Искрено нема што да правиш освен да пазиш да не се удри силно. Истото го прави и син ми. Сега по ново трча и се фрла ко со клизачи. Па ќе си ја удри главата ама пази не се мава силно. Битно плаче ко којзнае што. Од се што сум пробала игнорирање најдобро делува. И ако е за нешто што не го добива, да не се попушта.
Исто тантруми со главата од под, и тоа избувнува за ситница. Некогаш и по 15 мин плаче,збеснува,не попушта. Немам решение
Тоа што ти е детето со енергија не значи дека е невоспитано, туку скроз нормално. Освен ако не му даваш премногу шеќер па да е резултат на тоа. Други се критериумите за невоспитаност. Не може 2-3 годишно дете да седи и лаф муабет или вести да гледа. Треба да се движи постојано, така се развиваат мозочни синапси. И кај животните малите скокаат наоколу дури мајките дремат во едно место. Сликањето со Дедо Мраз во моментот него ништо не му значи, тебе ти значи, така да нема смисла да казнуваш дете дека не сакало да застане да го сликаш.
Најпрвин фала за одговорот.Инаку скроз погрешно ме сфати или јас погрешно се изразив.Не не го казнувам за дедо мраз таман работа,тоа како пример го дадов. Ама е несмасен,строго мора по негово сите да правиме ако не, може да плачи дур глас го држи. Кога и да одиме на гости како дома си се чувствува секаде. И моето не исто му се фака. Благо шо знам, не би рекла многу, ама и тоа што го внесува ќе гледам да намалам па да видам како ќе е.
Нека плаче, тоа пак тебе ти смета, него ништо не му бива, само му е метода за манипулација. Во ситуации кога не се разбира од НЕ, прекратуваш активност. Си оди дома истиот момент и нема одење нигде, со образложение. Иначе го имам сличен дома, и уопште не сметам дека е невоспитан, напротив, туку дека е со карактер и сака да си го истера неговото. Мое е да поставам граници, негово е да ги прифати или да негодува, плаче. Јас имам дома 3 ипол годишен “тинејџер” кој оди во друга соба и лупа врата позади него ако го скарам или нешто не му е по ќеф. Од никој тоа го нема видено, нема постари братучеди ни па гледа тв. Ама ете, таков карактер е. Постојано трча, стално е во движење, многу ретко да го видиш седнат. Дури трепнеш негде е качен. Од секогаш е таков. И јас им завидувам на родители со деца седнати во ресторан пример, со моето е тоа научна фантастика, ни телефон не пали, па не ни одиме. Ама пак е проблемот во мене, јас сакам да одам таму, него не му значи. И јас сакам да можам да трчам и скокам ко него цел ден, ама не ми даваат годините.
Да ти кажам, ми ја разубави вечерта. Нема да е лошо некои промени од мене да ги почнам. Ти благодарам најмногу ❤️
Ќе пробам да бидам пократка, слично како Аутумн сакам да ти кажам Ќерка ми е ѕвер, енергија има да ги пуштиме со твоето до Водно да се искачат, без гајле Ама ако, така и треба да биде. Не се замарај за тоа. Мојата и кога спие не е мирна, така што знам како ти е Одење некаде - скоро никаде и не одиме затоа што јас сум истиот родител и дома и надвор од дома, а нејзе тоа не и одговара затоа што веројатно мисли надвор сите работи се дозволуваат. Милион пати ја имам враќано со плачење затоа што не се разбира од не. Евентуално ќе научи И јас знам да кажам дека е невоспитана за мојава оти ми е прво дете, ама се помирив дека е уствари родена да скока, да трча и да се кара со сите по дома, па и со мачката Казни и награди не функционираат кај нас. Поточно казни никогаш не палат, можам цела игротека да и ја фрлам, дома да седи 10 дена и пак ќе тера по нејзино. Ама награди - некогаш можеме да се убедиме. Пример "Ај симни се од радијатор, дојди ќе ти дадам бомбонче" И после бомбончето бараме занимации за да не и текне пак дека сака да стои на радијатор со една нога. Ме сфаќаш шо сакам да кажам. Distraction од глупостите што сакаат да ги прават, колку можеш подолго и потрпеливо иако е претешко.
Кажете некои предлози за оброк? Веќе не знам што да и дадам да јаде, ништо не сака. Психички ќе западнам веќе. Житарки нешто давате ли и со што?
Многу добро комбо за доручек. Маф го прави... овесни, банана, путер од бадем, малку мед, замрзната боровинка или малина. Исто можеш палачинки со мелен овес или вафли.
Исто, депресија ме фаќа веќе од тоа молење за доручек. Од идеи мојот што сака за доручек: јајце пржено/геврече со јогурт.. ни овесни ни леб намачкано со нешто ни пржени лепчиња нема шанси.. ниту палачинки/вафли.
Мајки здраво..има ли некоја информација cortair каде може да се најде? Во К.Вода нигде не успеав да најдам..фала
Фала ти мајка најмногу <3 Затоа си го сакам форумот,има што да си прочиташ да те посоветуваат или во случајов утешат. Убаво ми доага кога читам дека е нормално и дека други деца имаат слична енергија. Изгледа околу нас сите се премирни Ти благодарам најмногу
Здраво на сите мајки Една консултација со вас чисто дека оваа тема е една од поактивните па може ќе наидам на брзи совети. Малата ми е 2г и 4месеци сеуште нема примено МРП, сакав малце да ја одложам јас па од градинка вирус врз вирус ретко да имаме здрав период за да ја вакцинирам, но сега веќе морам да ја ставам и сакам да ја ставам, сакам да ја одгрижам. Прашањето ми е: константно и тече носето и константно кашла, поради носето има и многу шлајм (температура нема и друг проблем нема) пред околу месец ипол имам правено брисеви во носе и грло, во носе има стрептокока а грло чисто. По консултација со матичен ми рече дека стрептококата е локална бактерија и дека нема проблем може да се вакцинира само да направиме нели и една крвна слика. Е сега сакам да прашам за совет од вас дали некој ставил воопшто Мрп на дете шо му тече носето, што има шлајм, можно ли е ова да предизвика некои нус ефекти, дали некој има искуство? Незнам што да правам.. Може ли да се искомплицира после нешто, ве молам за совет и ви благодарам однапред
Дефицитарен е и веќе не го произведувале, барај некоја замена за него или некаде ако заостанал во некоја аптека
Го земав така, ама матичната кажадека не бил добар колку кортеирот затоа мислев дали некаде се наоѓа..фала
За ручек на пример од компир манџата го јаде само месото и грашокот, а компирите и морковчето ги остава. Јаде ориз со пилешко, риба јаде, јадеше повеќе зеленчуци сега послабо јаде некогаш салатка малку, морков, цвекло зелка со лимон и маслиново. Гравче ако е со месо го јаде ако не не. Скоро правев пржено месо со праз го јадеше, и пржено праз со јајце. Јадеше порано супи со зеленчук (домашна супа од брокула или тиква на пример) сега и тоа не. Јадеше многу овошје сега ич. Бара шмукалчиња, млеко, јогурт (и тоа само битолски) како бебе. Јас ги правам истите работи, тоа што правам за 3цата и се молиме. Во градинка викаа дека јадел ама сега беше дома подолг период заради празници, одмор малку. Прибирањето почна постепено, пред неколку месеци и полека полека одбива работи што си ги сакаше порано.