Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    859
    Чај од бел слез како подготвувате?
     
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.728
    Допаѓања:
    8.997
    Пол:
    Женски
    Знам само сакав да ти кажам дека може и кај вас не било до доењето а така се поклопило и мислиш дека е до тоа. Зошто кај нас седеше во место и наеднаш цело кг качи и баш си реков дека да ја одбиев ќе мислев до тоа дека било.
    И за градинката мислам дека намерно ти правеа нема врска со доењето. Не се труделе сигурно доволно.
    Од еден куп жени знам децата што дома заспиваат само со цицање а во градинка си спијат од прв ден.
    Мојата замисли од прв пат успеале да ја заспијат јас откако пресеков. Значи тие до тогаш не се ни обиделе. Само мене ме мафтаа.
     
  3. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.728
    Допаѓања:
    8.997
    Пол:
    Женски
    Мојата цица сабајле пред градинка и вечер пред заспивање. И ноќта еснаш или ниеднаш.
    До кога планираш да доиш?
    Јас си мислев сама ќе се одбие до сега ама нема изгледа намера (facepalm)
     
  4. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.539
    Допаѓања:
    38.806
    Пол:
    Женски
    Немам план, уште месец-два си велам веќе некој период и само си продолжуваме :D и јас ја чекам сама да се одбива, ама никако да решиме.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.704
    Допаѓања:
    4.031
    Исто и јас чекав сама да се одвикне од доење и грешка голема, ја оставив и до кога цицаше знаете? 4 полни години :nod:
    Не можев веќе психички и физички не исцрпи, по цел ден сакаше да цица, за било што , не дека е гладна, врска нема тоа, јадеше се и млеко пиеше во шише со цуцла и одма после тоа сака да цица :x
    Навечер се будеше со 2-3 пати, ме бараше , не можеше да презаспие ако не лапнеше цице, како цуцла и беше, не дека имав млеко веќе, него си сакаше да си се мази со тоа и ако не и дадев ауууу па тоа беше хаос, плачење, урлање, трескање се додека не го стави во уста, значи малтретирање големо :sweat:
    И се така додека еден ден не ставив црвен кармин на пупките и залепив ханзапласт и кога се врати од градинка, и покажувам и шок, се налути, па ги галеше и некако прифати дека демек Крв е, ме боли и не може да цица оти морам на болница после. Ден за ден се навикна, заспивање со мазење по градите, не го тргнв ханзапластот се додека не се одвикне скроз. И само што престана со тоа, одма уште првата вечер си спиеше без будење, не ми се веруваше. 4 години бев зомби, се за нејзино добро, а јас не си гледав моето, ми се искриви и кичма и врат и рака и се, па ајде после ни физиотерапии не ме оправија.
    Уште малку една година како спиеме сите на раат.
    Што порано одбивање толку подобро. Нема друго решение.
     
    На LiquidLuna, fana, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.539
    Допаѓања:
    38.806
    Пол:
    Женски
    @Kallias2 напорно е така навистина, и физички и психички. Да се будеше ноќе и јас порано ќе ја одбиев. Ама е стварно кај нас само за да заспие зошто до сега на друг начин никогаш не заспала, а и со никој друг не заспала ни преку ден, ни ноќе. Сега брзо сменив работа и на почетокот одев претежно втора смена и многу тешко го прифати тоа, престана и преку ден да преспива, а и ноќе ме чека дури си дојдам. Па ми беше жал да и го скратам и тоа едно доење пред заспивање ноќе. Малку да се навикне на новата ситуација па ќе почнам и јас така..
     
    На Erika.greeneyes и Kallias2 им се допаѓа ова.
  7. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.297
    Допаѓања:
    51.022
    Пол:
    Женски
    Ставам вода да зоврие тргам на страна и ставам едно мало лажиче од чајот.
    Вода не ставам многу, во што и да варам половина ставам.
     
  8. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    859
    А не треба со ладна или млака вода да стои бар така вика сопругов тој за него така си правел затоа прашувам јас до сега немам правено таков чај.
     
  9. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.189
    Допаѓања:
    6.919
    Пол:
    Женски
    Во право е мт. Чајот од бел слез не се прави како другите чаеви. Се става лажица две па се полева со млака вода и се остава да стои 2часа и така се пие.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.044
    Допаѓања:
    203.790
    Пол:
    Женски
    Со ладна вода се прави, не со зовриена вода. Си има упатство на пакувањето.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.548
    Допаѓања:
    113.147
    Пол:
    Женски
    Да да, млака вода се става.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.023
    Допаѓања:
    18.938
    Пол:
    Женски
    Не е точно.

    Може да е причина, ама не е правило.
     
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    121.470
    Пол:
    Женски
    Па не е правило де.
    Ама ако не престане да дои нема да знае дали е од тоа.
    Ти пиша ангел искуство погоре.
     
  14. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.189
    Допаѓања:
    6.919
    Пол:
    Женски
    Добро мајки како давате сируп на дете кое никако нејќе и плува? Зборуваме многу дека мора да пие објаснуваме ама еве сабајле од две дози не знам колку му остана во уста, претпоставувам ич. И течности слабо пие за да му ставам во нешто и тоа не е опција. Се нервирам многу :@
     
  15. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.539
    Допаѓања:
    38.806
    Пол:
    Женски
    Никако, еден ја држи малку наведната, друг со шприцот покрај образ да не може да исплука. Па има плачки, повраќање па пак одново.
    Нема полошо од дете што не сака лек да пие. И со големиот имав ист проблем и не најдов решение.
    Мојата па само вода пие и тоа не е опција да се скрие некако..
     
  16. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.297
    Допаѓања:
    51.022
    Пол:
    Женски
    Како што пиша @kristina.k еден ја држи друг и дава полека со шприц и голтка по голтка одиме.
    Мојата ни витамини не сака да пие ја па лажам дека ќе одам на работа ако не пие и ги пие веднаш.
    Со убаво и им кажувано милион пати не и не и морам така можеби не е убаво ама што да правам.
     
  17. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    Неделава полудев мислам дека во гради ме стега од стрес. На работа турбо и вирус фативме. Баш како изреката не ми е што ќе се разболи, туку што ќе се разгали. Не можев синојка до 9 ипол да го успијам и сабајле во 6:20 стана. Претходно неколку ноќи неспиење. Сега за дремка во раце го успав како бебе, некако како наназад да се враќа и со спиење и со сѐ. Од дете што не сакаше количка, сега не сака сам да оди, ќе ја фрлам веќе да не ја гледам.
    Исто и почна да прави некои крици се дере нешто нејаммм јам јам неартикулирано а знае сѐ да зборува и сфати дека тоа ме нервира и уште толку го прави. Дали правеле вашите вака? И треска играчки и ми се смее цело сабајле сѐ додека не излеговме надвор. Се плашам да не има некаква регресија во развојот веќе сериозно.
    Како да останам стабилна до 3-4 години или до кога и да трае ова?
    Инаку однесен кај докторката, вели дека сѐ е во ред. Дури комплименти му дава колку бил напреден.
     
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    121.470
    Пол:
    Женски
    Ако најдеш начин кажи.
     
    На Anturium, Splendor., DELFINA81 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.023
    Допаѓања:
    18.938
    Пол:
    Женски
    Ако мајката има желба да дои, нема потреба да се форсира прекин.
    Често сценарио кога се прекинува доење е детето пак да не јаде.

    Син ми пројаде додека доев. Да нагласам дека доев до 3 години.

    Сметам дека се форсира рано прекинување на доење, а ако доиш по 2 години те сметаат за налудничава, што воопшто не е ок ако мајката и детето сакаат и уживаат.
     
    На kozuf и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.023
    Допаѓања:
    18.938
    Пол:
    Женски
    Летово полни 6 и предизвици има. Поинакви секако, ама дете е дете.

    Велат тинејџерски години се позезнати.
     
    На LizzyGrant му/ѝ се допаѓа ова.