За стрептококата (не сум сигурна за ова што ќе го кажам) мислам дека треба да побараш и друго мислење дали да ја лечите бидејќи викаш константно кашла и има секрет. Вакцини не се ставаат во таква состојба, а особено не мрп, имунитетот го соборува ептен, да сум на твое место би чекала да е детето скроз здраво.
Лизобакт спреј, топ е. Дали после 2г веќе има некоја регресија во сон? Ме убива навечер тоа закачање не спиење до 11-12. Од дете што заспивање во 9 му било макс, не сака да заспие никако. А му се спие. За воља на вистината има долга дневна дремка кога е дома, и до 4 саата ќе затера некогаш, без 2ипол саата не сме, ама му се спие ако го разбудам е кисел како лимон. Често скокавме денови од градинка и ова ни се деси, редот го изгубивме.
Уште едно прашање, деца после 2г, колку мочани пелени треба да имаат? Се буди со сува или минимално мокра пелена, што ќе мочне пред да станеме. И после цел ден може да го помине со 1 пелена.
Се буди со сува исто. После ја мочка. Инаку едно 5 пелени на ден, некои се повеќе мочкани некои помалку.
@AngelOfArh , скоро па 2 е, ретко кога се разбудила со скроз сува пелена. Со малку мочкана да, пример утрово во таа од спиење дали 1-2 пати беше мочкана, следната само што ја сменив, за пола час утоп ја направи. За преку ден, кога е со мене поминуваме со околу 5 пелени, со свекрва знае и 8 да потрошат оти таа требало или не, на час и менува. Се случува од 8 наутро до 17:00 додека јас си дојдам и 5-6 пелени да имаат потрошено. За кажување мојава абер нема, тек сега и текна дека пелената што ја вадиме е каке и сака да ја носи таа и да ја фрли во канта. Надежно, во лето ќе се одвикнуваме.
Ништо, не се повеќе од 4 пелени во денот и тоа не се полни. Еден период многу пиеше течности, сокови, го товеше баба му, вода поретко, сега давам вода и бара вода, ама не е тоа којзнае колку и не моча многу.
Здраво на сите Дали некој може да ми каже колку долго трае фазата "НЕ". Веќе сум на крај со живци. Моето дете е уште малку 4 години. Јас не паметам од прв пат да се имам разберено со него. За се вика не, не неможе, не сакам.... На крајот ќе го направи тоа што треба, ама прво мораме да се расправаме и објаснуваме. Веќе губам трпение, ме облива таква нервоза што искрено да ви кажам се препотувам во моментот, станувам "жива вода". Инаку е дете со уреден развој, активен, знае доста работи. Од градинка добива такви пофалби, што некогаш мислам дека е грешка ха ха. Но, дома е друга приказна, во последно време приметив дека кога во моментот на неговото негирање јас почнувам да објаснувам, тој ме прекинува, не е вулгарен никогаш, но почнува на пример: Мама стоп, не ми кажувај, јас морам да го направам ова. И објаснува до недоглед, јас губам трпение, на крај се скараме. Тој плаче.... Пробав и со игнорирање, на пример пред врата пола час му објаснувам дека не му се правилно облечени чизмите, тој упорно ми објаснува дека се правилно. Јас тргнувам и го оставам, тој си седи. Дали имате некој совет, не можам да преценам дали е инат, дали е карактер, дали е нешто друго. По природа е своеглав, темпераментен, но мислам дека тој веќе ништо не сака да послуша. Прво што приметив уште од мал и еве до ден денес, кога си играме или цртаме или боиме тој воопшто не поднесува да му кажеш нешто, не прифаќа, и тера по свое. Ми се чини дека како расте станува се повеќе своеглав.
Со време сопри го тоа, имам блиска со детенце такво, не знаеш која мака ја има. Ако он реши да не оди на школо, не оди и крај, не го интересира ништо. Надмено, арогантно е дури неговово. Некогаш не ни дочекува да го прашаме нешто, вика одма Не, пример, Сакаш чок... Одма Не, нема ни да докажам он вика не, и пример ќе дадам на моето чоколадо он гледа бледо, го гледам се јадосува, сака, не му е сеедно, пак ќе прашам дали сака и ќе му одговори Јас мислев ќе речеш чоколаден милкшејк и затоа реков не. Нема врска измислува, никогаш не сум им дала милкшејк пример. Многу лош карактер. Еднаш го прашувам дали сака со син ми на гимнастика, леле коа ми се одврекна, Не, не сакам, од каде ти е таа глупава идеа дека сакам да одам на гимнастика... Мајка му во земја пропадна. Ама од мал е принцот на фамилијата и за ништо не му било кажано два пати или да не добие и сега беља. Го гледам тој потенцијал и кај моево мало, ама сечам од старт, иначе кај ми е крајот.
Здраво на сите. Нова сум овде. Избезумена сум веќе и стварно незнам што да правам. Се работи за девојче за 2 недели ќе прави 3 години. Се соочуваме со алергија на...(немаме поима на што) Прв пат се случи уртикарија на 7 месеци. Не откривме од што е потоа продолжи најнормално се од храна да си јаде па се до пред 2 недели кога исто после спиење целата беше исфрлена повторно со уртикарија. Бевме веднаш на Детско таму не задржаа 3 дена на инфузија и Рупафин шируп. Осипот се повлече но неколку дена се појавуваше и повторно исчезнуваше. Овие 3 дена немаше ништо па го прекинавме и ширупот. Вчера мајками и дала овчо сирење повторно ништо не покажа,но денес од сабајле и дадов јогурт(кравји) после 1 час и се зацрвенија ушите(можеби и не беше од тоа),но од страв имав кај мајка ми лоратадин и веднаш дадов 5мл. Е сега треба да чекаме повторно 10 дена да поминат за алерго тест,а до тогаш мора да избегаваме млечни производи. Е сега прашањето ми е дали некој од вас се има соочено со ваква ситуација и ваква чидесна алергија на храна.
Уртикарија не мора да е од храна, на мајка ми и се појави прв пат пред 5 години, на крај после сите испитивања и рекоа дека и се појавува на возбуда и на стрес. Кај неа е преемногу изразено кога го има.
@AngelOfArh , не допишав преѓе. Мојава пак со вода е скарана, борби се тоа да пие. Не ваква, не таква чаша, шише, не знам што. Дури и јас почнав разреден сок да и давам само течности да внесува. Е за јогурт душа дава. Уште и е главен збор кога пие јогурт. Може ќе почнам вода со ептен малку јогурт во неа како следен чекор. За спиење, се потешка е да заспие за дремка, не дека некогаш било лесно. 4 часа не памтам дали некогаш сум ја оставила. Сега веќе и имам поставено рамка до кога најдоцна спие од дремка, за да може навечер во понормално време да легне и се држам на тоа. Е се случува да е недоспана и кисела бетер од лимон после, сите бисери сронети ама пак ич не ме интересира. Ниту имам сили, ни пак можам да ја чекам да се бркаме за вечерно успивање до 23:00 или подоцна од тоа, па следен ден во градинка да им прави циркузи. Вака до кај 14:30 максимум 14:45 е рокот за дремка, па дали до тогаш била 1 час преспана или 3 или само 15 минути, тоа е тоа. Ако не се разбуди сама, ја будам.
Mom's Мојава не е веќе три ама тука да си прашам Не пол месец ме заебава со попладневното спиење. Скоро е 3 г и два месеци . Ќе рече не спијам и сериозно не спие. Првиот пат беше шок за мене пошто како да се исклучи. Од дете што за рака ме фаќаше и ме носеше да си легнеме сега само ме одјебува и не сака да преговара. Не знам дали јас сум спремна за ова...твоја саат два ми бркаа многу работа. Еве ја викендов не спиеше , заспива во 20:30 ама па и кога спиеше преку ден не легнуваме покасно од 21:30. Во градинка викаат дека спие Нешто ме тестира или полека да се навикнувам на новото секојдневие? Да инсистирам на спиење или да оставам на неа?
Има регресија на сон, ама 4 часа дремка за две годишно дете е многу. Нормално е после да не му се спие во 9, се изнаспал денски. Буди го после максимум 2ипол часа, нека е кисел, ќе му помине.
Мојов не е вулгарен, напротив многу е културен. Многу е учтив со луѓето, секогаш добива пофалба дека е добро воспитан. Едноставно, тој објаснува, во состојба е половина час да ми објаснува, дека треба да почекам, дека тој мора тоа да го направи, дека така треба. Ако му речам за спиење, тој одма не. Ке измисли 300 приказни зошто не, дека треба да си поигра уште 5 минути, дека сега му било интересно.... и јас секако почекам и толерирам, ама до недоглед оди и на крај плачки... Не знам, се надевам период е. На крај тој прави се, ама едноставно мене тоа натегање почнува да ме исцрпува.
И мојот без проблем може да издржи со една пелена преку ден, ама сабајле станува со мочкана ако е повеќе од 12 саата на него знае и да пропушти. Преку ден не пие вода доволно, едвај макс 200 мл течности внесува со натегање и сто пати менување на чаши. Навечер уште пие млеко, едно пред спиење и за уште едно шише се буди. Ако не ти пие млеко навечер нормално е веќе да не мочкаат
Мајки јас да си прашам тука, се сомневам дека син ми има стрептокока. Не е страшно, повремена влажна кашлица има и првите два дена му течеше носот сега (5ти ден) му е затнат малку и има густ зелено жолт секрет. Му се поврза ова со вадење на три 3ка, па изпомешани се симптомите и со заби ваљда. Се жали и на болка во десното стапало, не криви ама покажува дека го боли таму и навечер и преку ден на истото место. Е сега прашањето ми е да оставам само од себе да помине или се пие антибиотик за стрептокока? Значи не сум правела брис, не знам што е, ама и тука тешко кс и брис ако нема температура, а мојот нема па не планирам да го макнам за џабе.
Да, може и таму да се жалат на болка, ја штедат ногата кога одат , како на прсти или нанадвор. Син ми моментално е со транзиторен синовит на колкот и терапијата е бруфен и амоксиклав. Ама треба да го види лекар и ќе ти каже, треба и ехо да се направи на колкот. Ќе им кажеш дека с жали на болка во ногата и сигурно ќе ги направат потребните испитувања.