Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    4.929
    Пол:
    Женски
    Детето дефинитивно има проблем со нетолеранција на нешто, испитајте да не се мачи. Јас кога јадам храна на која сум нетолерантна имам проблем со тврда столица, подуеност,со денови немав редовна столица, имав гасови.Како ја исфрлив храната на која сум нетолерантна се тоа исчезна.Млеко јас воопшто не му давам, сега знае да побара некогаш покрај брат му кога јаде оние перничиња со млеко тогаш ке му дадам малку ама повеќе тие ке ги изеде и ке го истури не пие количински.Нека пие вода повеќе, и пробај доставај семиња плус во смути или каши.Моето насабајле уште јаде густо смути како каша со овошје, ставам јатки, семиња и така давам.И му давам провен прашок постојано повеќе за имунтитет одколку за проблем со столица, моето нема проблем фала богу, ако почне да се разболува давам линекс јуниор како појак бидејки пробиотиците доста помагаат исто во борбата со вируси.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  2. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    4.929
    Пол:
    Женски
     
  3. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    3.991
    Ако ти е за утеха, син ми така беше, од бебе беше нејадач, млеко пиеше минимално и не качуваше на килажа, му давав ноќта во спиење , спиеше со цуцла, му ја тргнв цуцлата и одма шишето со млеко, глок глок глок цело си го испие без да се разбуди, тоа го правев за да качи малку на килажа, нон стоп беше испод нормала. И така со растење продолжи и со нејадење, јас го хранев со телефон само инаку немаше шанси сам да јаде парчиња, не џвакаше и затоа блендирана храна му давав, овошје и зеленчук за ручек, до некаде 3 год и нешто отприлика и тоа исклучиво со цртани или на тв или на тел. Е после му здосади и ни тоа не го јадеше, на 5 год почна постепено да јаде тост, едно парченце го јадеше пола саат и уште едно ако апнеше и толку беше и до вечер ништо може да не јадеше.
    Значи тоа до 7 год така некако, јадењето му беше слаба страна, колку сирупи имав давано за апетит, витамини, што ли веќе не сум пробала да му давам, ништо, а крвта супер му беше.
    Ете го сега е 12 год и мама да кажам од лани почна да јаде по цел оброк, секогаш го јаде пола и малку ќе касне и се најадува, толку.
    Е сега лека полека почна да јаде кога е гладен ќе изеде се што му ставам.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.957
    Пол:
    Женски
    Маст не се става на тт никако зошто качува дополнително тт.
     
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    7.333
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh , овде никој не ни понуди опција лекување дома, за со пневмонијата. Не ни знаев јас дека е возможно така.
    Како и да е нека поминува со лесно кај баткото.

    Кај нас препорака беше после завршувањето на терапијата, болничко лекување, плус уште еден атб дома, барем 3-4 недели да не е во градинка. Повеќе од месец и пол мислам и се собра дома.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.957
    Пол:
    Женски
    Немам опција толку долго, макс што можам е да не се појавам 1м, и тоа е знак прашање. Маж е во пикот на работа и плус менува работа, на мајка ми не можам да се потпрам, свекрва ми работи во градинка исто не можам да ја викнам, ниедна жена не ми се нафаќа на месец дена и така ќе мораме после 1м да се вратиме во градинка. Тоа е.
     
  7. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.026
    Допаѓања:
    4.850
    Си ја барав темата за пребирливи јадачи. Повеќе за душа да си олеснам и утеха отколку за совет. Случајно отворив овде да видам дека си со слична мака.

    Иако во афект си фрлила грицки и благо, верувај дека е најдобрата одлука што си можела да ја направиш. Ако ги немаш, нема да ги нудиш. И не купувај, немој! И за вас стрпете се без грицки и благо и едноставно не ги имај во куќата и крај.

    Уморна сум да советувам за нејадење, кога еве ја, не јаде :(. Особено зе загрижив денес што случајно ми се качи на вага и ослабната е цело кило и скоро 500гр, сите хеланки и се широки и и паѓаат :(

    Доручекот не го изеде, 1 кришка со кремсир, краставичка и кашкавал, го изеде кашкавалот, и 2 пати касна лепче. Стана, ми покажа накај грицките, исто и јас ко @fana земав ги "фрлив" пред нејзе да знае дека нема веќе. Не ги фрлив вистински пошто ова се само нејзини грицки, сеуште и купувам бебешки смоки, штангли, шмукалчиња и сл. со тоа се тешам дека сепак не се мн штетни. Вчера ги купив, направив грешка што ѕиркаа од кутијата, па ги виде. Ќе чекам да ги заборави месец дена за да добие пак грицка. Во суштина и болна е/беше, па со награди чистиме мрсули, пиеме сируп, инхалираме, спрејчиња итн. И може и од тоа да е ослабната и не јаде, ама 1,5кг на нејзини 14-15 е премногу. Да не зборам дека на пржени компири беше 3 дена, има и запек и се жали дека ја боли стомак.

    Овој пат мислам да останам истрајна и да и стане јасно дека ако е гладна ќе јаде само тоа што и е понудено. Па, се надевам на подобри денови(fingers)
     
    На Mother of 2boys, LiquidLuna и fana им се допаѓа ова.
  8. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.026
    Допаѓања:
    4.850
    Мојата кога беше со пневмонија исто лежевме. Претпоставувам дека козле е преполно и немаат место инаку ќе ве задржале. После тоа мене ми дадоа комисиско боледување и после 2 недели во болница уште месец или месец ипол останав дома. Ако ти е мисла боледувањето.

    А ова и за @Bebetoo, тапкајте по неколку пати на ден, ова ни беше ко терапија нас кога лежевме, а и сега кога ќе спушти исто правиме. Вие имате веројатно опструкција некој бронхит. Инаку кога имаше пневмонија мојата скоро и ич да не кашлаше :|
     
  9. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Еве денес не искашлува ни со сирупот… температура нема кренато.
     
  10. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.026
    Допаѓања:
    4.850
    Не видов што терапија имате ама и мојата не реагира баш на сирупите. Бисолвон па ацц и пак исто, јас мислам ќе се раскашла, а она си го чува. Ќе помине ама мислам дека поспоро поминува кај нас заради тоа. Мојата е 3год па и за тоа се условуваме. Ја голицкам за да искашлува и давав грицка и благо ако искашлува.. Генерално кортаир и вентолин ни биле терапија за секрет ако има на гради. Кога лежевме таму сестри ја тапкаа се чудеа зошто не се закашлува, викаа други деца после тапкањето и до повраќање искашлуваат.
     
  11. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Исто е со искашлувањето, ама баш никогаш не искашлува од ниту еден сируп. Во понеделникот и вчера имаше кашлица, денес слабо кашла се осеќа дека цел секрет е во него, се јавив ми рече да почнам со пулмикорт, до вчера со синомарин имавме инхалација. Имам дома лој од гуска ама со мед не е чист, еве и од него не искашлува…
     
  12. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.026
    Допаѓања:
    4.850
    Тоа е будесонидот скоро месец ипол е со тие инхалации. Ќе помине со лесно.
     
  13. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.549
    Допаѓања:
    8.556
    Пол:
    Женски
    Кога те читам ме замисли за мојава дали треба да и се прават испитувања. Има потврда столица. Ама не е до овој степен како кај вас. Кога кака ми кажува дека кака и чекам некое време да се покака гледам напнува еднаш на нокшир успеав да ја седнам одма се покака. Вака и смета памперсот и бодито. Ќе и го откопчам бодито и ќе се покака. Ама кај мојава е до храната. Во градинка јадат манџи со компир, морков и ориз. Дома исто бара манџи со компир и морков. Тестенини. И лепче суво или со абц. Пребира храна и повеќе јаде храна што прави запек.
    Не знам што да и подметнам дома, да има некој баланс во храната.
     
  14. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    1.295
    Пол:
    Женски
    Носи го на лекар и кажи за болката во ногата. Ќе види лекар и ќе ти каже најдобро. Сепак е мал и не знае да ја лоцира болката точно.
     
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh , @Bebetoo терапија во болница вклучуваше обавезно два пати тапкање. Ама они инсистираат исклучиво на гладно за да не поврати и не дај боже аспирира. Инаку го стваа легнат на стомак, под градите перница, а главчето да виси. Тапкање со рака како во чашка форма, не исправена, и само лево десно од рбет. Средина нема потреба, и не надолу накај бубрези.

    Со лесно нека поминува.:hug:
     
    На Bebetoo, AngelOfArh и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  16. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.126
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Да пробаш место тестенини да правиш такви работи со палента или овес. Види на нет има многу рецепти за пита од палента или палента тортили. И течности ако пие давај повеќе, мојот е тежок на течности ептен
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    1.295
    Пол:
    Женски
    Скоро 16 ама и висок е, па не изгледа дебело, јаде се освен леќа и грав. И количински многу. Многу сака овошје, и сака да јаде сам со лажица. Намачкано не, никако, тоа за него не е оброк.
    Знам дека се нервирате дека не ви јадат децата, ама и на нас што ни јадат и ние се нервираме :D ако ви е за утеха. Не можам да застанам на шпоретот, одма трча и сака да јаде, носе чинии на маса. Вчера сакаше кофте да јаде, не пржено. Значи стои до шпоретот и плаче, се дере, како цел ден да не јадел ништо. (facepalm)
     
    На azelea, fana и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  18. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    2.105
    Пол:
    Женски
    Ауу не, верувај не се споредува нервозата. Мојот беше ваков јадач, со секој седнуваше друштво да му прави за јадење, ако видеше некој во кујна со трчање идеше да види што се готви. Ама од Нова година кога го фати грипот, еве го ништо не јаде. На макарони и јогурт е само, по цел ден се молиме и за тоа да јаде. Радо би да не излезам и цел ден од кујна само да јаде.
     
    На SiMpAtIcNaTa, Mother of 2boys и strelec231992 им се допаѓа ова.
  19. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    950
    Не може да споредиш нервоза за дете што јаде и за дете што живее на пет лажици и три залчиња леб. Камо да ви ја имав нервозата од што многу јаде, а не по цел ден само да го молам да касне пет пати од оброкот...
     
    На SiMpAtIcNaTa и lovely91 им се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.250
    Допаѓања:
    118.900
    Пол:
    Женски
    Мил :inlove:
    Нека си ручка мило дете, браво :l:
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.