Оддамна ни се воведени и среќа последните месец два конечно е на диета од нив. Штета и што е на диета и од храна де ама барем почна ништо да не става во уста, раат сум веќе во парк За награда некни си доби парички да става во касичка
Д, Ц и Молерс давам. Сметам дека на таа возраст омегата е важна па ако не јадете често риба почни да ја даваш
Дали овде или друга тема некој имаше пишано за коса. Ќерка последен период нема шанса да заспие со пуштена коса. Исто и јас, додуша. Секој ден или мал дел фаќаме од напред да не и оди во очи/лице или цела фатена лабаво, битно да немаме борба. До максимум менувам и за преку ден и за спиење да смениме начин на средување на косата. Туку ептен почна периодов да забележува низ куќа посебно играчки нејзини. Пример истура едни фигури, со слики од животни се, за неколку секунди како од пушка изјавува преѓе - нема бубамала - дали од претходно ја зафрлила, па памти или стварно си памти што има по дома, не знам. Исто пред некој ден, во кутијата со топки што и е, 1 поглед, неколку секунди и вика нема цвена топка. Прегледувам јас и стварно и ја нема тука. Некогаш се изненадувам на вакви изјави, битно и да фали нешто нема тантруми за тоа. Туку кога почнуваат во прво лице да зборуваат за себе и општо глаголи во точно време? Две години и неполни 2 месеци е, уште вика Х јаде, Х нана, Х облекува. Мама, дадам коцки - во случајов место дадеш и слично.
Исто си збори во трето лице, мислам дека нормално е за нивна возраст ама ќе пишат мајките со поголеми дечиња. Можеби накај 2.5 -3 ќе викаат јас? Не го поправам само му зборувам точно. Да инаку не да забележуваат, сѐ.. од животинско царство сликичка вика: ова личи како во музејот (природно научен).
Внук ми е 3 тек сега место ти почна да кажува јас и место твое-мое. Глаголите уште му се во 3то лице. Не знам кога е правилно само пример дадов едит: ќе пишам тука да не почнувам ново мислење. Што ги учите децата од 2ипол години? Не сум човек што форсира ама сега се почувствував дека не работам доволно со детето. Свекрва ми беше кратко тука и го научи да брои до 10 Ги знае имињата на сите околу нас, песнички си пее по негово ритамот го фаќа и првите збор два му се течни. Боите ги распознава веќе сите, кажува неколку ама не ги погодува точно. Почнавме букви да учиме која е на мама која негова ама нема интерес. Што друго знаат/прават вашите на оваа возраст?
@Anturium конкретно за ќерка уште пред втор роденден научи да брои и тоа како игра, ајде до градинка до влез слики да изброиме, ајде по скали, ајде уште колку залаци имаш во чинијата и веќе месеци си брои. Бројки исто разликува неколку, повторно од слагалица, не дека сме седеле да ја учиме намерно ама низ игра запаметила. Бои знае 4-5 сигурно, за други не сум ја прашала. Животни знае и разликува многу. 70% од играчките и сликовници/боенки и се со животни и така ги научи. Песнички некогаш кога кажуваме ако застанеме на голем дел знае да го каже следниот збор или стих. Сама не кажува многу. Букви не сме и покажале. Со фина моторика стои лошо. Се изнакупив луда од Тему и како пинцети и пипети и не знам што, тешко и оди тоа. Повеќе мене ми дава да си играм со такви работи и таа да гледа отколку сама да почне. Едит: ваква е слична сложувалката
Бројки, да брои, боите ги научивме сите, деновите во неделата. Искрено нема ни потреба, како што имам читано функционални работи им требало да учат, да знаат да си побараат. Ама па боите ми помогнаа кога бара чаша, знае да каже која, по боја.. Муабетот ми е не си прави стрес. Учете низ игра, лабаво.
Мојот ич не ги сака сложувалкиве, никогаш не зема да си игра со нив туку само јас ако ги извадам и тоа 5-10 мин. Инаку броење до 10, бои на пример трча покрај оградата од градинката и ги кажувавме и ги научи, форми (крекери).. денови од неделата, сѐ преку играње.
Денови од неделата конкретно не сме учеле, знам од Дарко Биберко има песна, ако ја зачекала во градинка. Ама ја немам слушнато ни да ја пее, ни да споменува денови. Сложувалки ептен сака, било мали со 4-5 делови, било како на сликата од претходниот пост. Исто и стикери, еден куп имаме за на стакло, за во книги. Баш многу научи и од нив.
Едниот почна да вика јас околу 24м па престана зашто другиот уште вика во 3 лице. Ама тоа е и моја вина зашто јас никако да се навикнам да зборувам во прво лице сеуште викам мама ова тато она. За глаголи во минато идно почнаа пред месец дена онака преку ноќ и уште ми е смешно. Инаку нормално е до 3 години за зборуваат во 3 лице за себе па и покасно. Ама многу зависи и како им зборуваме ние.
Да не реплицирам на сите ќе пишам вака. Ова денови во неделата ептен се изненадив никогаш не ми ни текнало да му ги кажувам Со другото се таман е како вашите, малку груба моторика заостанува мислам, ама фината ми оди профи. Сложувалки има 100 и ги обожава, веќе почнавме со 4 делови гледам ги реди сам, треба со повеќе да земам. Формите ги знае само срце круг и коцка, другите ги препознава ама не ги кажува уште. Бројки и денови во неделата ми се следен предизвик значи. Има саат со бројки па така ќе ги учиме. На момент помислив дека не играм ништо со него ама вака кога ќе помислам по цел ден вртиме сликовници, тој сам ми носи. Само за нив и за сложувалки има интерес, друго се трае неколку секунди. Ај уште едно прашање: Почнаа да си играат сами улоги или рано е? Мојот гледам покажува желба бебе рани успива му зборува и пазар почна да си игра сам. Да се вклучувам во ваква игра или да го оставам да фантазира?
Deteto mi e na terapija sirup rupafin, kortiko vo nos poradi zgolemen tret krajnik i eve deneska pak so rastecen nos i kaslica, aman. Zosto ne pomaga terapijava? Edna nedela kako sto prima, a treba cel mesec, pa na kontrola. Dali mozam plus operil p da stavam barem za spienje?
Мајки кажете решение за заплеткување на виткана, танка коса Се ми е пробано од тие балсами и спрејчиња од дм и зегин, шампони за расчешлување и слично, имаме чешел за отплеткување и косата пак се заплеткува особено после спиење. Дали ќе се смени ако ја скратиме? Spoiler
Нормално дека ќе смени, особено ако никогаш не е кратена. И искрено препорака од другарка на која и купив за малата на подарок на Росен колекцијата, баш има за локни зошто жената што ги има брендирано ги има направено по ќерките кои сите се со локни.
@AngelOfArh фала за препораката, мислам дека и ко беше помала ми ги препорача ама друго купив во моментот и после заборавив да нарачам. Дали се работи за детската колекција или има посебно за виткана коса?
Детска колекција. Другаркава ги нарачува од тогаш и сама. Има и за тело и креми... Брендирани се по ќеркичките на жената што е главен застапник или сопственик на брендот не сум сигурна. Јас користам колекција за коса за себе и на мм купив, врв! Косата ја негуваме само со тоа и не ја фенирам и не ја пеглам веќе.