Уште крева 38 два пати на ден и спушта без сируп. Арно ама пак кашла со секрет, ми личи како да има спуштено пак, а пред 10 дена беше исто. Сега го носам на доктор, ќе видам што ќе кажат.. Цела година не беше болен, сега наплати за тоа
Дали навистина мислиш дека мајки кои дојат до 3 години имаат некаква намера со своите синови? Да направат Едиповци или како? Се надевам дека во афект е пишано ова и ке се извиниш јавно за ваков муабет. Мислам дека немам прочитано нешто пострашно...
Пишав над три, како Фројд што анализирал... А сега објасни ми зашто да се извинам, на кого??? Ако не ти се допаѓа моето мислење прескокни го, не го читај, нит некого навредив нит посочив. Ако ова е најстрашното нешто што си го прочитала, што уопште имаш читано? Совет: (прескокни го Миласс12,страшно е) Ако раснете деца, читајте малку и стручни лица што кажуваат, не само форумски ликови
Дали сериозно Фројд го пиша? И дали обвини мајки еден куп што дојат дека не знам таму што.. Најстрашно е и за мене дека доаѓа од друга жена, вајда жена си.. Ако си маж, не знам што да речам... А со женскиве деца што цицаат до поголеми, што им правиме??
A tebe ti e ok eve primer 4 ili 4 i pol godishno dete da cica? Pa uste koga kje vidam deka pisuvaat oti so teshko srce se odbile. Mislam ajde... I doilkive pagjaat vo nesvest.
Мислам доста и е на темава, не? Не знам како ви се дискутира кога некој ви кажува факти од научници али ај. Нит некој рече дека е штетно доењето, нит рече дека не треба да се дои, нит дека е безобразно. Ама на 3г доење не е хранење, емоција е.
Еве не знам што ви е? Што се палите? Ај читајте без агресија се што пишав на темава, пишав и за доењето и за деца дали имам итн.. Ама тоа е ирелевантно, не посочив никого што прави, што треба да прави и т н, само кажав за една етапа од развивање на човечката личност, која почнува над три години и врз која може да има влијание активноста доење. Еве вака ако не ви звучи навредливо. А за да звучи навредливо, можеше да пишам: Вие доите четиригошни деца и сега гуглате што кажал Фројд на темата
@Tea SK како го пројдовте периодот на адаптација со бебе и малата дома? Страшно е, прелута е, постојано писка, фрла работи, него не го закача демек го гали ама ептен сомнително. Плаче во сон, мене депресија ме фаќа не знам како да се справиме веќе, ептен ми е криво. Заедно не можеме да спиеме пошто и бебево ќе ја буди. И објаснуваме, и збориме ама џабе е.
Мојава апсолутно никаков проблем немаше со бебе...со нас и беше проблемот. Не знаеше како да искаже љубомора, исто праеше, непослушна до даска, плачење за глупости. Се до моментот дур не дознав што ја мачи навистина, сакала со мама да спие, не само бебето да спие со мама. Ја вративме во спална сите на куп спиеме. Тотална трансформација. Препослушна е, како ново дете. Е сеа ја буди малиов во 6 сабајле ама па почна пак попладне да спие...пробај може и кај твојава е тоа. Колку направи бебе?
Уф, ќе пробаме вечер заедно тогаш, малце е проблем пошто бебе плаче многу на менување пелена, а кака често… 7 дена, ептен сме тазе, знаев ќе има реакција ама не до толку.
Да е живо и здраво . Рано ви е, ќе се уходате, ќе се навикнете. Пробај да не ја тргаш од соба, како мене некој не ми кажа порано дека тоа е проблемот, 4 месеци душа ни вадеше.
Косата ми обеле!! Помина стомачниот вирус, во меѓувреме во понеделникот бевме да го прегледаат немаше ништо на гради, многу секрет од нос се слева и ни дадоа инхалација со дексазон, па од вчера е со кашлица. Е сега.. Денес го стрижевме и го капев, помина се во ред и мм му ги чепкаше ушињата со обична чепкалка, после 10 минути почна да плаче и да се држи за уше. Значи плачеше цел еден час и тоа премногу па дадов блокмакс во меѓувреме, бев спремна да го носиме на итна но само повторуваше нани нани и заспа, претпоставувам проделува блокмаксот и еве саат и пол спие без да мрдни и да се накашла. Утре сум во план да го носам на доктор да го проверат. Јас мислам дека мм го има подлабоко чепнато со чепкалката а тој вика вода му има влезено, ама како толку ќе плаче од вода не го капам прв пат… Што мислите?
Може му има од чепкалката останато во уво од памукот. По некоја логика. Нека го провери доктор подобро.
Od sekretot vo nos e. Tesni im se kanalite i mnogu blisku edno do drugo i cesto od sekretot od nos odi vo sredno uvo i nastanuva vospalenie. Milion pati kaj moite se ima sluceno toa. Se sreduva ili so antibiotski kapki vo uvo i vo nos ili antibiotik da pie.
Тој е подолго со секрет во нос па не знам ако е така дали е толкава коинциденција со капењето и чепкањето.. Сепак сабајле ќе одиме на орл да сум чиста, правен е операција (миринготомија) пред 3 месеци …
Моево кога доби воспаление на уво, не се ни жалеше на допир, ама пред тоа си играше во базен, вечерта качи 40тт и останавме во болница, мада тогаш беше мал и не знаеше да каже дали го боли, ама по плачењето и жалењето дефинитивно го болело. Не мислам дека е коинциденција, веројатно почнало воспаление па со чепкањето осетил и болка. Јас би рекла да го однесеш за секој случај, да не се влоши и ова па да имате мака пак цела недела со уши и тт.
Со чепкалките му е бутнат церумен навнатре и од притисокот врз тапанчето го боли, моево често има такви проблеми поради премногу создавање церумен, му се прават чепови и ако се поместат навнатре го боли. Јас го носам на перење уши понекогаш, немам избор, иако дома ставам во уво течност за чистење, не е доволна.