Чекај, вечерва ќе го почниме трицефот, ако го испие можи да кажам дека сме на коњ Да не прекине да ги пие и останативе после него
Мајки да прашам како сте со забно? Имате направено веќе прв преглед кај 2 годишни деца? Јас сеуште немам ниту заболекар најдено за син ми па на мисла ми дојде дали е време. Вака супер му се забите немам приметено нешто, редовно ги миеме и нема ниту едно црно или криво запче
јас мојата забарка ја прашав ми рече после 3 години, сеа се мислев баш дека и е време да ја однесам барем да ја ѕирне
Незнам дали има права возраст, ама најубаво пред да има проблем или болка за да се запознае. Големиот имаше проблем со изронети единиците му правеа проблем со гризење и џвакање, па му ставаа фасети на 2 години и 5 месеци. Претходно 1 бевме за да се запознае со околината и докторката.
Фала ви. Ќе се распрашам веќе како е тука со забно за деца веќе, да си имаме стоматолог веќе недај боже да затреба па тек тогаш се да трчкам
Техники за реагирање кога ничим изазван ќе почне да не удира по дома. Има бебенце братче и помини-замини си го удира по глава. Со зборење не реагира-устата пена ми фати. Ништо од gentle parenting
Ќотек се РАЗБИРА!!!! Вие што планирате да ми скокнете на овој коментар, ќе ве молам да ме прескокнете и да оставите ние НЕНОРМАЛНИТЕ да ги тепаме нашите големи деца кои ги тепаат нашите бебенца оти се љубоморни и СМЕ пробале на секој можен начин кој вам ви паѓа на памет освен ќотек и НЕ успеало. Вие ПРЕмајките со ЏЕНТЛпарентинг ве молам да ме одмините и да продолжите да гледате како бебенцата ви се ќофтани од поголемите деца и не преземајте ништо пошто така е сега модерно
Ние кога не удира нас го оставаме и се тргаме. Или ако е во дневна со играчките и удира, треска и сл го носам малку во спална да направи пауза и да се смири. На игралиште се има случено да проба да скубне или удри дете, тогаш одма дома одење во истиот момент и сега одамна го нема направено тоа.
Што после тантрум? Како да се зареков, ја пофалив пред некое време дека е топ, па од глава ми се удри. Денес вриштеше сат ипол. Ја игнорирав. Се смири што се смири, ама мозокот мој колатерална штета, жртва на тероризам. После сат ипол плачење и дрецкање се расположи како ништо да не било, а јас ко зомби, гледав во празно. И како јас да се поставам спрема неа после ова? Па не ми доаѓа ни да ја гушнам, ни да се насмеам, ниту пак да правиме нешто. Уште имам главоболка, џабе бруфен пиев.
Не проаѓа ни кај мене. Особено ме вади од такт кога гледам дека скришно сака да го "казни" помалото, е тука збеснувам зашто по милион пати зборење дека бебе е и не разбира, па си добива малку по газе, за да сфати дека сила не се применува врз послаби,секогаш ќе де најде некој посилен и мора да има правдина. Кој сака истотака бујрум нека осудува
Воопшто не го осудувам ќотекот како мерка, ама во ваков пример, каде што детето секако применува сила на помалото, не мислам дека исправно е да се реагира со ќотек. Која е пораката тогаш? Ти не може да тепаш, ама јас ќе те тепам тебе за да не го правиш тоа. Ми нема логика, има ситуации и ситуации, оваа не ми е за ќотек. Мое мислење, нема врска со нежно родителство.
Епа ако сила не се применува на послаби, како ударањето по газе ќе му го покаже тоа на детето? Зар они не е послабо од тебе, зошто ти му се силиш со ќотек? Заради вас ги удираат помалите, оти веројатно не сте доволно трперливи на друг начин да го решите проблемот.
Тебе ти кажав ко на најнормална во групава дека ако ти требам за врски во школото на твоето дете за да ти обезбедат столче до него за да уживате во доење и ти и детето, да ме бараш. Не знам што не е јасно. А КОГА ќе имаш второ (пошто сега немаш) остави го ова првото нека го ќофта по глава, дур ти тандем ги доиш.
Ах трпелива ич и не сум. Но! Не му се силам, му покажувам дека ќе добие еднаква реакција на неговата акција. Затоа што малото го удира од причина што не разбира,се смее и го млатнува со рачка од нешто, ова му враќа назад а многу добро е свесен е дека не разбира. Тоа е тоа. Разбирам јас и добива една воспитна (после многу обиди да се објасниме) Ај дојдете до две и ќе ви текне што зборам. Ќе ве јаде неправдата кон помалото, зашто поголемкото немало некој што ќе го млатнува чат пат из чиста мира и ќе би биде криво ако малото тоа го доживува,а објаснувања не поминуваат и не... И не ми реплицирајте, дрска сум
Ако Макар што не, не ми е хакнат. Штом ви е супер, дупер, нормално дете од 5 години ( ќерка ми пример беше толку кога се роди брат и кој имаше едвај 3 кила) да го шлака по глава новороденче терајте така, gone with the flow вие бидете нормални и оставете ме мене да сум ненормална. Јбг сеа.... Некој мора и ненормален да е, не може сите да сме нормални, да сме џентл парент, да доиме до пуберетет и да правиме слични нормални работи кои ги носи новото време