Јас сум многу задоволна од Ревлон за многу виткана коса: Ќерка ми има и поситни локни и само на влажна коса прскам и чешлам со чешел широк. Од дм го купувам.
Да. Исто беше и кај ќерка ми, не беше шишана откако беше родена, долга коса имаше витки целата на краевите и нооооон стоп и се заплеткуваше. Па плаче не дава да ја чешламе, само врзана ја сакаше, значи секој ден маки. Ја шишав Боб фризура и толку беше. Ем кратка, ем практична, нема никакво заплеткување, само се изгубија витките, се исправи ама нема врска.
Дали се корисни трициклите на буткање за деца 2+ години?Колку време се користат? Во последно време не сака да оди, а количка оддамна не користиме
Ние лани земавме трицикл на буткање и скоро неискористен остана. Летната количка многу ми беше попрактична за лани, а за оваа година имаме тротинет што се трансформира за седење. Кога не му се оди, може да седи на него и си се бутка сам со нозе.
Scoot and ride. Стабилен е, лесен е за носење во рака и се трансформира со два потега. Немам искуство со други тротинети за да споредам.
Да корисни се и му беше интересно повеќе него во количка, проблем ми беше шо ми заспиваше во него и нозете му се влечеа, но ќеф направи шо си вртеше и сам на педали.
Една година веќе го утепавме од возење, мојот го обожава. Ама мојот е помрзлив за одење, сака да си седи и така да шета. Само пазете каков зимате на сестра ми е многу тежок за буткање и вртење, на лош и нерамен пат воопшто не можеш да го возеш. Нашиот е киндеркрафт, не е како количка лесен ама дека дека подобар од тој на сестра ми
Ние го имавме од 1 роденден и ни е едно од најнеискористените работи за дете ради тоа што е ем мн гломазен кога треба у кола да го склопиш, ем ние немаше каде да го чуваме у зграда. Со летна количка идеме сегде пошо ми е најпрактично нешо. Сега планирам тротинет да земам сам да се бутка, иначе и мојот не сака ич да оди, бара у раце или у количка.
Не знам од кога почна. Ама мојата збори во прво лице. И глаголите ги кажува точно. Пример вели сакам павлака, и му се врти на мм, тато сакаш ти јадеш павлака? Мене ме интересира сврзници од кога користат. Знае некогаш да каже по некој сврзник. Ама обично без сврзник и се речениците. Пример прееска што убаво чисто си ја кажа реченицата, кај е нашата кола?
Мојот е скоро две и пол, ама користи и сврзници и предлози..и, е, со, ја,го,ги,на, во, под, зад се има..ама уште кога почна да збори низ игра јас постојано му нагласував пр.каде е мачето? Наа масата или под масата и така некако се усвои...ете може така да пробате, ама мислам дека со тек на време ќе совлада.
Здраво мајки. Синчето ми е 2 год и 10 месеци. Последниов месец почна многу да мава, ама не бира ни место ни време кога ќе ти ја зачука една да се чудиш. Јас сум и бремена 26та недела, ќе се стрча и со бокс во стомак. Вчера во маркет којзнае што му швркна дојде ме шутна. Се нешто пишти вришти и мава. Прашав во градинка да не се случило нешто, рекоа се е во ред не приметиле ништо. Дома не сме смениле рутина. Најлош е кога сме двајцата со маж ми заедно со него. Сам ако си е некако поподнослив. Пробавме со убаво со зборење ама нема ефект мислам повеќе се треска. Пробав да го шлапнувам по газ и да му свикам, се смее и уште полошо е. Вчера веќе не можев да издржам се изнаплакав цело попладне и цела вечер. Не знам што толку правиме погрешно. На моменти ми иде да го исплескам баш убаво ама не е решение, едноставно не сфаќа. Инаку е супер активно дете, збори од ептен мал цели реченици, цели песни пее. Внимание посветено максимално. Може дури и премногу. Не знам дали е период или што е ама ако има некој совет за некој пристап би била благодарна, се би пробала ова побрзо да помине.
Абе мајки сепарациска нели беше на 5-6м таму, што е ова лепенка, ем е цело време со мене, ем коа ќе се залепи со тоа рачињата коа ќе ме фати за образи и ќе ми рече Мамииии, па мести муце да ме баци... Вакви моменти сум немала со големото јас, дефинитивно. У ПМС сум, ден два пред добивање, не знаете колку се ме пецка, ми треба простор за себе, едвај се воздржувам да не експлодирам, ама кога ќе ме баци, абе крај е на светот. А од друга страна големоно ми се повлекува во себе и многу се нервирам, ама во другата тема за тоа ќе пишувам.
Има некој период тука околу 3тиот роденден каде што поминуваат баш низ некоја ваква фаза. Син ми беше неподнослив, а во принцип е многу темпераментно, ама послушно дете. И убаво се сеќавам на тој период, бидејќи цело време мислев дека ете, сме го испуштиле детево од раце, преразгален е, му тврдев на маж ми дека требало да не тестираат пред да станеме родители, дека сигурно би паднале на тестот, дека не сме способни детето да си го воспитаме и што ли не. До толку бев очајна, додека случајно низ муабет една другарка не ми кажа дека скроз низ истото поминале, па се смирив и чекав да помине. Кога помина, не памтам баш, ама траеше подолго, месец сигурно. Кај вас може и бременоста придонесува за уште поизразено такво однесување. Ќе помине, ама додека помине е тешко.
Некогаш е доволно да слушнеш дека не си сам и дека и други поминуваат низ истото. Јас исто му викав на маж ми да одиме на психолог. Да го однесеме и него веќе не знам што да правам. Па уште едно дете кога ќе имаме, што ли ќе биде, како ли ќе издржам психички не ми е јасно.
Знам точно како се чувствуваш, ова е една од фазите што ептен ми има останато во глава баш поради тоа што беше многу тешка. Почекајте уште малку, па ако навистина нема подобрување, пробајте со психолог. Јас не можам да се сетам дали правев нешто конкретно за полесно да помине фазава, ама мислам дека не, бидејќи што и направев или немаше или имаше контра ефект. И после помина преку ноќ. Еве сега 4ри ќе полни, пак некои бубачки и непослушност покажува, а и ние чекаме бебе и пак си се тешам дека е фаза и дека мора целото тоа наше трпение и зборување да вроди кога тогаш со плод и дека се ќе помине и ќе биде како што треба, само да бидеме смирени и трпеливи.
Ќе издржиш. Мајка си. Со второ дете се ти е полесно и познато. Ќе знаеш зошто плаче. Дали е гладно, дали му е жешко/ладно или му се спие. Мене периодот додека не прооди малиот ми беше најубав. А бев сама со двајцата. Батко заедно го носевме во градинка, па дома ручек, чистење, спиење, пак по бато да го земеме. Па дома јадење, спиење, шетање, бањање. И во 9 сите заспивавме заедно. Ама и двајцата со мене на спална. Го заспивав прво бебе, па бато. Тој беше тивок си лежеше, па после ќе му раскажам приказна и ќе заспие.
Ова звучи како од некој филм. Нешто што не можам ни да замислам дека би можело да го доживеам најискрено. Кога го земам од градинка сега или ќе се закопа во место и вика НЕ НЕ на цел глас цела населба да не чуе или ми трча кола ќе го изгази. Не ни уживам во бременоста како што би сакала. Дури се прашувам дали избрзавме и тоа уште толку ме депримира што воопшто помислувам на вакви работи.
2 години и 8 месеци е, веќе ми се смачи од самата себе да се жалам, многу пати се прашував дали јас сум избувлива но ова е неподносливо веќе. Тантруми на најјако, се фрла, се треска, ме тепа, турка маси, мава по тв и ич око не му трепнува што зборувам. Не смееш за ништо да му кажеш НЕ. Прв пат вчера во јавност не се срамев од погледите, чекав ред кај матичната седеше на земја, лежеше, скокаше по столици, ја отвараше и затвараше вратата и се бесеше на квака. Ме заболе … што се пулат и зборуваат. Слушам од страна му велат “ама чичо не смееш така да правиш, зошто си невоспитан” Јас се понашав ко да не е мое детето
И мојот имаше фаза на мавање и ударање јас кога ќе направеше такво нешто само ќе го погледнев луто во очи и ќе му кажев “Ударањето боли, сега мама е многу лута” и ќе се тргнев од него. На почетокот изгледа како да не сфаќа ама по некое време прекина. Свекрва ми и маж ми глумеа дека плачат тој и се смее и еве сеуште ги мава а кај мене прекина оддамна. Сега и ние имаме некоја фаза на тантриму, ама страшни. Има денови е супер преку игра слуша и прави се, ама некој денови толку ме изморува што јас добивам поголеми тантруми навечер од неговите. Мене ми помагаат поткастите многу психички да се смирам, ако сакаш пиши ми ќе ти кажам кои ги слушам. Ова ми доаѓа како разговор со психолог буквално, па место да ме нервира го жалам што толку хаос му се случува во толку малечко мозоче. Ќе помине мајка, тоа што си бремена е уште потешко верувам сега и хормони, ама само трпение и ќе помине