Ко беа суви сите. Претходно само со вода, еднаш и со хиперманган ја плакнев, ама шампон и купка ко беа веќе исушени.
До кога мочкаат навечер за тие што сте уште со пелени? Малата 2г и 2м еден период почесто сува и беше пелената, сега пак секој ден мочкана. Нели треба да се регулира тоа веќе или не е спремна за одвикнување?
Синко сега ќе полни 3 години, навечер сеуште е со пелена. Таман ќе се решам да му ја тргнам ете го се помочкал. И така во круг, цела недела сува пелена па еден ден помочкана. Јас би почекала уште малку, башка твојата и малечка е уште. Плус ќе треба и да ја преслекуваш навечер ако ти се помочка и постела да смениш, па и да не ти се расони ако ја преслекуваш.
Зависи. Повеќе ноќи и е сува пелената кога станува наутро, понекогаш и е полна пелената. Овие денови ми бара да и го тргнам памперсот и да мочкала во нокширче ама само седи во него не е мочкала сеуште.
Кажете идеи што им давате на дечињата за доручек,ручек вечера? Се едно исто вртиме и гледам дека веќе тоа не сака многу да го јаде а и не е многу по јадењето. Кога ќе помислам што да и дадам ми се блокира мозокот и ништо не ми текнува освен тие неколку работи што ги вртиме се.
Доручек: тост, тарана со сирење, палента со кисело млеко, прженици, млеко со бисквити, варено јајце, леб со еурокрем, леб со путер и мед, проја Ручек: тестенини, палента со спанаќ и кисело млеко, манџи со мелено месо, пржени јајца, супа со лебче, пржени компирчиња и ќебапчиња, Вечера: чоколино, лебче со абц или кајмак, кифла со јогурт, млеко со бисквити, палачинки, тост, пита со сирење, сутлијаш
Да ве прашам за облекување. Денес е многу заладено 4 степени е ама сончево. Сакам да излезиме ама на мисла ми е како да го облечам. Скафандер или хулахопки и подебели тренерки со палто? Хулахопки не носел до сега, ама вака ми е ладно само на тренерки веќе, а скафандерот е ептен дебел не знам дали на сонце е океј? Што мислите?
Мајки, од кои креми сте задоволни за дерматит на лице? Долго време немаше, сега кога залади пак му се активира на обравчињата и чеканката, порано користев веледа и едвај ја наоѓав, имам уште ама мислам дека и рокот и помина, некако не ми мириса добро…
Ја хулахопки ептен треба да е мраз надвор да му облечам. Скафандер не памтам од бебе му немам облечено, кај може да трча со скафандер . Склетчија е мојов, само тренерки, од горе јакна и капа.
Мајки здраво. Син ми има 2 години и 3 м и почна да не јаде НИШТО. Значи тој секако не јадеше се, ама имапе неколку работи шо ги јадеше. Сега ни тие. Кажете што да му давам за да пројаде, не може без јадење да седи Пр. Ќе гризни еднаш од висквита и пак по три сати. Од што може да не сака да јаде? Живците ми ги искина.