Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.152
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    Е баш ме има прашано за детенце кое беше во инвалидска количка зошто го возат баткото како да е бебе. Стоевме на семафор и се истресе пред луѓето. И одговорив вистината дека баткото има проблем со ноџињата и не може да оди и мораат така да го возат мајка му и татко му.
    А за цицањево немав што да одговорам зашто мене не ми е природно и не планирав да си го лажам детето еве мама така треба, некои дечиња после диња бараат цицка.....
    Инаку на моето дете не му треба 26 мин монолог ама затоа на секоја тема ваква водиме пола саат дијалог со 40 потпрашања, па првиот одговор што и го давам е вистината, за да не се надоврзуваме со 40 извртени одговори во следниот пола саат.
     
    На fana, Mumoftwo30 и lovely91 им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.253
    Допаѓања:
    118.921
    Пол:
    Женски
    Убаво прочитај ме сега затоа што ова е последен пат да трошам драгоцено време на ... Некој ко ти.

    Доењето кај дете од 2 и кусур години Е проблем за останатата исхрана. Може да е главен или спореден проблем, меѓутоа проблем е. Не знам како мислиш дека бескрајно цитирајќи ќе ми смениш мислење.

    Да си доите. Слободно до кога сакате. :inlove:

    Само чисто како инфо, имам тук-таму некој врскичка, ако ви треба за во школо да ви стават столче до детето пишете ми. Ќе се потрудам да средиме :inlove:

    Дотогаш, бај.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    После 35 дена :drunk:
    Цел месец беше на 5 макарони, четврт чаша јогурт, 2 бисквити и чат-пат 3 залчиња лепче со ништо.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    45.679
    Пол:
    Женски
    Која арогантност ја имаш во мислењево. И вреѓање индиректно. Не знам што толку те додирнува, исто е како ние да почнеме сега да ти збориме зошто не си успеала да доиш, каква мајка си што не си доела.

    И не ми одговори која е причината твоето дете што не јаде кога не е доено?
     
    На Erika.greeneyes, Splendor., MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    10.423
    Пол:
    Женски
    A зошто мора препукавања да има до недоглед? Дојте си ги децата и до 5 години ако сакате, сите имаме право да кажеме што мислиме!

    Големиот го доев до 12м. нејќеше ништо да јаде да, од 4м е болен, се живо имаме фатено, секоја болест и настинка, секои 3 месеци сме во Козле, и тоа е репер демек го штитело доењето? Не, ништо не може да ги заштити тоа е факт, доев дека сакав и дека е подобро, поздраво за детето, престанав зошто морав.
    Секој со своето искуство.
     
    На LiquidLuna, Tea SK, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.888
    Допаѓања:
    110.059
    Пол:
    Женски
    Не е ничива работа кое дете колку ќе биде доено, напротив и безобразно е да биде нечива друга работа освен на мајката, дури ни фамилијата не е засегната од ова прашање. Но... Но кога на јавен форум ќе напишете нешто и ќе побарате мислење, очекувајте и одговор различен од вашиот. Јас многу работи имам научено на форумов фала богу и досега сум ги применила. Исто така релевантни се сите одговори, не може да се бара проценти и кој колку е во право кој не, моето пројаде ама се разболуваше почесто после одбивање, инстант и тоа, буквално за 3 дена се смени ситуација. Ете некое друго немало таква мака. И тоа не значи дека сме веќе 1:1 туку дека има и такви и такви случаи. На Фана пристапот е таков и тоа е тоа, не завива во украсна хартија ништо туку директно кажува и тоа не е никаков проблем туку треба да сме на чисто со сопствените одлуки. Мене ниеден форум не ме предомисли да дојам до 3 туку сама во себе си имав одлучено, гледав дека доењето му имаше направено проблем во смисла на спиење, заспивање, јадење и раздразливост, па прекинав. Да сум ги немала овие проблеми сигурно ќе сум доела бар до 2г, но се одлучив да прекинам и се средија сите проблеми што ги имавме па не се каам што прекинав на некои 17-18м. Ако бебе не прави проблем, не одбива јадење, не очекува само цицка и нема проблем за заспивање и спиење, нема зошто да се замарате, напротив, овој период на настинки, вируси, вадење на заби, уште полесно ќе го поминете.
     
    На azelea, LiquidLuna, Erika.greeneyes и 6 други им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    45.679
    Пол:
    Женски
    Не се препукуваме, да секој може да каже мислење, ама не можеш да кажеш на некој ајде прекинувај со доењето зошто уште доиш? Мислам какво е ова мислење?
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.253
    Допаѓања:
    118.921
    Пол:
    Женски
    Мислам од благо шо јаде. А и од шо е малце анемичен.

    Ненормално мислење е. И завидливо. Баш ко што вие мислите дека сум, оти на ерика и реков тука на форум да го одбие детето пошто не јаде оти цица.

    Твоето јаде? Ако јаде нека цица до школо кажав и погоре. Која е причината да не цица ако си јаде си пие се однесува најнормално ко сите, уживате вие ужива детето, до клупа? Прашањето е многу просто и едноставно.
    За разлика од вас, ЈАС прифаќам дека доењето може да не пречи на буквално ништо и следствено на тоа поставувам многу логично прашање зошто би го одбила еве пр. на 4 години? Зошто? Си јаде си пие си цица мама ужива дете ужива, сите среќни и задоволни и оп ... е сега ќе го одбијам.
    Зошто?
     
    На LiquidLuna, Tea SK, lovely91 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    45.679
    Пол:
    Женски
    Зошто од 2г, до клупа има мин 4г разлика.
     
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.253
    Допаѓања:
    118.921
    Пол:
    Женски
    А ти сега на две планираш да го одбиеш?
    Зошто?
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    45.679
    Пол:
    Женски
     
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.253
    Допаѓања:
    118.921
    Пол:
    Женски
    Аха. Е ако. Супер :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.754
    Пол:
    Женски
    Тоа што тебе не ти е природно, не значи дека е неприродно за сите. Така и треба да го објасниш.

    Има секакви неприродни појави, пример дете од 3 години да бута благо, како што си пишала, па мајките кои не даваат благо, не припаѓаат кога детето ке праша зошто батково јаде благо.

    Како и за секоја појава која на детето му е нова, така и за доење на 3 години ке објасниш дека некои деца цицаат.

    Доволно време изгуби, така да...

    Ти си таа што мисли дека ке не убедиш дека доење Е проблем за јадење. И дека сите ке се согласиме.

    Причина која си ја навела како најважна.

    Да ти одговорам зошто децата ги одбиваме: затоа што за се има прифатливо време. И до кога се цица, и до кога се носат пелени, и до кога се спие во ист кревет итн.

    За тебе е прифатлива една возраст, за нас друга. Само што ние не реагираме жустро и навредливо како тебе. :)
     
    На Splendor., strelec231992 и 1209 им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.170
    Пол:
    Женски
    Мајчиното млеко е нешто навистина најдобро што може да му го дадете на вашето дете, ама како и со се друго, се' што е претерано, не е добро.
    Доењето до поголема возраст, како и пиењето адаптирано млеко/кравјо млеко, неизбежно води до помал апетит за цврста храна. Полесно е да се наполни желудникот со млеко, отколку да џвака, нормално дека ќе се одбере полесното. Факт. Башка и анемијата што често се јавува кога детето не внесува доволно разновидна храна (колку и да е корисно мајчиното млеко како факт што не го негирам, сепак не е доволно за дете во развој над две години, нема од каде да создава кај детето резерви на железо) придонесува до намалување на апетитот и детето се врти во еден магичен круг. Во 99% од случаите е така, колку сакате негирајте го тоа.
    Млекото е основна храна на бебиња до година, после тоа не треба и не е пожелно да биде така, а кај нејадачите е најчесто единствен избор на храна, оти едноставно им е полесно, не се замараат со текстури и вкусови.
    Доволно возрасни познавам што пораснале на кравјо млеко и ден денес на свои 40 и кусур години имаат проблем со храна, проблем со текстури, бои и вкусови. И уште пијат многу млеко, што не е ни корисно. Доете ги децата, ама реално, нема потреба над 18 месеци, доволно е дотогаш. Не тврдам дека мајчиното млеко нема бенефит, оти секако се прилагодува на потребите на доенчето, ама дефинитивно не е доволно за тодлери и поголеми деца.
     
    На eli25, Mother of 2boys, Grungie и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    2.141
    Пол:
    Женски
    Оф оф оф, што убава бројка. Секоја чест на нервите мајка! Еве, денес мојот изеде 4 шпагети. Ги броев! Шмукалче одби, а тоа никогаш не одбива. Ќе си се наоружам со нерви, нема друго
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.253
    Допаѓања:
    118.921
    Пол:
    Женски
    Иначе да им ја претставам @Annath на жените мајки кралици овде можи некои ја знаат за тие што не ја знаат еве јас сум тука да им кажам.

    Анат е ДОКТОРКА!

    Анат не знае, ама мајките жени кралици знаат подобро од докторка и не само докторка туку и мајка која сето ова го поминала.

    @Annath cи го мерат срц тука, џабе ти им пишуваш што си учела таму 200 години, која подолго дои, неа и ставаат круна не знам таму веројатно некоја награда има :D
    :l:
     
  17. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Здраво. Да ми предложите од кои перници за дете од 2 години сте задоволни?
     
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    45.679
    Пол:
    Женски
    Не знам кој си го мери ама знам кој се улижува.
    Не го оспори никој тоа што Анат го кажува инаку, никој не рече дека мајчиното млеко е доволно за тодлери, да биде основна храна знаеме дека не треба и не смее да е и ниедна од мајките што дои подолго од 2г не рече дека е.
    Само ти правиш споредби и ставаш зборови во уста дека ние ќе сме доеле до школска клупа. Не знам само како не можеш да увидиш колку мислењата ти вриштат од навредливост. И не апсолутно не сметам дека ќе ми стават круна ако дојам подолго, не знам зошто би очекувала аплауз од некој за мој избор, мислам кој уопште рече дека доиме за да се докажеме или не знам што.
    И да колку и да не сакаш да признаеш, и пробаш да го прекриеш тоа очигледно сеуште ти е криво што не си доела, може да се види по секое мислење што го даде.

    Не знам како два подои во денот ќе направат детето да не јаде кога буквално еден е пред спиење.
    Нејсе не е ниту оспорување тоа дека може кај некои деца смета, и не е ниту тоа поентата зошто ти се обратив тебе во темава. Зошто безразлика каква си во реалноста, без влакна на јазик(мене инаку овие луѓе што велат дека немаат влакна на јазик ми се онака прекриено злобнички) кога даваш мислења на теми треба малце да бидеш посмирена во коментирањето, а не урипување со навреди оти поинаку не знаеш како очигледно.

    Инаку внуката беше доена до 3.5г и можеше и мене да ме изеде. Буквално на 2г јадеше 2 чинии грашок и бараше уште.


    На крај ме праша прееска, не планирам да дојам повеќе од 2г. Оти сметам дека е доста, до сега не сметав.
     
    На MikicaBt, Splendor., strelec231992 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.253
    Допаѓања:
    118.921
    Пол:
    Женски
    Јас на Анат? :rofl:

    Јас за луѓе што гледаат од високо пошто доеле и друг никој не смее нив мислење да им даде (на јавен форум, патем) и им набиваат грижа на совест (мене не реално, оти поминав тоа јас ама читаат тука сите па и не членови) на останатите кој поради било која причина не успеале, исто мислам дека се злобни, но тоа не е тема на дискусија.

    Досега се тепавте дека е супер да се дои колку подолго толку поубаво. Кога јас поставив прашање зошто тогаш не би доеле до клупа наеднаш тоа е навреда?
    Навредливо ли е некој нешто да го прашаш?

    Пораснете и научете се да дискутирате на форум.
    :hai:
     
    Последна измена: 8 февруари 2025
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    45.679
    Пол:
    Женски
    Не набивам уопште грижа на совест оти и јас моето не го доев првите недели и до година дена беше на комбинирана исхрана. Така да ништо не ми значи дали некој дои или не, ниту пак осудувам.

    И пак ќе кажам оти очигледно не сфаќаш. Мислење сите прифатија, прифаќам и јас. Начинот на кој го кажа тоа мислење ти е безвеза и глуп. Па сеа ти до утре ако сакаш расправај зошто доењето е штетни после 2г, ама ако го кажуваш на ваков начин пак ќе биде сфатено баш како такво. Злобно мислење од завидлива индивидуа.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.