Смокван сирупот помагаше кај мојот, ама не го сакаше. Пробај твојот мош ќе го пие. И парафинско масло знам да дадам повремено. Од храна помага овошје со јогурт и ленено семе, компот од суви сливи мојот исто не пие ама му правам чиа пудинг и овесна каша со него па помага, палента со јогурт и спанаќ, сок од портокал и лимон цеден, исто ако не го пие можеш овесна каша со него да правиш.
Пробиотикот како бебе знаеше запек да и прави и не и давам, па сама си се регулираше столицата. Пробај исклучи го некој ден да видиш како ќе биде. Презреана банана, маслиново, авокадо, крушка, тиквица, јогурт, можеш исто да даваш. Исклучи ориз, компир, морков додека се регулира меше.
Мелено, не го ставам да одстои. Ја правам кашата и го додавам како зачин. Не знам дали е правилно вака нека каже некој друг ама на мојот помага Едит: во сите тие каши ставам и пасирано авокадо, исто помага. Или пробај дали ќе јаде намаз од авокадо (пасирам авокадо со малку лук маслиново масло и зачини) намачкано со лебче, мојот ова го јадеше многу до година ипол веќе не го сака
Девојки, пак да се пробам да ми дадете идеја за некое сирупче за зголемување апетит погодно за две годинишно дете.
На син ми ова ептен му отвара апетит https://www.zegin.com.mk/mk/vitabiotics-wellbaby-multivitaminski-sirup-150-ml
Mom's Абе вашиве дали се најлоша верзија од себе пред баба и дедо????? Последниов период или одиме таму или ако дојдат па станува ѓавол..се лигави, вика, фрла, им се инати...вчера ги чекаше цел ден да дојдат, трчаше да отвори врата и кога ги виде почна да плаче и да се дере одете си.... Не знае ли да изрегилира емоции ли...што е работата не знам. А стариве бетер од деца. Они по навредени од неа
Здраво. Моето дете има 2г и 3месеци и имаме страшен проблем не сака дома ништо да јаде. Како да има одбивност од храна. Овошје, зеленчук не сака ни да погледне. Јаде само глупости како чоколадо, плазма, овесни снегулки. Не знам како ќе го надминеме овој проблем ама многу се плашам. Дали вие сте поминувале низ истото ?
За почеток комбинирај храна што ја сака, со храна што не ја сака и потоа ќе се навикне Млеко БАНАНА и плазма, топла овесна каша додај блендирано ОВОШЈЕ и украси со ЈАБОЛКО парченца и семки, чоколадо не знам со што да комбинираш Можеш да ограничиш и кога веќе му е воведено во секојдневие, што не би требало затоа што детенце на 2 години ништо не разбира, ќе му нудиш други верзии од "чоколадо" направи здрави бомбици и понуди ги како чоколадо, пудинг од авокадо банана и какао понуди го како чоколаден пудинг За среќа на оваа возраст сеуште може да се 'лаже', тек сега учат, тоа што ќе понудиш тоа ќе јадат А моево имаше еден период кога беше болен ништо не сакаше да јаде манџи, макарони, солено готвено никако и нашето решение беше да смениме средина и надвор јадеше, пример еднаш земавме паста за носење со брокула и пилешко, си се изнајаде, а дома трошка не сакаше одбиваше храна Смени атмосфера додека да воведете повторно здрави оброци
Ти благодарам А иста ли им е цената со и без рецепт? Да не губам време во чекање на лекар ако е мала разлика?
Со што успешно перете флеки од портокали кои не се зачистени одма, туку се стоени? Омнио бланко не помага.
Со vanish прашок - го растворам во топла вода и тријам со четка за заби. Да отстои неколку сати, уште една тура четкање на флеката, па на перење. Сум извадила стари флеки што не излегувале со друго ништо, ама сепак не е 100% успешен метод, Нешто ќе излезе, нешто не. Spoiler
Пред баба и дедо не, ама нас така ни прави. Најверојатно е лута нешто, нас ни е лута што идеме на работа пример. Може ако не ги гледа многу често? Евентуално ако ја скарале нешто па се инати сега, и ние кога ја караме иста реакција има.
Фала ти за преубавиот и опширен одговор. Во градинка се јаде, барем така викаат учителките, а дома ништо. Само киндер јајца, плазма, овесни снегулки... глупости. Пробавме една недела се му забранивме седнувавме сите на маса ама џабе неговото тањирче не го ни погледнуваше. Не знам што да правам каде да се обратам.
Одлично, значи јаде дневна доза зеленчук и манџа во градинка, па и да јаде киндер јајце дома не е страшно воопшто. Страшно ќе беше да е дома детето и да лапка само благо, да нема оброк нормален, ако си јаде во градинка можеш да си по раат, а за дома ќе си се снајдете и без притисок и уцени, нашиот па многу сака од наш тањир да јаде и некогаш и така успева. Не му забранувајте тогаш, понудете и благо малце и еден оброк дома, на крај нека е оброкот за вечера доручек, палачинки од рендана тиквичка превкусни им се и се лесни за јадење за мали деца и имаат јајце, не мора да јаде манџа оброк ако одбива во моментот. Може тиква со мед за благ оброк, после медот нема да бара киндер јајце Нешто така смислувај, не мора да јаде баш ручек, може е период