Судокрем? Не знам колку е сериозно, ама на моево а малку му се вцрви газето, едно ставање и до сабајле е решено ... Е сега не е баш баш природна како веледа, ама поефикасна се покажа кај нас
За тебе вила на море, ништо помалку. Да имаш близнаци е верувам турбо, а уште да се втора бременост. Колку се разлика? Веледа со цинк или обична? Да пробаш со algoflogen? Лани му беше вцрвено газето и од едно мачкање со ова се смири. Инаку е за изгореници, ја носам на море, ама е со цинк и за оштетна кожа.
Никогаш досега не сме имале проблем, таа на веледа за пеленска регија ја имам, за обично црвенило помагала, ова сега дури и како отечено му стое. Цело време бара да му го сменам памперсот, не знае што го нашло. Во аптека на мм оваа му ја понудиле ќе пробам сабајле ако не помине ќе земам некои од овие што ми ги понудивте. Го ставив да поседи во вода растворена со хипермангант и заспа.. ќе видиме ноќва како ќе ја поминеме..
Турбо е ,секако да,ама се навикнав 3 години и 4 месеци се разлика,малку зезната разлика,ама тераме некако.Големата скоро наполни 4 год.малку посмирена е за разлика од претходно,за нијанса,ама има разлика. @MilaSs12
Ве читам за доење расправате. Моја најголема болка после принуден царски прв (по што мораше договорен втор) беше (не)доењето. Не успеавме и не да бидеме на ексклузивно доење, имам тесни канали фибро/нешто/блабла и имав недоволна количина, после 6 месеци комбинирано доење со измолзување и буквално мачење се откажав. Секоја чест на мајките што успеале! Ама...Неприродно ми изгледа машко дете над 3 год да лапа цицка, па потоа Едип бил мит, синовите "не" биле мајкини итн. Има нешто и во тоа што потсвесно сакаме да се зависни од нас, или едноставно тешко е да се премине на некст левел сакале да признаеме или не
Искрено не верувам дека оваа ке смени нешто. Јас ја користев за газе после менување пелена оваа павловичева и беше ок. Ама за воспалена кожа не би ја ставила. Ти треба нешто појако, оваа за изгореници е топ. Нека праша дали е за возраста ок, и дај и шанса.
Се воздржував да пишам ама навистина претеравте со коментарите за доењето. Направивте ко којзнае што да е, како мачилиште да е. Како да ги повредуваме децата или не знам што да им правиме. Апсолутно нема никаква штета доењето, и секоја мајка си знае и ќе си одлучи сама до кога ќе дои. Различни деца, различни мајки, различен сплет на околности. Исто пишавте дека и покрај доење се разболувале, секое дете е различно. Ама чим со доење толку се разболувало без доење може би било бетер. Не можете да знаете. И никогаш мајка што дои подолго време не набива грижа на совест на тие што доеле помалку, секогаш е обратно. Како нешто забрането да правиш ако доиш над една година, одма со осудувачки коментари од типот. Е што доиш млекото више е расипано на топлово и даваш од тоа млеко стоено во градите или коментар од типот не бе јас на година одма го одбив, ајде одбиј ја ја не знам уште што доиш. И ред други коментари. Одбивав на глупост. Да бидам искрена и после многу не ни знаеја дека дојам уште баш ради ова да ме поштедат од вакви коментари. Ама ако прашаа ќе им одговорев и не ми беше гајле за нивната реакција. И покрај многуте падови и подеми, непроспиени ноќи горда сум што издржав толку. Кога не бев мајка имав подруги размислувања во врска со доењето, зошто немав осетено на своја кожа. А сега искрено не ме интересира дали некоја ќе дои, ќе се одмолзува или нема да дои кој што сака нека прави. Само многу модерно време дојде и мајките што имаат млеко а не сакаат да дојат воопшто од старт се тапшаат по рамо, а тие што дојат до 2 години се осудуваат. Од една до друга крајност.
Мене ми е крајност до 2-3 години само мајката да го успива детето и ноќе да го презезаспива со цицка. Искрено чудно ми е да форсирам толку да биде поврзан само со мајката а не со двајцата родители. Само тоа ми е проблем со продолжено доење и чудно искрено. Му давав шишенце со молзено или АД на старт, имав некој страв ако мене ме снема да не биде оставен гладен. На 6 месеци почна да одбива шише. Ама не осудувам и секој си знае за себе, никогаш не би се осудила да дадам таков коментар како не јаде затоа што цица или не спие затоа што цица. Баш и јадеше и спиеше моето на таа возраст. И имав грижа на совест затоа што го одбив на 1 год и 5 месеци, зашто тој се уште уживаше, ама јас не можев понатаму.
Ова да се болдира. Мајка која дои никогаш не сум прочитала да осуди некоја затоа што не успеала, или зошто доела толку кратко, зошто одбила на 1 година а не на година и пол. Додека цицаше заспиваше само со цицка. Но, беше поврзан исто толку и со татко ми. Таа поврзаност се должи на тоа што татко му е целосно вклучен во неговото растење. Од менување пелени, до поминување време сами, носење на лекар, хранење... Колку и да беше најприврзан со мене до 3 години, сега со татко му има повеќе заеднички активности, особено спорт и фудбал.
Сите се трудиме исто да ги третираме...Сите го сакаме најдоброто за своите деца, и неоспорно е дека мајчиното млеко е нешто најдобро и уникатно! Но деца веќе формираат трајна меморија на возраст над три години, Фројд и други пишувале доста на таа тема... За детската сексуалност,развивање на едипов комплекс,развивање на други комплицирани механизми во човечката психа.... @MilaSs12 баш ме чуди зошто се најде погодена од мојот коментар, не беше наменет за тебе лично, па со прашањето накаде ми оди умот?
Ќе ја земјме денес, прелошо стана. Отцртан е целиот како што го носел памперсот, не можи ни да седи ни да оди.. и сеуште има пролив…. Среќа сабајлево почна да јаде, не очекував дека толку лошо ќе поминеме
Ако е многу воспалено и ако не помагаат кремиве. Прашај доктор дали може афлодерм во комбинација со канестен. Ќере еднаш од памперс стана црвена не беше страшно ама од ништо не и помина, оваа комбинација и помогна. Едит: за проливот што даваш?
За проливот давам фурал, про лифе шишенца, и сите можни чаеви… Spoiler: Спојлер Оваа е малку матна слика што го сликал мм, во живо изгледа пострашно..
Сега ќе побарам дали ги имам дома, во меѓувреме и пишав на дерматологот, само не знам дали ќе ми одговори..
Душичка, ова сигурно многу го боли. Пробај таа комбинација само 2,3 дена. За проливот ентерофурил најдобар мислам дека е.
Имам уште една дилема, во меѓувреме зедов памперси од кам лалин, пред тоа користев актив, баш кога почна вирусов забележав дека тие повеќе држат, и прикупив. Дали е можно ова да е и од памперсот? Бидеќи е исфрлан баш како што му стои памперсот..