спие на овој не знам али за овој период е супер.
Мајки кои песнички со “кореографии” ги пуштате на децата? Глава, рамења и рам сам сам во последно време сака да ги игра, ми треба идеи за други вакви
Во градинка често ја играат Рингераја, така ли беше некако, макар што е нели барем за двајца таа. Две рачички, 10 прсти... Кога си среќен, ќерка ми ја игра често и сите верзии. Од Стела и Сани најчесто ја пуштаме.
Здраво мајки. Што им давате да јадат на оваа возраст кога не можат да какаат? Пробав компот од суви сливи - не сака. Од waya сирупот не гледам некој ефект, освен ако не треба да се пие повеќе денови постојано за да има ефект. Пробиотик пие секој ден. Овошје си јаде секој ден. Можеби препорака за добар пробиотик што е во вид на течност? Тие како прашок не ги сака.