Тие Лалин се жива пластика, на лепак мирисаат. Тргни ги и пробај со нешто попамучно, поедноставно. Лалин е ужас од пелена, тоа гелот внатре искачаше и му се лепеше на кожата.
За слично вакво црвенило имаме мачкано белогент со канестен. Консултирајте се сепак и со лекар за употреба на вакви креми, ама дефинитивно е за нешто појако од судокрем, веледа и слично.
Ниту еден дерматолог а ни доктор не ми одговори, во аптека каде што редовно пазариме ни ја дадоа Антифунгол. Го намачкав и седи сега гол без памперс..
За слично црвенило дерматолог ни даде Афлодерм плус Дактанол наутро и навечер. Во меѓувреме на секое менување памперс од СебаМед кремот за пеленска регија, плус Цикабио спреј. За неколку дена се повлече ама сепак само по совет од лекар.
Пишав погоре каква маст ни препорачаа во аптека, до утре ако не почне да се повлекува ќе го однесам на дерматолог. Ви блгодарам на сите
Со вода ги капи барбиките и бебињата секој ден во мало легенче и најдолго игра така. Имаме и мијалник што тече, ама во лето со него игра, повеќе вода се прави дома. После е лепење стикери и боење со фломастери. Купив секакви дрвени едукативни играчки и многу ми е криво што не се заигрува воопшто.
Син ми има кујна со неа најмногу игра, сече овошје, готви и сл Плус вози точак, тротинет и трактор. Толку.
Мојата игра многу со коцки, сложувалки сака исто ама од тие поедноставните. Скоро почнавме со слајм и пластелин фигури да правиме. Со боички сака да шкрта демек бои лом ги прави боенките. Со балони и топки игра, топките ги обожава па како шутира, ќе биде може фудбалерка И со плишаните играчки си игра,а имаме и доста играчки на батерии на пример зајче,желка кои се движаат и скокаат имаат и музика и тие и се доста интересни. И мојава многу сакаше со вода ама не ја оставав дека лом правеше, балони од оние со сјај што се многу ги сака дури и сама ги дува и цела вода се прави Генерално тоа, друго не ми текнува во моментов.
Моментално со блокче и мрсни боички најдолго игра, потоа со овошки на лепенки, сите ги научи така, едни коцки ама не се коцки класични туку големи пластични се, ако најдам слика ќе ставам, од Стокомак се купени.
Моментално игра со се, ама баш со се. И кукли/синтетички да заспива, храни. И со боенки/пиши бриши да бои, чкрта де повеќе од што бои. И коцки реди. И со книги со лепенки се заигрува. Е тука мене коса ми се крева, бидејќи лепенки собирам на сите страни ама ќе надмине толку растурање надежно.
Маж ми е сега со вирусов, 7 дена пролив и два пати инфузија, малото повраќа денес се надевам на тоа ќе остане. Инаку он пиеше фурал, а после му препишале оној другиот, ама во аптека пријателката ми рече исти се, само име различно, така да терај со што си почнала.
Леле 7 дена?? Ќе скренам ако е толку многу, денес некако потврдо и помалку кака во споредба со вчера. Јас се надевам од утре ќе прекине. Да не те плашам и син ми првиот ден само повраќаше, од наредниот имаше пролив и повраќаше само кога ќе се закашлаше и тоа шлајм. Денес е 4 ден значи и на спиење му менував памперси од што беше толку често.
Не ме плашиш, очекувам искрено, ама сепак се надевам дека нема. Да 7 ден денес, ама он не е веродостоен оти има МС и е на имунокомпресирачка терапија, така да да имунитет нема и веројатно затоа многу лошо го поднесе. Имаше тт 35, и притисок 80/50, па на итна бевме, ама тт уште не се качува над 35.7-8. Кај мене помина со 2 дена пролив и 3-4 дена гадење и малце главоболка ама не беше страшно вака како кај него. Се надевам ќе му помине до утре на твоето. Инаку црвенилото е највеќе од памперсот. На нас еднаш се направи од некој сменет памперс и канестен ни дадоа во Ремедика баш бевме тогаш на Нефрлог и она ни кажа и стварно сменив памперс, два дена канестен и помина. Јас виолета корстам, поскапи се ама дали 1-2 пати бил поцрвен.
Многу лош вирус, во 2.5 години не се случило син ми да не јаде цел ден, а сега 3 дена живееше на електролити и течности… Јас користам памперс актив, син ми пие многу течности и секое утро станува прокиснат до гуша. Тој проблем го имаме од кога е роден, сум ги пробала сите врсти на пелени и никогаш не се исфрлал вака, баш ден пред да почне вирусот бев во кам ги видов и се задумав да ги пробам. Искрено не ми прокисна со нив и на толку течни столици, но се вратив пак на активот бидеќи знам дека не му прават проблем. Ќе видам како ќе биде сабајле, плус проблем ми е што цело време кога кака го одмивам и фактички секоја маст што би ја мачкала не стои подолго од 20 минути.
Ние поминавме лесно, еден ден темп. до кај 37.7, 5 дена пролив.. И по некое чудо се разјаде баш тогаш. А весела беше, не седна, не беше ни како болна.. Само си какаше, често
Највеќе си игра сложувалки, со коцки прави кукичка, кули. Едно време си играше со печати и бев купила и на нив има животни, предмети ги научи сите, со нив највеќе се има изнаиграно и сега понекогаш си игра. Сега најново и е и купив едни мали топчиња во сите бои и има како табла и таму ги боцнува може цветче да се направи со нив било што. Ама она највеќе си игра со нив ги става во камионче па со лажичка ги префрла во хартиени чаши. Од кујната во фиока имам смоки, макарони, супи такви работи па оди со количка бебешка за играње со кукли и става смоки во неа зима карти демек пари и иде во маркет . Зима шноли ми става на косата и друго не знам што беше, имаме доста занимација ама понекогаш се и здосадува со ништо не сака да си игра.