Нема во МК. Ама во странство има и ја даваат заедно со ММР. И тоа има и ревакцина одма после два месеци.
Нема кај нас. Познаничка ми И во Грција ја има... па затоа ми се чудеа во амбуланта кога ми воспоставија дека се сипаници... Дури и во аптека се чудеа зашто немаа ни течна пудра, ни слично нешто да ми понудат за сипаниците да ги мачкам... Ретко некој кај нив да фати, зашто ете ја примаат низ вакцина...
Не знам од кои причини ја даваат и таа.. кога и возрасни и деца нема фрка кога ќе фатат варичела. Или грешам? Што знам. За мене вакцини се против нешто што е или може да е посериозно... ?
Да 28ма недела ми избија, сега сум веќе 32ра... 3 гинеколози ме гледаа, бев и на инфективно, па рекоа не постои опасност во таа недела, лошо било до 12та ако се фатат и на крајот... убаво напредува бебево, вода доволно.. ама сеуште си имам страв се додека не се роди и да видам дека е се во ред... Јас се плашев од градинка он да не ми донесе, а јас него го заразив
Мајки за 2 недели ќе тргнуваме во градинка.ако можи да ми препорачате нешто за имунитет што не отвора апетит.ги користевме ампулите од зегид протект џуниор но некако како да и се отвори апетит а она и пред тоа беше доста солидна со јадењето.
Масло од семки од грејпфрут, бар го фалат многу. А сите препарати со мултивитамини мислам дека ке и отвараат апетит...
Оф ајде не му ја мисли, штом ти рекле дека се е ок сигурно е така. Ајде уште малку изгурај па ќе частиш мекици
Јас понекогаш со пасирана банана и жолчка и го подметнувам,или пасирана банана и плазма убаво иде соединето со мед.
Здраво мајки, Веројатно ова е соодветна тема за моето прашање. Пред една недела и излезе вакво на јазикот на керка ми. Не јаде топло никако, само млако, дури и ладно. Млеко пие. Ама и тоа само ладно. Така што изгорено не е. Не знам што би можело да биде и колку е сериозно. Можеби некој симптом?
Збориш за црвеново на јазикот? Барем јас гледам како флека. Ако сум грешка, поправи ме. Дали се жали на болка или печење? Како стои со крвната слика, анемија нешто?
Мајки дали сте запознаени со производите на Ехинаид.Конкретно има сирупче за деца и е наведено дека е за имунитет,но колешка моја тврди дека нејзиното девојче добило апетит од овој сируп. Бидејки водам вечна борба со апетитот на ќерка ми,пробувам се што некој ќе ми каже. Не сум го купила сеуште и на мисла сум.2 недели пие веќе б комлекс за деца прашок,пред тоа пиеше провен и 2,3 сирупи мултивитамински. Резултат нула