Колку години е? Нормално е, не се секирај, работете малку повеќе на имунитетот сега и ќе се среди, како расте помалку ќе се разболува, така е со сите деца не е само твоето.
Баба ми викаше - Не ми е што ќе се разболи, него што ќе се разали. Демек кога дете е болно што од што е неарно, што од што посебно му се тресат сите над него и му удоволуваат, се размазува, се лигави повеќе и дополнително те троши. Ама ќе се опорави па ќе се врати на старото вообичаено однесување. Секако додека е болен не можеш многу да си строг, знаеш дека однесувањето е и од тоа што физички им е лошо и тешко им е се. А за ова што многу го закача помалото: Секако дека ќе го спречиш да го повреди помалото, дека и со зборови и со дела ќе го учиш на емпатија кон другиот и послабиот. Ама сум приметила дека во група деца од претшколска возраст немаат доволно развиена емпатија, децата тоа подоцна го учат и првично се егоистични. Децата се егоистични по природа кога се мали и прво се штитат себе и својот опстанок, а дури кога ќе созреат емотивно и когнитивно почнуваат да размислуваат за другите да учат социјални вештини и како да одложуваат задоволување на своите потреби. Она дете што е помало или од некоја друга причина послабо физички од другите трпи од поголемите и посилните. Просто ќе се најде некој миг кога ќе нема да ги види никој и ќе го искористат да го удрат, чепнат да му земат нешто на помалото. Како последица на тоа нон стоп закачање помалото ќе почне да се брани и да враќа. Ќе дојде моментот кога големото нема да биде физички по супериорен и малото ќе му стане рамен или посилен противник. Улогите ќе се сменат. Јас имам две деца, брат ми три. Кој беше најмал секогаш трпеше од постарите. Кога најмалото почна да трча сите четворица ги бркаше во круг, бегаа од него да не ги затепа. Најмалите стануваат борци, сакале или не.
Па, тоа и му беше вообичаено однесување Ајде да кажам си држи некоја шема во глава и откачува со инаетот и врискањето. Особено кога беше во прашање хранење и на помалото, па прееска виде дека сируп му давам и се разјари бикчето Дете будалче шо да му прам. И затоа веќе и импулсивна сум, не можам да истрпам кога ќе ми се закачи со некое барање упорно со викање, како крлеж некој. А за одбрана, малово веќе стекнува вештини, ооо некаде на почетокот е, почетен појас, ама го гледам не му се мисли. Му забива нокти, го корне, хохо ринг. Стварно се борци вторите, и не плаче некогаш од него, туку достоинствено му враќа. Еднаш многу интересно малиов ми изреагира. Големиот го закачкаше и ова малово борбено се стегна во тупаница рачето, се вцрвена, насочена тупаницата да му бапне, поду обравчиња, стегна заби и се воздржа, издивна. Каква слатка ситуација ми беше, си викам види малово како размислува, душле.
Девојчињата од претшколска возраст мислам дека повеќе ги користат интелектуалните придобивка за да се наметнат врз другите. Далеку подобри манипулиратори се од машките врсници. Ги стројат како војници. А ова за постарите деца, кои влегуваат во пубертет, дека женските се побрливи од машките во таа возраст се должи на различното темпо или брзина со која созреваат двата пола. И двата пола влегуваат околу 12-13 во пубертет ама девојчињата растат и созреваат физички поинтензивно под влијание на хормоните од машките. Машките имаат подоцнежен старт зошто на крајот од адолесценцијата треба да завршат физички поголеми од женските. Рачунај на крајот од адолесценцијата една девојка во просек ќе заврши со висина и тежина што е помала од онаа со која ќе заврши едно момче. Таа ќе престане да расте на 165 на пример, а машкото на 185-190. Масата на машките треба да е поголема. Затоа машките стартуваат подоцна и физичката зрелост ја постигнуваат подоцна од девојките. Затоа ќе видиш девојчиња од 12 години кои се како девојки возрасни наспроти момчињата од нивна возраст кои не само што изгледаат сеуште како деца и се помали физички, туку и интересите им се сеуште такви детски. И во тој период женските и те како ја користат таа предност. Затоа личат и побесни и попрефригани од машките. Машките уште топка шутираат додека женските се веќе освестени за својот изглед, се дотеруваат, компетитивни се меѓу себе, популарност им е битна и да им се допаднат на другите. Значи нормалните адолесцентски грижи одма ги фаќаат. А машкиве се како од гром од ведро небо удрени пошто тоа им се случува две години подоцна таму кон 14 и најинтензивно растат околу 16-та.
Душа бе ♥️ Некои деца се лоши пациенти и такви се и кога ќе пораснат. Ова што го опиша борбата за боцкање, за сируп истото со ќерка ми го тргав. За жал таква и остана еве сега е студент абе иста е за лекар. Одбива да оди на преглед, одбива крв да и земат, одбива да одлежи да земе лекови да пие. Ми фрлаше апчиња зад кревет и ме лажеше дека ги испила.
На 2г и 3м прв пат тој ни го дадоа во Ремедика. Пред тоа лоратадин пиеше. Сето ова за крајниците, сме немале проблем со други алергии.
I tuka da prasam. Deteto, ima dve i pol godini, pie tricef za vospaleno uvo, devetti den kako sto go pie. Bese podobar, no denes se raskiva i nosot pak ko da pocna da tece. Nemam mir vekje, utre sme na kontrola na orl. Moze li da dadam tajlol kold sirup? Sto da pravam?
Zdravo majki, Sto vitamini mu davate na 2.5 godisno dete. Jas davam samo PlivitD. Dali davate nesto drugo dopolnitelno?
Да прашам, мрсни боици кога воведовте во ИСХРАНАТА? Месото вчера не го душна, ама затоа мрсната боичка плава, маф. Па и си го гали мешете, ммм....
Немаме воведено Мојава домаќинка, црта по маси, комода, паркет или истура вода од водените и доаѓа - Мама, ајдеее б(р)ишиме Туку за јадење и кај мене има намалено, си јаде се, ама обично вечерата ни е со брканици. Ок, јас не давам низ куќа, додека седи во кујна, јаде и толку ама ретко кога цел оброк завршува последниов период. Некогаш и после 5 залаци си станува, некогаш по пола час знае да се врати и да си побара тоа што останало.
И вчера колку сум се разнежнила, брат му си игра и он му иде и му вика Бате чо паиш? Игаш кот(ц)ки? Може игам со тебе? Јас пекмез! Добро сеа, сабајле за истите коцки се скараа и се степаа, ама до вечерта битно топ беа.