Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.250
    Допаѓања:
    118.893
    Пол:
    Женски
    Мачкај ја два пати дневно 7 дена. Од педијатар ми е за синко кажано. Пред годинка да направи беше многу нафрлан. Од слипи пелени ми се нафрла.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.549
    Допаѓања:
    8.555
    Пол:
    Женски
    Кажете на кој начин сте ги одбиле од цицање после 2год. Малата има 2 год и 4 месеци. Мислев сама ќе се одбие или со зборување ама абер нема. А јас психички изгледа не сум спремна за овој чекор толку тешко ми е. Викам требаше до годината да ја одбијам сега станува се потешко. Преку ден не е толкав проблем. Ама навечер кога одиме во соба да спиеме иако таа не заспива и прави глупости ама обавезно мора прво да цица па после некако се убедуваме да заспие. Не знам на кој начин да ја заспијам, со нишкање нема шанси не сака сама се одби од тој начин на заспивање уште пред годинка.
    За колку денови би се помирила од прилика?
    Страствен цицач е. Таман ја засака градинката па ми е страв да не почне да покажува некој револт да не сака да оди, пошто сабајле секогаш станува скоро на лева нога ама обавезно цица пред градинка.
    Исто има еден терсене карактер прво внуче и размазено па само ако и речеш нешто плаче, а камоли ако не и го дадеш тоа што го сака липта и не се смирува долго време. Ок е да поплаче ама толку трауматично, да не се смирува.
    Постот го измешав :whew:
     
  3. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    1.295
    Пол:
    Женски
    Моето е 2 год и 5 месеци. Цица за заспивање зошто и јас не знам поинаку да го заспијам. Ако ме види насабајле бара да цица за да продолжи да спие, па некако успевам да му подвлечам внимание да стане, бидејќи немам време да лежам до него.
    Навечер исто се мачи да заспие, некогаш кога е преморен ќе поцица и ќе заспие,, ама некогаш и по повеќе од еден час се мачи да заспие. Јас не би го прекинуваат бидејќи немам друг начин за заспивање. Барем уште малку додека почне да разбира повеќе и да му раскажувам приказни. Сега јас раскажувам, тој повторува по мене и многу ми е тешко и мене и него. А и плус за да заспие тој мора и батко му да биде во соба, па и големиот лежи по еден час со нас во темно.
    Со големиот кога го откажав од доење, му дадов тел да гледа за да заспие, ама и тој гледаше по еден час и не заспиваше. После тоа имав проблем додека да го тргнеме телефонот.
    Штом те гледа тебе секако дека ќе сака да спие со тебе и да цица.
    Да пробате да заспива со татко и неколку вечери, ти во друга соба или излези надвор да не те гледа дека си дома. Ќе се помири дека ја нема мама и ќе мора да спие со тато.
     
  4. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.549
    Допаѓања:
    8.555
    Пол:
    Женски
    Со мм не може оти оди и трета смена. Мора со мене.
    Исто и мојата потешко заспива иако е во градинка цел ден. Не знам од каде оваа енергија. Баш пред спиење се нешто сака да прави да каже, само за да не спие. Да ја оставам така којзнае до кога нема да заспие. Знам дека е погрешно ама морам да и повишам тон и да и кажам дека јас легнувам да спијам добра ноќ и ќе и свртам грб и тогаш доаѓа одма да спие. Иначе кога е со убаво со попуштање со молење не легнува да спие сат и пол, два.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Мојот беше страствен цицач и го одбив на 2 години и 2 месеци точно. Моето исто вака правеше, ќе цицне па се глупира. Исто како тебе никогаш не го имав заспано без да цица.
    Пред да го одбијам многу му зборував дека веќе е голем и дека нема веќе да цица затоа што ќе снема млеко и почнав да му читам приказни за така да го спремам да заспива.
    Првите неколку дена бевме ужас ама прифати. Една недела бараше да цица,а после само кажуваше дека е голем и бебињата цицаат. Ако заспива во градинка сама, ќе знае и ќе си заспие. Не се паничи и не си прави стрес за тоа како ќе ја заспиваш.
    Кај нас за среќа остана дома со татко му пред да го одбијам па он го заспиваше денски. Ние бевме хаос во смисла дека не сакаше да спие никако навечер додека не легнеме и ние да спиеме вистински со него. Ама ние грешка правевме затоа што цело време пеевме или раскажувавме. Сега ќе му прочитам приказна или татко му му раскажува и после викаме ајде да спиеме и мижиме.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.549
    Допаѓања:
    8.555
    Пол:
    Женски
    Некогаш сум и спомнала неколку пати дека само бебињата цицаат дека таа е дете. Ми вика не сум дете, бебе. И викам мама нема веќе млеко и почнува да плаче.
    Сабајле и реков пред градинка ајде цицај сега зошто мама после веќе нема да има млеко, ме боли овде. И почна да плаче. И кога дојде од градинка одма млеко побара што до сега не се случило и многу дооолго цицаше. Сигурно цел ден на тоа мислела.
    Ќе почнам прво со зборување да и зборувам па ќе преминам на дела, да биде малку подготвена.
     
  7. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Да, сигурно.
    Гледај да кратиш, спремај ја ама секако ќе биде стресно. Нас цел месец ни беше пореметен со спиење иако мислам дека релативно лесно поминавме.
     
  8. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    6.219
    Јас го одбив наеднаш, на 2 години и 2 месеци. Исто страствен цицач кој по цел ден висеше на цицка (буквално), немавме класични подои да речеш па да кратиме. Со зборење дека е голем не ни упали.
    Исто заспивање само со цицање и ден и ноќ, никој друг не можеше да го заспие.

    Периодот кога го одбив имав некоја болка ко ќе фатеше да цица и му кажував дека ме боли. И тој си кажуваше дека мама ја боли цицето. Па реков ај да искористам ситуација да пробам да го одбијам, иако неспремни скроз ни јас ни тој. Залепивме фластер заедно, му реков тој да ми донесе и не побара ни еднаш до вечерта. За заспивање му реков “памтиш мама ја боли цицето, има фластерче”, заспа некако со гушкање. Преку ноќ се разбуди еднаш и побара, му дадов вода и пак му реков дека ме боли. Многу разбрано дете е ако му дадеш релевантна причина за нештото.
    И толку беше, од следниот ден како воопшто да не цицал, сите се чудеа. Продолживме да се заспиваме со гушкање, ама и денската дремка ја отфрли скроз.
     
    На kozuf, 1209, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.549
    Допаѓања:
    8.555
    Пол:
    Женски
    Баш супер сте поминале. Ќерка ми ич не е разбрана. Воопшто не ме слуша. Се чудам вака кога ве читам.
    Јас и реков вака дека ме боли и знаеш таа што направи дојде и ме бакна тука и ми вика ете мама не боли више, помина.
    Вчера имав обид за да ја одбијам ама не успеав. Толку многу плачеше се бунтуваше. И се откажав. И не знам дали поради тоа, ама денес почна и преку ден неколку пати да бара млеко и додека не доби не попушти. А преку ден одамна не цицала таа обично пред градинка цица и вечерта. Преку ден ретко знаела да побара ама еднаш. А денес неколку пати. :wasntme:
     
    На 1209 и Autumn Love им се допаѓа ова.
  10. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    6.219
    И вие лесно ќе поминете, особено па штом сте стигнале до два подоја. Пробај ја финтата со фластерот, ама гледај биди убедлива дека стварно те боли, верувај многу разбираат.
    И да се бунтува упорна биди и збори ѝ.
    Јас пред две години не се ни трудев да го одбијам бидејќи си го знам детето и знаев дека ќе има многу плачки дека нема да може да сфати, ама веќе на две се разбравме.
    И тоа рачунај ние никаков ред немавме за цицање и јас се чудев што ќе правам.
    Најбитно е ти да си решена, ми се чини тоа е најтешкиот момент. Јас планирав ај денес ај утре, па слика ќе правам последно цицање, тоа сами се наместија коцките.
     
    На 1209 и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  11. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Ако така реагира не и збори за тоа, само повеќе стрес и се ствара. Гледај фали ја колку е голема и такви работи, колку пораснала, фали ја дека не е бебе.
    Кога ќе бидеш спремна пресечи и спреми се дека ќе биде напорен период.
    Кај мене сопругот пресече да се одбие, ама имавме друг проблем и јас се мислев дали да му дадам или не и испадна сосем случајно. Првата вечер кога го заспав без цицање си реков толку беше, не давам веќе.
    Вака ако и попушташ кога ќе плаче само ќе се влечете. Не и прави стрес сега за сега, остави ја да заборави, спреми тактика некоја, види што може да упали и пресечи кога ќе бидеш спремна или ако ти излезе некоја прилика.
     
    На Mother of 2boys и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  12. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.549
    Допаѓања:
    8.555
    Пол:
    Женски
    Па не се баш два подоја.
    Сабајле пред градинка обавезно, после пладне некогаш бара некогаш не, вечерта пред спиење, и ноќта станува зависи кога како во идеален случај еднаш или два пати. А богами некогаш и повеќе. Замисли и млеко тетрапак сама го прифати без да и нудам некогаш кога и правам попара со бисквити бара и давам пивнува по малку. Значи ете може и замена да има ама не знам зошто не попушта на толку зборување.
    @Irimiri фала ви на советите многу.
     
    На Irimiri му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.687
    Пол:
    Женски
    Каде ги носите дечињата за шишање во Скопје? Го носев во Jungle, ама гледам им ја нема фејсбук страната, да не се затворени? Бил некој во Rera салонот за деца во East Gate?
     
  14. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    9.225
    Пол:
    Женски
    Мали ѕвездички во Тафталиџе
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  15. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    6.048
    Пол:
    Женски
    Од 2 до 3 години, има задолжително систематски преглед?
    Сакам да ја видат, чисто онака, ама па не ми се меша сеа со времево...
     
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    7.331
    Пол:
    Женски
    Кога и ставав вакцини на 18+ месеци, ми рекоа после втор роденден да ја носам на систематски.
    Претпоставувам дека е задолжително тоа.
    И после 4 роденден исто следен систематски.
     
  17. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    6.219
    Кај ги носите на систематски?
    Мене до сега никој за систематски ми нема спомнато.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    7.331
    Пол:
    Женски
    Во мојов град во диспанзер кај што ставаме вакцини.
     
  19. UNA MUNA

    UNA MUNA Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2023
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    Јас веќе нерви однемав како се справувате со темпераментно дете.Не темпераментно, стрелка буквално.Одреден период немаме тантруми ама мислам имаме енергија за 5 деца.Постојано е во движење,неможеш да го фатиш,пробавме да го сликаме баш сеа новогодишно,абе нема шанси.Се карам, казнувам као му земам играчка ама не разбира баш така да ништо не му значи. Сите деца плачат од дедо мраз,кај нас дедо мраз плачеше од него.Поголемото дете ми е премирно преумерено.Ова како невоспитано е,а исто ги чувам.Секое излегување брканица играме со татко му.
     
  20. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    1.929
    Синко почна ко ќе се налути легнува на земја и ја удира главата... Секако пробав да го спречам и пак така прави. Во моментот веќе не ни слуша, после тоа пак пробувам да му објаснам и пак истото го прави. Незнам како да постапам во тој момент. Модро му е челото од што се мава.