И јас хулохопки не памтам дали воопшто имам облечено, ама скафандерите сите ги отепа од носење. Веќе му облечувам тука е ептен заладено макс 4 степени е преку ден. Некни го носеше прв пат новиот и супер си трчаше и пентареше во него. Ја почнавме сезоната на недотерување
Да да. Една недела не јаде. Беше болен, па почна во градинка на адаптација. Не знам дали тоа има улога... Ама не нешто особено болен кашлаше само. Не му беше грлото црвено и немаше температура... Не знам што му е
Баш ради тоа те прашав, имавме и ние таков период, траеше две недели, ќе касне 3 парчиња и ќе рече толку. Од дете што јаде порција како возрасен спаднавме на тоа. Бев спремна да го носам на преглед. Исто се случи после настинка. Фала богу помина, се надевам и кај вас ќе биде така.
Фаза е. Кај мојот 2 недели траеше, а после болен 3 недели. Многу се нервирав, ама помина. Не дека пак не би се нервирла ако почне да нејаде.
Педијатарот ни препорача чепчиња Ефералган 150мг, но на нив пишува дека се за од 8 до 12кг а син ми има 17кг. Ставив пред 2 саати но температурата не се спушти скрос и сега пак му е висока. Дали се слаби чепчињата ако има некој искуство?? Прв пат ставам чепче бидејќи повраќаше.
Во овој случај треба парацетамол таблета ама нз колкав дел од таблетката треба дали 1/4 или 1/2 според возраста прашај си доктор најдобро.
Здраво, дали некои од вас има работено со психолог поради аверзија на храна на дете од 2г и 4м ? Доколку имате Ве молам да ми споделите искуство и каде. Поздрав.
Има ли пак некоја орална фаза од 2-3 години? Ќерка ми е 2ипол, значи рацете и прстите од уста не ги вади, 90% и се во уста. Ако не се прстите ондак нешто друго гризе и става во уста, што се дешава? Сите заби ги има извадено.
Мислам дека има. И двете деца кога беа помали не ставаа играчки во уста, но во периодот 2.5-3 само се караме/каравме за тоа.
Тие што користите Виолета влажни во бело паковање, дали се сменети во мирис? Ми мирисаат на парфем, а немаа мирис претходно. Не знам дали е случајност ама се нафрли цела долу со ситни мозолчиња и се мислам од што е. Со ништо не поминува..
Не пробав, тоа ми беше наредна опција, ќе земам утре и ќе почнам. Ми е жал да ја гледам. Друго ништо не сме смениле, ниту има нешто ново јадено последно време. Се мислам да не е некоја згрешена серија, мирисаат ко тие во лилаво со бадем што беа.
Да, јас приметив. Баш тогаш бевме во болница и мислев дека од болницата е таквиот мирис, тие ги имав купено од аптеката во болницата. Кога си дојдовме купив нови не мирисаа така, сега приметувам таков мирис повторно но со многу помал интензитет. Баш се чудев дали нешто има проблем со влажните или до мојот нос е. Но немаме проблем со мозолчиња..
А зошто не користиш од тие од дм или од зегин што се потопуваат со вода? Јас влажни веќе не користам одамна, само на почетокот. Со овие со вода ми е супер. А за во градинка и ставам од слипи со вода, пробај ги тие. Ќерка ми не се исфрла од нив. Од виолета се исфрлаше.