@anngelique @shz @Coco31 @see.emily.play @Joraa @JuLleE @Bebetoo @Eli23 @V.N. @Srcka28 @fana @Freckles. @Mari-Li @kristina.k @Black girl Екипа јули-август Многу ми фалите, убаво се дружевме во труднички. Нема да го заборавам тој период, посебен беше. Ме интересира како ви се тодлерите. Споделете по нешто за нив, баш би сакала да ве прочитам. Мислам дека уште од тогаш се гледаше дека ќе бидат банда без команда Поздрав до сите , I'm feeling nostalgic
Што би ти кажала Мислам дека го имав најмирното бебе се до 1 година. Е после тоа навака душата ни ја вади дома. Се е со плачење од менување памперс, облекување, излегување, враќање, сирупи, чистење нос, миење заби, пиење вода ма се што можеш да замислиш. Единствено немаме промени со јадењето, јаде се и не пребира само трие меше и вика ох ох Активен 100 на саат, фокусот му е многу лош и оди на дефектолог сеуште немаме сврзано ноќ без будење (понекогаш и константно плачење). Да кренам во раце друго дете веднаш е трескање од земја, дома да е без мене со мм ќе стои со часови на врата и ќе плачи. Лепенка е мал збор. Во градинка е најмирното и најпослушното дете. Кога ме нема мене нема плачење, се што набројав погоре со друг (освен мм и бабите) пример со другарка ќе го направи без проблем. Имам преголема желба за големо семејство со 3 а може и 4 деца, но сега после него мислам дека ни е повеќе од доволен Ние увелико не се пазиме со мм, но многу мали шанси имам за природна бременост па не можам да се решам да отидам кај матичната, инаку до сега можи ќе родев барем неспиењето и нервозата ќе ми се исплатеше на една мака
Што да кажам.. Кај нас тантрумите на најјако се пуштени . Се нешто изведува и контра ни оди. Почна да збори како старо мало само се инати за пелените уште нив не можеме да ги тргнеме. Тоа е на кратко а на долго има многу за пишување .
Генерално задоволна сум од коминикацијата што ја имаме. Релативно рано почна да зборува, сега си правиме муабет без проблем. Мислам дека и заради тоа нема премногу тантруми. Со спиење супер сме од 7 месеци од кога го помина тренингот за спиење, сама заспива, ја преспива ноќта. Е сега ми ја отфрла дремката, повеќето денови не преспива. Се надевав барем до 3 години, ама ете, неа не и е гајле Цуцлата ја остави на дедо мраз за нова година, поминавме релативно лесно (за разлика од есента кога пробавме и all hell broke loose). Имавме обид за градинка есента, ама не ми се одеше до крај до адаптацијата, па оставив да пробаме наредна година. Не е лесно, ама имаме услови да се чуваме, па не го сфатив трагично. Работиме од дома со флексибилно работно време па се снаоѓаме некако. Иако поголемиот дел од времето функционираме добро, ја фаќаат периоди кога се е за инает и ми го тренира трпението на велико. Уморна и хаос дома ми е статус кво, веќе отрпнав Прекрасна е, многу е интересна и паметна и дружељубива, среќна сум што ја имам, не знам што ќе правев без неа. Поздрав мајки
@Erika.greeneyes Многу е лош. Многу. Абе ко екстаза да се има напиено Тантруми има ептен. Не јаде. Само одредени јадења две три. Бардовци мало ми е.
Alergija na kravji protein, nisto strasno ke pomine kako sto raste, ama sega izbegnuvajte sve sto e so kravjo mleko.
Некои веќе го знаете проблемот со тврда столица на син ми, давајте идеи за оброци веќе се едно исто вртам. Не е пребирлив освен кога е болен и ваде заби па можете да распукате со предлози. Супи и чорби секакви, палента и варијанти со кк млеко за вечера, јајце мафини со зелен зеленчук или овошје и овесни палачинки, тоа правам само. Дај кажете некои други намирници што омекнуват столица, да сменам малку. Мене ми здосади не пак на детето
Тоа се јаде/пие. На сливи е секој ден, секое сабајле прво пие смути па пред дремката доручкува. Не е многу по пиењето течности ама успевам некако да давам барем пола литро испива. Со оброци немам идеи веќе, компир и ориз секако не давам воопшто, јаглехидрати ептен ретко и скратени ми се комбинациите.
Срц моето да јаде како твоето јас ќе се онесвестам од радост. Не би знаела совет да ти дадам оти ништо не јаде син ми. Се што даваш е топ. Имаш прашано лекар за некои суплементи ?
Киви секој ден, во смути или така да ги јаде, ако можеш убаво да ги измиеш и да го натераш со лушпа да ги изеде топ, ако не блендирај со многу зрела банана или давај му ги лупени. Големиот мој имаше страшен запек, еднаш не можеше да се искака и го легнав на грб како бебе, послав пешкири, ставив хартии и го мачкав со павловичева и го стискав со нозете кон стомакот, му испукаа капилари во очи, страшно беше, едвај излезе ама од тогаш земав еден сируп, Смокван, испи пола шише и толку беше, не се деси пак.
Оф па и со нејадење мака да имав ке скренев, ви се поклонувам на вас како издржувате. Да стално известувам педијатар ама тука се малку тешки додека да решат да се испита, сметаат дека до 5 години само по себе ќе му се среди тоа. Денес ми дадоа конечно прашок да го давам 3 месеци. Не сакам хемија стално се трудам со храна ама не бива веќе почна да се плаши и да држи, поголем проблем ќе направам вака. Арно ме потсети за киви, ретко зимам дека ние не јадеме па не ми текнало да давам. Денес земав се изнајаде, 4 киви изеде без лушпа, утре во смути ќе пробам со лушпа да ставам. Смокван давав лани му помагаше ама само додека го пиеше, после пак се врати проблемот. Едит: ова што го опишуваш речиси на 2-3 дена се случува. На кревет со масажи и вежби на нозете, крв црвен станува во лице целиот се стиска и едвај ќе се искака. Душа ми е многу се мачи кога кака тоа е преболно за гледање. Стално сме со масажи, вежбите со нозете веќе тој сам брои кога му правам. Сам ми го носи маслото за да го масирам, ептен е жален ептен. Не знам дали да испитувам нешто, лактоза глутен такви ствари или да оставам без испитувања.
Да испитуваш. Колешка од работа имаше проблем не одеше во вц по 2 недели. Испита интллеранција на мислам 100 јадења (тој најголемиот панел) и откако исфрли од храна се што и покажа позитивно, веќе нема никаков проблем. До клизми до иригографии беше дојдено.
Внимавај со кивите, мислам дека 4 се многу и за возрасен човек ако редовно јаде толку. Јас многу јадев киви количински, евентуално развив алергија. Може нема врска, ама мене во главата ми стои дека тоа беше причината.
Не мора да значи, ние јадеме многу, најмалку по кило дневно фамилијарно, тоа му иде по 4 киви по човек ко ништо, и така еве може 7 години веќе, пред малото и повеќе сме јаделе. Јас и синко сме со тврда столица и многу ни помага, кај тате е сеедно, е кај малото приметувам само дека е потечна, почеста, ама не е страшно, пример не е како досега 2 пати, 3 е, што е сосема ок. Испитувај, особено овие локатоза и глутен знаат да дадат реакции вакви. Или сама пробај, избаци млечно некој период, после некој период иди на безглутенски житарки и леб и ќе видиш. Исто и месото знае да даде реакција ваква, колешка е алергична на телешко и а јаде телешко се дува и има страшен запек. Дури и мала количина во мелено.
Мајки што земате заменско за инхалации сега кога го нема Кортаир? Мене во аптека ми понудија едни турски па да знам дали имам и друга опција.
И јас сум со потврда столица и побавен метаболизам ама не е толку страшно кај мене. Тврдат дека од овој прашок ќе му помине, па ако остане проблемот ќе бидам упорна да испитаме. Ако не прифатат во мк во август ќе се посветам на тоа. Ќе пишам пак тогаш ако ми треба препораки каде и што точно да испитуваме. Да млечно ми е во план да го остранам, млекото навечер ми е проблем многу плаче кога не му давам. Ама морам да го прекинам веќе, поарно една недела плачки отколку да се мачи вака. Ако има некој совет како да го тргнам нека кажува. Пробавме 4 вечери се полошо стануваше плачењето, последната вечер од 1 до 6 сабајле се натегавме не му дадов и на крај пак попуштив. Мешав и со вода џабе не го сака такво. Ама мора веќе, очигледно му прави проблем. И јас се сомневам дека има некој проблем од наведените зашто очигледно не се средува со растењето туку полошо станува. Он од рагање си е со тврда столица по тоа сум сигурна дека млекото е проблемот. Како и да е фала ви многу, ми потврдивте дека не се глупирам за испитувања туку мора да се направат. Недај боже ова психички да премине ќе се утепам каејќи што не средив на време