Од бебе е лакомче Јадеше оброк , па цицаше без проблем. И јаде исклучиво со голема лажица ама полна да е. Ќе си родиш уште едно, па може тоа ќе ти плачи за јадење
Haha bas taka e. Vtorite se lakomi. Prvoto najgolem nejadac, eve go uste e sednat na masa od deset dorucek jade a vreme za rucek dojde malovo izede nejzinoto, od moeto zema, i sega eve nemozam da ja dopazam se kacuva na stol od stol na masa i mu zima od tanjirot na brat i ovoj pa se zali trgni ja nemozam da jadam a jade tri saata. Dva pati od sabajle usisavav troski od sto samo vlece so nea te biskvita, te kifla, te leb. Gi predadov na tatko im i se povlekov vo spalna neka im pravi sto misli
Кој кажа дека на 3 години мајките дојат и сметаат дека не треба цврста храна? Дај цитирај една мајка што кажала моево цица на 2 години и не ми е мака што не јаде, се е топ. Ги направивте мајкиве што дојат ептен делулу. Кажи која мајка кажала или пишала дека не и е гајле што не јаде нејзиното дете? И дека млекото на 2 ги има сите нутриенти.
Апсолутно не! Само им кажуваме дека доењето е една можна причина зошто детето не јаде. Можна причина зошто не јаде е АД млеко исто така. Но има икс други можни причини. А за да дознаеш која е, треба да елиминираш една по една. Не знам како да ти објаснам дека дете на 2 (две) години да мора да јаде. Да цица апсолутно не мора, особено не ако е на сметка на редовните оброци.
Да ама тие што цицаат на 2 години поголемиот дел сами си ги намалуваат подоите и цицаат обично за заспивање. Или за блискост и утеха кога ги боли нешто. А во текот на денот не цицаат и не знам на кој начин би влијаело на јадењето. Барем во нашиот случај беше така. Секако има и исклучоци, каде што сакаат да бидат цел ден обесени на цицка тоа е веќе друго. Инаку слушам дека мајчиното млеко многу ги штитело од вируси и бактерии. Ќе видиме дали е точно и во нашиов случај. До сега цицаше и навистина се покажа дека има добар имунитет. Викендов мм беше слободен и ја одбив еве 5 дена веќе како не цица. Во однос на јадењето овие денови откако ја одбив јаде помалку во однос на претходно дали така се погоди не знам. Еве пример вечера речиси и да нема ако претходно јадела цела кришка или две со абц крем сир, сега пола само ќе ја изеде и толку. А во однос на бактерии и вируси ќе видиме како ќе биде
Заби може да се причина. Никаде не прочитав да кажете, можеби се забите. Па некој совет за помош. Цицање та цицање. Не знам како го замислувате цицањето на 2 години, главно тоа се 2-3 подои на ден. Истите не сметаат на јадење. Дете нејадач и после прекин ке прави проблеми со јадење. Гарантирам дека нема магично да пројаде оп-хоп како си замислувате.
Лично јас сум пример за ова. Јас сум цицала до една година. И мајка ми ми кажуваше дека голем проблем имале со мене со јадењето. И уште паметам како поголемка кога бев дека пребирав и од некои јадења дури одбивност имав. Пробаа со витамини моите, се беше неуспешно. Јас дури некаде кога почнав средно пројадов. И сега јадам речиси се. Некаде и до генетиката е
Епа штом е така, кажав и погоре, сосе мајка во клупа и на школо. Штом не смета, уживаат двајцата која би била причината па воопшто да го одбиеш нели? Ништо нема гаранција дека ќе пројаде, ама твое е да дадеш се од себе да јаде. И пак, ист паралела ќе ти дадам. Заби мора да никнат, но да цица не мора И пример дека нема правило, е Јован. Не цица, не пие АД, не давам грицки и благо, давам киндеримун и НЕ јаде. Две три јадења само и тоа по малку. Дека не јаде и покрај што не цица е ерика. Ја одби и не јаде. Ама твоето гарантирање дека нема да пројаде ако престане да цица ти го побиваат делфина и ангел. Пројадиле оп-хоп штом престанале со цицање. Значи тоа што цица и те како може да е причина да не јаде. Не ГЛАВНА. Ама една од многуте можни, секако дека да.
Да не се разбереме погрешно. Јас кога ве читам тебе @1209 и други на кои децата не им јадат. Излегува дека мојава уствари јаде, во споредба со вашите. Во градинка си јаде се. Дома исто јаде готвени јадења. Мојата месо не јаде, не сака да го проба ама меленото со ориз го јаде не го осеќа. А вака да и дадеш пилешко или плескавица нешто не сака ни да проба. И до пред некоја недела лепчето не го сакаше намачкано со ништо, сега прифаќа со абц. Мм ми вика дека си јадела таман за нејзина возраст. Дека јас сум очекувала премногу. Ама јас овде кога читав по темите некои колку многу јадат си замислував дека сите треба толку да јадат, дека мојата количински не јаде којзнае колку. И обично периоди се, некогаш јадат повеќе некогаш помалку. Само живи и здрави нека се. Сите деца се различни. Кај нас мислам многу градинката помогна во овој процес околу исхраната.
@fana не знам дали имам видено олкав пост од тебе на форумов права реткост! @Erika.greeneyes вака како што опишуваш, баш добро си јаде. Слушај си го мажето Манекенката моја послабо јаде. За ручек денес две компирчиња касна, едно залче леб, малку мевце, и толку. За вечерата малку надомести, 10 макарони наместо стандардните 5. Ама има и денови кога повеќе јаде. Јас многу не се замарам, колку сака толку.
Ноуп. Имам јас и поголеми. Не си приметила @Erika.greeneyes е да. Си јаде бе. Таман си јаде за возраста Мојот не а можда се најадува ама па јас правам споредба со ќерка ми и мислам и тој така ко неа треба да е
Моето нема проблем со нејадење, моето има проблем со бирање што ќе јаде. Пример денес изеде две панцероти со сирење и тоа бааги големи за ручек до салата краставица. За доручек 4 овесни палачинки со путер од кикиритки, за вечера ориз со зеленчук и чаша јогурт. Измеѓу изеде две банани, неколку мандарини, смоки, чоколадо, мече лино, од моката панцерота гризна, јаболка цела изеде и неколку соленки. Ова може секој ден да го јаде, ама не му давај месо и јајце оти нема да го јаде и ќе седи цел ден гладен. Не јаде ниту манџи, ниту повеќето готвени јадења(мислам на динстано месо, копан и ориз, пилешко во сос пр) Не знам зошто толку ве боцка доењето до 2г. Ако во странски земји препорачуваат доктори да се дои до 2г, веројатно има бенефит. Не било уживање бре, како може да тврдите дека не е уживање, како да сте дошле да ме гледате во града кога цица па да видите дали уживаме или не. Ауу нападни коментари за доењето…не очекував искрено. И да баш ми е уживање оти тоа се сведува на два подои дневно, кога сака да спие кога ќе се стутка така во мене и ме гушне или кога ќе се израдува онака најискрено кога ќе му речам мама ќе цицаш, ми е баш уживање.
Мм вика секое дете знаело колку му е доста хаха Тоа ни е грешката што си правиме некои споредби во главата одма и после ни делува малку јаделе, а пак кога ќе споредиш со други примери ќе видиш и бетер имало па ќе се утешиш хах Јас дека како мала многу пребирав и доцна пројадов и од што не сакам да биде ко мене. Јас само ја нудам со храна. И изгледа заборавам дека има 2години, не може да јаде како возрасен. Во темата кога читав денешно мени од 1-3 год. Ќерка ми некои такви рецепти пример не јаде и толку наеднаш количински пример леб, салата и месо. Затоа и престанав да ја читам таа тема. Очигледно си има деца што се гурмани и си јадат количински.
За доењето Јас со гордост кажувам дека доев до 2 и пол години. Еве уште се привикнуваме и јас и она на одбивањето. Психички мене ми падна многу тешко, не очекував искрено дека вака ќе ми биде. Инаку на тема доење ми смета зошто еве овде нема врска не ве ни познавам, ќе зборувам за од реалниот живот абе млади кои сега брзо биле мајки па со коментари ааа до 9 месеци и до година максимум доење зошто уште цица, млекото првите месеци е само хранливо. Некако како осудувачки коментари, како нешто лошо да правиш да се осетиш. А баш секаде препораките се која мајка сака и може до 2,3 години да дои. Овде како криминал да правиш и ти фали нешто во главата.
Јас имам личен пример. Син ми пројаде откако му излегоа сите заби. Не го одбив. Цицаше до 3 години. Ама јас не го одбив на прво одбивање храна. И ги побив муабетите дека не ми јаде бидејќи цица. Од околина муабети се изнаслушав ама не го одбив додека јас не решив дека е доволно. А не затоа што некои мислат дека доењето е прва причина за нејадење, па најлесно е да се каже - одбиј го. Знам уште две мајки кои доеја до 3 години. На едната детето исто пројаде додека цицаше, на второво апетитот му е на завидно ниво цело време. Моите примери ги побиваат вашите дека само ако го одбиеш ке јаде. Некои деца пројадуваат и продолжуваат да цицаат. Во дискусијата одговара да кажеш на две членки деца им пројадоа откако ги одбија, и останатите треба да сме убедени. По линија на помал отпор, прва причина за нејадење го ставате доењето. Зошто толку ви пречи доењето до 2 или 3 години, не разбирам. Да одговорам, го одбив затоа што сметам дека 3 години е доволно ако доенечкиот пар ужива. Ние уживавме. Ако имам второ, пак ке дојам до 3 години.
Токму така. Доењето после 1 година се смета за ненормално. Од мал број на жени добивав коментар како секоја чест на посветеноста, или не знам, браво за вас што уживате. Првите коментари дека е доста ги добив на 1 година. Зошто? Да не бил зависен од мене! Да не се поврзувал премногу. Да сум можела да излезам сама. Крупен бил! Заби имал?! Од кого да е зависно едно дете на година, две, ако не од мајка си? За кого да се приврзе? Каде да бара утеха? Јас не го родив за во прва прилика да го оставам на баба сервис. Ниту да одам по кафани или да патувам сама, со маж или другарки. Тоа беше пред да се роди, и кога ке порасне и ке оди сам. Генерално кај нас лошо се гледа на преголема поврзаност помеѓу мајка и дете. Како тоа да е хендикеп. Се очекува од мајката да роди и да направи се за да има дистанца. Доење - нема бенефит и се привезува; Градинка - мора да се социјализира уште од 1 година; Оставање кај баби и дедовци почесто - ако излезе прилика да одиш некаде.
Твоите примери се репрезентативни, а овде шо пишуваат жените не се? Тебе ќе ти веруваме и на тие двете шо ги познаваш ти, за да ти е полесно и мислиш дека си во право. Нема грешка Ти ги поби муабетите дека не јаде оти цица, а другите што им почнале да јадат од како престанале не битно е нели? Пресмешно А да. И следно кога ќе ми реплицираш немој ни случајно да пробуваш да ми протнеш зборови во уста што не сум ги кажала.
За доење не сум репер оти ќерка практично не е ни ден доена. За Ад пие уште пред спиење вечерно. И нудам јас не го одбива. Дали би можела да го прекинам, веројатно да. Не дека ќерка бара сама. Пример за доење (негативен), ми е случај од болница. Дете 2+ години, одбиваше секаква храна, и буквално барем 4-5 часа во ден поминуваше во доење. Плус преку 7-8 будења ноќе. Во овој случај дури и докторите инсистираа на одбивање. Од друга страна ми е исто пример близок, дете што на исто 2+ години пие по 1-1,5 литар млеко во деноноќие и одбива друга храна. Така да генерално млекото како тип на храна во големи количини го сметам за проблем, а не изворот од кој доаѓа.
Точно, општо за се во животот не е убаво ни премногу ни премалку. Најдобро е се да биде умерено. И многу храна не е убаво. После и во иднина имаат проблем со вишок килограми, што не можат цел живот да ги решат. А тоа за доењето во болница. Чим било во болница детето најверојатно било нешто болно. Не знам за вашите ама јас сите деца што ги знам од блиските вклучувајќи ја и мојата кога се болни ништо не јадат. И цел ден буквално се на течности. Па тоа што толку барало да цица не ме чуди, тие неколку дена цицањето им е и за жед гасење и за утеха и близина од мајката. Кога поминува вирусот бактерија што и да е, надоместуваат со јадење.
За конкретниот случај и самата мајка кажа дека и дома скоро па ништо не јаде, во главно е на доење. Делумно ради лоша крвна слика, делумно ради друга состојба беа во болница. Не беше инцидентно само тогаш екстремно доење.