Мајки дали давате сеуште гриз, палента на децата? Мојот има 2,5 години и сеуште јаде гриз со овошје (некогаш за доручек или ужинка) или пак палента со нешто млечно или спанаќ/блитва. Добив коментар дека е веќе голем за таква храна, а гледам и во градинка им даваат
Не завземај ко точак на удолница и порасни доволно за да разграничуваш што е навредливо, а што не. Тоа и за на форум и за вистинскиот живот ќе ти треба @velesanka давам и гриз и палента.
Денеска моите едната годинка, другата 4 имаа палента со јајце и јогрут. Не знам зошто би бил голем за таква храна…
Како давате гриз со што мешате, порано давав со ад млеко и какао или со овошје ама блендирано сега не сака и немам идеја како да давам.
Сега ќе ми кажеш и што треба да е навредливо за мене како индивидуа, а што не? Ајде доста е од нас на темава. Секако не можеш да се докажеш со човек како тебе.
Па види ваљда општо прифатено е дека безвеза и глуп начин на коментирање како фраза е навреда по аналогија и за членот што го пишува тој начин е исто навреда. Некој да го прашаш дали планира да дои до клупа не е. Да се сложувам, доста е, мора да се одржи нивото на комуникација
Јас Анат ја почитувам како форумски лик и го ценам нејзното мислење како лекар. Многу пати сум и се обраќала за конкретен проблем или прашање, секогаш одговара и знае што треба. Лично не ја знам, ама верувам дека е исто толку фина и умерена личност. Ставаш две споредби во иста реченица: доктор и мајка. Доктор може да е и личност која не е родител, мислењето сепак ке има тежина. Но, мајка може да не е доктор, и да има мислење и искуство, кое јас и други членки го имаме. Пак ке кажам, никоја од доилкиве не кажа дека не може доење да е причина за нејадење. Патем, во ниту еден момент јас не доев за да се пофалам. Ниту за награда или признание. Доев исклучиво заради бенефитите. Ни тогаш, ни сега, не седнувам на маса и не почнувам да зборам дека доев 3 години. Ако делат некаде награди, кажи, да земам. По можност стан во Скопје за мене, а за @Kallias2 стан на море затоа што доела подолго од мене.
Јас гриз со банана, гриз шумско овошје мед, гриз јаболко цимет, гриз било кое овошје и мелени јатки..
Како го правиш гризот? И што ставаш во него? Како бебе и правев гриз и заборавив како беше да пробам сега пак можеби ќе јаде, се едно исто јаде да смениме малку ако сака.
Најчесто го подготвувам со млеко, па додавам банана и какао. Ова и’ е омилена комбинација. Друга варијанта е со сецкано или рендано јаболко и цимет.
Палента повремено давам за вечера, со сирење/јогурт. Гриз немам дадено многу долго време ама ми даде идеја, како ужина да го вметнам со овошје. Не дека сега не би функционирало за појадок или вечера, туку мене не ми текнало одамна на тоа.
Стан на море за мене како награда да ми се додели или ме означуваш дека имам стан на море малку не го разбрав sorry ако можеш да ми реплицираш А инаку на море живеам јас и може затоа климата ни прија па се доевме цели 4 години
Не знаев дека имаш стан на море. Што убаво Не разбрав, живееш на море или ренташ стан? Стан на море како награда мислев. Скопје бидејќи денес не е лесно да купиш стан во Скопје, а ни на море. А не е ни лесно да доиш на вакви совети. Ете кај лежел зајакот... Да живеам на море можеби ке сум доела до кај 5 години.
ете гледаш не се разбравме, читам за каллиас стан на море и викам од каде знае дека сум на море Живеам на море,да. А не рентам инаку Ете кажав јас климата ни прија тука, и планина и море имаме, така да
За мене може ли една награда дека дојам еве веќе почнав 9 ти месец близнаци? Може не е кој знае што,ама јас сум си горда на тоа,напорно е,да,ама ми е убаво,е сега до кога ќе терам така не знам. Првата ја доев 22 месеци,овие не верувам дека толку,ќе видеме. Се приклучив и јас неповикана.
Ќе спобудалам, детево се исцрпи, живее на електролити и неколку чаши сок од јаболко веќе трет ден. Првиот повраќаше и имаше температура, два дена го исцрпи проливот на секои 20 минути, сега целиот е потпарен плачи од болки го мачкам со веледа, има некоја крема поефикасна?