Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    45.681
    Пол:
    Женски
    Ау извини на дрскоста. Касаш. Да не те реплицирам ама твои деца твои проблеми кои очигледно не знаеш да си ги решиш па дошло до момент ќотек. ОК.

    Правилно родителство е да не му укажуваш на лошите работи со уште полоши, туку да го седнеш и увидеш проблемот. Со тоа што ќе го плеснеш само во неговиот ум му даваш до знаење дека ќотек со ќотек се решава, па ако малото го удира и ова му враќа е затоа што така го научила мама, а не затоа што разбора, а не сака да примени.
    Не е битно колку деца имаш, ако си добар родител ќе бидеш и на 1 и на 5.
    Ако не си трпелива поработи на себе, не се сили на децата.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    2.153
    Пол:
    Женски
    Не викам категорично не, можеби во некоја ептен екстремна ситуација би одговорила со ќотек...но, за вака секојдневни инцидентни удирања би пробала прво "се живо и диво". Она агресија-раѓа агресија?! Не мислиш дека ќе има контра ефект?

    Сега прочитав. Ќерка ти била во години кога може и нешто да разбере од ќотекот. Мојот е 2 год и 2 месеци. Бебето ми е 11м. Нивната разлика е цели 14м.
     
    Последна измена од модератор: 17 февруари 2025
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.261
    Допаѓања:
    118.955
    Пол:
    Женски
    Па за екстремна зборувам срц.
    Пишав подолу во текстот, кога секој метод ќе се исцрпи и не вродува со "плод" следно (односно последно) е ќотек.

    Шубаво заедно ќе си играат кога малку ќе пораснат :inlove:

    Види ... Мало е "големото" и за со муабет да и објасниш срц, а не пак со ќотек... Трпение само. И да те :hug:
    Тоа имам да кажам.
     
    Последна измена од модератор: 17 февруари 2025
    На Mother of 2boys, Tea SK, DELFINA81 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    2.153
    Пол:
    Женски
    Ова треба да се проба! Фала
     
    На LizzyGrant и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    45.681
    Пол:
    Женски
    Како може да нема контра ефект? Децата макар било и 5г нема да го поврзи казнувањето си ќотек со причините заради кое го добило истот, ќе се сеќава само на болката од ќотекот.
    Место да се седне и да се разговара со детето и да се праша зошто и од каде потекнува љубомората кон новиот член, они посегнуваат по најлесниот начин од сите решенија. Родителите сами не можат да се исконтролираат и да бараат соодветен пристап, а очекуваат 5г дете да се изрази и да каже зошто удира. Мислам родител со тантрум очекува да смири дете со тантрум со ќотек.
    Полош совет одамна немам прочитано.
    И да одговориш со ќотек само ќе покажеш дека тоа е соодветна реакција на нервозата и лутината. И може ти се чини дека нема да има последици ама верувај ќе има.

    Луѓе маж ми е дете кое е тепано буквално за тоа што бил љубопитно дете. За ништо. Ден денес има проблеми со контрола на бес, многу години работа и работа му требаа да дојде до степенот на контрола кој го има сега и пак не е како што треба.
    Не се лажете дека еден шамар не значи ништо.
    Ако ние возрасните не прифаќаме некој да не удари, партнер посебно, зошто тоа ми го примениле на наше дете?
    Јас и брат ми не сме биле тепани, ама ич, знаеш што значи воопшто? Уствари лажам еднаш мајка ми го истепа брат ми зошто сакаше да се прекаче преку тараса од 5ти кат. До ден денес го збори тоа тепање и 100 пати прошка му бараше.
    1г сме разлика, дали мислите дека на моите и било лесно да се справат со две деца, ама сепак никогаш не не удариле и ден денес се строго и категорично против ќотек.

    Можеш да седнеш и убаво да му кажеш зошто не е убаво да удира, да ги прашаш што го лути, да пробаш да му посветиш повеќе внимание отколку на бебето. Секогаш кога ќе има потреба во исто време со бебето прво одговори на неговата потреба, бебето секако не разбира и ништо нема да му биде ако плаче малце подолго. Ама со ваков пристап ќе му дадеш до знаење дека уште е битен.
    Ког бебето спие не вели му биди тивол бебето спие и постојано со тоа не прави ова не прави она, туку речи му еј ајде да бидеме тивки за бебето да спие повеќе, за да можеме јас и ти на раат да се дружиме.

    Нормално е да се љубоморни, до сега биле сами и најсакани, сега ве делат, Пробаат да покажат фрустрации на тој начин, со тоа што ти ќе му пристапиш поинаку ќе му покажеш само дека во момент на лутина не треба да бидеме злобни кон другите.

    Кај моето кое е скоро на возраст како твоето, кога проба да гушка други деца малце поагресивно или да ги удира, или да не удира нас, иако ретко се случува, обично го фаќам лесно за рацете и велам ауу колку убави раце за галење, види како сакаат да галат, тие се за галење и упорно го кажувам зборот галење. На оваа возраст ретко го перципираат не, не се доволно развиени за да го сфатат. Некогаш може ќе разберат ама генерално не им се слуша. Па пробај да го пренасочиш на нешто друго да прави место да тепа. Ова со рацете секогаш пали и сега кога игра со куклите го гледам како со рацете им прави гали гали, оо раце галење раце галење повторува. Другарка ми има помало и еднаш(кога беше околу 8-9м) сакаше да ја фати за шија да ја гушне силно, едвај го тргнавме, многу јак тантрум имаше после тоа, потоа кога се смири го прашав зошто ми рече зошто така јас го гушкам бебето. И вистина, сфатив дека јас сум крива оти го земма неговото бебе играчка и го гушкам и велам леле мама силно сега ќе го гушнам оти многу го сакам… Буквално секое наше понашање го имитираат, па и ќотекот џабе ако ние им кажуваме дека не треба да тепаат, со тоа што ние би ги удариле они пак ќе тепаат, оти децата до 5-6г главно учат од гледање постапки и дела, а не зборови.
     
    Последна измена: 16 февруари 2025
    На Secret-Angel7, Erika.greeneyes, strelec231992 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    2.243
    Па пишав после многу објаснувања, ама ако сте критички настроени читате како што ви одговара. Да разглабам ли колку му објаснувам,што све имам пробувано на моменти... а уствари само се надоврзав на муабетот на Фана.

    Од страна гледано и теоретски, во право си. Веќе години пробувам да терам право ама не успева секогаш. Редактирам: шест години се разлика...

    Туку што ѓавол ме натера да пишувам воопшто тука :D
     
    На Mother of 2boys, fana и 1209 им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.931
    Допаѓања:
    110.262
    Пол:
    Женски
    Не сфаќате дека не сме сите исти. Еве денес и јас сум прегорена и доби по пелена и малото а за малку ќе добиеше и големото. Цел ден квичи малото, големото цел ден избегава да изврши обврски иако пола од денот не ни беше дома, јас со болки ненормални во кичма и обврски еден тон да ги завршам и ова квичи зошто неговото моливче е 3мм помало од на брат му... Досега не е плеснат, ама денес да не се воздржав ќе си добиеше ќотек асален. Прегорев едноставно. Не е дека јас сакам да ги ќофтам децата, со нив ако не е зборено не знам со кое дете е зборено, едноставно прегоруваме и ние како родители некогаш. Обврски, ручеци, чистења, алишта, перени, пеглани, те боли нешто а нема застанувачка, се губиш некогаш едноставно. Е после криво ми е, ама тоа е, не можам да го вратам времето. Денес врвот го достигна малото од беснотилук. Криво ми е за големово, сто пати собра играчки, ова сто пати растури, јас диплам тој растура, диплел и он божем, а јас едвај стојам од болки... Па се научил да џитка, да фрла ако не му е по ќеиф, до сега два пати го имам станато од маса без да јаде зошто ми турнал тањир, еднаш буквално ги оставив со татко им и излегов со тањирот надвор, им реков да не ме чепкаат додека не се смирам. Идеше ко маче после се галеше, ама го игнорирав малце а душа ми се кинеше, ама не знам како поинаку да му објасниш на 2г дете. Ќотекот не е одговор и не е начин, ама ако најде некој начин да му објасни на 2 годишно дека не смее да фрла предмети од бес, нека дојде да ми покаже и рака ќе си исечам ако удрам дете по пелена пак. И зборено, и покажувано, и играно циркуз да сфати и не и не, она што он наумил, она што он сака, она што он ќе реши... Е не сум родител што ќе го остави да прави што сака и да излезам со него да го видам кај ќе ме носи, мене никој не ми прави ручек, се мене ме чека, мене никој не ми чисти, а дома не трпиме нечисто, никој не ми ги чува и ако го оставам да си го тера ќефот да му стојам на готовс, ќе биде бетер. Затоа постојат правила и мора да се почитуваат, не се тепаме, зборуваме, ама ете, денес во немоќ да му објаснам и во агонија од болка, пелената настрада. Многу плачеше, јас уште повеќе од него, се гушкавме после, он плаче, јас плачам, јас му бришам солзи, он ми брише солзи, не пачи мама, нема више и тоа траеше пола саат, ама се смири и не џитна ништо повеќе, собра играчки со брат му и без збор отиде на спиење. Е мама нема да спие пола вечер зошто сум го плеснала по газот,ама тоа е.
     
    На LadyD, Mother of 2boys, Erika.greeneyes и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.570
    Допаѓања:
    7.368
    Пол:
    Женски
    Дека тестираат граници, тестираат. Еве на ќерка едно 200+ пати и имам кажано дека не смее да каса, неколку дена трае тоа и пак ќе најде прилика да ме касне. Во главно мене и во главно кога сака да ми привлече внимание, баш во моментот кога нејзе и е тоа зацртано. Дали сум облекувала пижами или пример јадам. И знаете што ми доаѓа во моментот, да и залепам еден шамар, преку цело лице.
    Не добила, ама во момент на афект или ако неочекувано се случи и те како и свесно и несвесно може да добие. А сме зборувале и ако ја сетам предвреме ја запирам во намерата. И сум "ја оставила", да си излезам во друга соба, и сум ја гушнала, па да се објаснуваме дека не треба така. И цел ден сум ја игнорирала, сите обврски околу неа да ги врши татко и.
    За дете од 2 години правиме муабет. И знае да повтори со збор дека не треба да се каса, дека тоа боли, ама пак си прави по нејзино.

    Еве и момент од денес. Ја земам да смениме памперс. Во главно е мирна и не се буни, не прави проблеми за менување пелени ама денес реши да клоца и таков удар во стомак добив што мислам останав без воздух. И да прва реакција дека и јас треба да ја удрам, како одбранбен механизам и реакција на болката. Не доби удар ама доби карање, висок тон, за кој ама пак ич не ми е жал. И стана да се гушне после тоа.

    Знам дека на 2, па и 3 години не се свесни за многу од работите и не знаат да се искажат ама и ние ко родители еве пак и посебно мајките "прегоруваме" од куп обврски и си има влијание. Кога цел список на работи што треба да ги завршам за дома, за на работа, за дете ми стои над глава, последно нешто што сакам е секој ден за истото и истото да се објаснувам.
     
    На Mother of 2boys, Erika.greeneyes, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.757
    Пол:
    Женски
    Фала. Имам веќе изберено учителка, а освен ако не си директорка на школово, а не си, слаба ти е врската.

    Ако моето 5 годишно дете треба со ќотек да го воспитувам и укажувам дека не треба да го ќофта помалиот член, тогаш ке сметам дека сум потклекнала како родител.
    Тука збориме за дете кое е малтене спремно за на училиште. Дете кое само јаде, се облекува, знае да брои и раскажува, игра самостојно.

    Ама изгледа од што си експерт за доење = нејадење, темава за ќотек и лошото влијание по повеќе точки на сите возрасти, не си ја утвдила доволно добро.

    Најдобронамерен совет, наместо со нас да се натегаш до кога треба да се дои, дали смета на јадење или не, поработи на твојата агресија и воспитување на поголемото дете.
     
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.261
    Допаѓања:
    118.955
    Пол:
    Женски
    Штета што мислиш дека само директор е врска ама супер... Една грижа минус ... Да не те мислам бар тебе упм...

    Како да го воспитувам моето и поголемо и помало дете сигурно нема да те прашам тебе.

    Ти биди си експерт во родителство, во доење, во психологија итн, а мене остави ме потклекната да бидам обичен родител на моите деца.
    Гледам какви генерации излегоа воспитувани од експерти. Пу пу скраја да е и подалеку од мене и од моите деца. Обична, старомодна, неука и потклекната ќе си бидам јас:inlove:
     
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    8.023
    Пол:
    Женски
    Не сум мајка се уште, ама како ја нападнавте членката, како да ги тепа децата до смрт.
    И самата членка објасни кога го удрила детето и сигурна сум дека не било силно мавање, па да остави трауми и болки физички и психички.
    Дека некогаш да се удри детето, има ефект, кога немаат ефект објаснувањата, зборовите и повторувањето. И да земеме во обзир дека и нервите на мајките се ограничени, па немаат бескрајно трпение. Посебно не оние мајки со две, па и повеќе деца, кои треба истовремено да менаџираат поголемо дете и бебе.
     
    На LadyD, Mother of 2boys, TheSecret и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    45.681
    Пол:
    Женски
    Ама децата не барале да се родат кај неспособни родители нели?
    Нема оправдан начин на тепање, а вие како сакате воспитивајте си ги децата постоечки и непостоечки и правдајте си ја психата дека ќотек некогаш е оправдана мерка оти мајката била прегорена. Оти само они се мајки и само они знаат како е со две деца, и само они се обични луѓе, оние кои избираат зборови се богови со живци ортоми па можат и поинаку.
     
    На kalinaka и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.757
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто би мислела за Мила од форум. Но, нејсе.

    Би се согласила дека си неука. На денешно време, при толку информации за тоа како ќотекот влијае врз децата, на насилство да одговориш со насилство, и тоа кај 5 годишно дете, мора да е неукост.

    Барем сакам да верувам дека не знаеш за последици, па затоа и ти го ќофташ детето.
     
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.261
    Допаѓања:
    118.955
    Пол:
    Женски
    Да да. Точно неука сум. И како имаше пишано та другарка ти погоре, неспособна? Да и неспособна сум.

    Јас сум родител! Јас не сум лигуш. Не сум другарка. Јас кажувам дома како ќе биде, нема секако 3 годишник да ме командува. Ни под разно. Не, нема да дозволам да тепа ни дома ни на гости ни на школо и ќе го искористам секој метод на казна за истото да го постигнам.

    Последиците на неказнивност се многу пострашни.
    Некогаш и неповратни.
    Заради таква неказнивост (од судови во моментов, од родителите во минатото) се случи тоа што се случи пред две недели на партизанска.

    Ама на психолошко-доеничко консултантски гуру може ли некој нешто да му објасни? Може ли некоја да се приближи до таквиот квалитет на родител? Ма секако дека не.
    :lol:

    А ти да не помисли дека со тебе сакам да се дружам? Не си ласкај :lol:

    Да не помисли дека можам да седам во друштво на жена која ако нејзиното дете го тепа моето, ќе ја чекам мотивациски говори да му држи на детето дур ова продолжува да го ќофта моето? Седната на клупа и од далеку му вика (пред очи ми е моментов жими се :D ) ама мамичкааааа мааа не го тепај молим те сине не го тепај, како ти кажував домЧЕЕЕ. Ајде ајде гушни го другарчиња сте мамичкааа, треба да си играте мамичка маааа.

    Ќе ме заобиколела. Таа мене. Ок.

    Ајт(highfive)
     
    Последна измена од модератор: 17 февруари 2025
    На LadyD, LiquidLuna, Mother of 2boys и 4 други им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.757
    Пол:
    Женски
    3 или 5 години?

    Значи твоето и други деца напаѓа, не само најмалиот член дома?

    Патем, расчитај малку какви последици имаат децата, и во што се претвораат, кои дома биле ќофтани од било-какви-причини. Па потоа ке говориме за настаните на Партизанска.
     
    На kalinaka, fana, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.261
    Допаѓања:
    118.955
    Пол:
    Женски
    За колку сака години нека е.
    Јас не зборам за моето конкретно општо зборувам.

    Моето не тепа инаку. Инаку моите се на возраст од 7 и 2.
     
  17. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    2.074
    Пол:
    Женски
    Како ќе сфати дека сила не се применува на послаби кога ти применуваш сила на послаби. Баш спротивна порака даваш, ти поголема можеш да го тепаш него, он поголем може да го тепа бебето.
     
    На Sun&Moon, MilaSs12 и 1209 им се допаѓа ова.
  18. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    2.074
    Пол:
    Женски
    Еве утре имаш ќерка, се омажи и ти доаѓа и ти вика "ме удри маж ми, ама малку само шамар еден" и ти и викаш е добро де не било силно мавање, па да имаш трауми, уморен бил од работа му се собрало.
    Нормално е, не е насилство е насилство.
    Ех како би сакала да станеме некоја нормална држава па на секое насилство да се одземаат децата
     
    На Sun&Moon, MilaSs12 и 1209 им се допаѓа ова.
  19. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    8.023
    Пол:
    Женски
    Сериозно споредуваш тепање во брак на ВОЗРАСНА ЛИЧНОСТ, која буквално СЕ РАЗБИРА, со дете кое ТЕШКО ДА РАЗБЕРЕ И АКО РАЗБЕРЕ ПАК ГО ПРАВИ ИСТОТО?
     
  20. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    2.074
    Пол:
    Женски
    ДА, ова знаеш дека е дете и не разбира, дека толку му е капацитетот и пак го тепаш
     
    На Sun&Moon, MilaSs12 и 1209 им се допаѓа ова.