Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    849
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите што колку толку некоја утеха добив. Навистина помага да знаеш дека не си сам и не си пореметен и не ти излетало детето од раце и дека е здраво и право и сосема очекувано. Јасно ми е се и знам дека е период ама едноставно ми дојде премногу. И паника ме фати како ќе се справам и со него и со бебе во исто време, да се распадне човек.

    @Anturium ако не ти е тешко прати ми кои подкасти ги слушаш. Веќе добив препорака и за книга. Се е добредојдено.

    Исто планирав да го избришам инстаграмот барем 1-2 недели, само тоа користам од социјалниве мрежи, чисто човек да се олабави од тие среќни мајки што се фит после 2 недели и се им е средено и розево дома.
    Пошо после таков ден кај што и ние родителите имаме тантруми уште тоа ми треба, fake happy family with sad beige wooden toys да гледам.
     
    На Srcka28, Blue moon, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.472
    Допаѓања:
    8.419
    Пол:
    Женски
    Прати ми и мене, жити се.
    Ми се згади од сама себе веќе, нон стоп јас да се слушам во зградава. Како викам ја карам. Ни со добро ни со лошо, никако не иде. Психички многу лошо ми влијаат тантрумите.
     
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    6.846
    Пол:
    Женски
    Мојава си е дивјак, не сака многу гушкање и сето тоа. Ама од кога е родена, до ден денес сака некоја минута да помине легната на мене. Е како новороденче колку шише пивско, ја собираше на мојот стомак, сега половина од мојата висина е ама си користи некоја минута во ден, да полежи на мене.
     
    На merriel0 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  4. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.072
    Допаѓања:
    6.534
    Пол:
    Женски
    Еве ќе ги пишам тука и на некој друг ако и треба:
    Zdrava priča sa Dolores - Mali ljudi velike emocije, Odrastanje trauma i rast, Visoko senzitivna deca, Kako se razvija dečiji mozok. На овој канал има уште неколку добри ама овие најмногу ми се допаднаа
    Roditelji sa svrhom na Antonella Kuzma, сите поткасти
    Edukatorica za odgoj na Glorija Peranič. Овој канал тек сега го почнав ама насловите се добри
    Odgoj sa Tanjom na Tanja Hrvatin Šimičić, сите поткасти

    Ги слушам на spotify, како се чисте со нив немате појма, летам :D

    Приметив на мене ми делуваат моментално. Пример ќе го слушам денес и цел ден сум фокусирана на тоа, внимавам со дете итн. Нема да слушам 2 дена и ми се враќат фрустрациите. Така да препорачувам секојдневно слушање барем по неколку минути
     
    На Erika.greeneyes, Mother of 2boys, cocopuff и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.278
    Пол:
    Женски
    Ќе помине, верувај. Наеднаш ќе стане батко кога ќе се роди бебе.
    Кога ги гледам сликите и видеата исто сме поминувале, со плачење, лежење на земја, тегнење, крени ме, пушти ме.
    Живееме на втори спрат. Го симнував на тротоарот, па ме чекаше да го симнам бебе. И го чуваше ако требаше нешто да земам.
    Ќе успеете. Хормоните сега се виновни што така се чувствуваш.
    Пред него не зборувајте ништо за бебе, не вади облека, реквизити. Рано е многу. Јас го доев до кај 5-6 месец бременост и престанав. Мислев дека кога ќе се роди бебе ќе сака и тој да цица, ама не побара. Порасна дете преку ноќ.
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Мајки последниве денови имаме проблем со јадењето. Ќе касне едно залче и го држи во уста кај образот ни да го голтне ни да го плукне. Од кај ваква глупост му доаѓа, досега не правеше така.. се нервирам
     
  7. ElJo

    ElJo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2018
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Мајки мојата е 2 год и 2м. Оде во градинка и сега почна да штипе. Не гледа кој ќе е. Буквално секој што е до неа го докаче. Тамн се одвикнавме од кубење сега па овоа. Стварно не ми е јасно веќе што да правам.
    Во градинката само еден ден е така правила, сега викат не.
    Мислам дека кај и да е ќе експлодирам
     
  8. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    5.461
    Пол:
    Женски
    И ќе штипе, и ќе удира, и ќе повторува што видела таму. Твое е само да зборуваш. Без да експлодираш.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Фазата со некапење колку време трае?
    Да го оставам кога ќе посака?
    Успевам косата на чешма со водена рака да му ја поминам, лице и раце и тоа на чешма во кујна, ама не сака да влезе воопшто во купатило. Вчера го извадов коритото реков ќе го залажам, кога го ставив во купатило со трчање избега на улица едвај го стигнавме:worried: А пред тоа не можев да го извадам, обожаваше да се капи:sweat:
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.466
    Допаѓања:
    108.357
    Пол:
    Женски
    Да не се бања? Никако, ништо, ни газе ни ништо? Нема шанси тоа кај мене, секој вечер миеме газе, а се бањаме со коса 2 пати неделно. Реално кога миеме газе проаѓаме и мишка, вратче, лице и фактички цел го миеме, ама она бањање асално 2 пати неделно со коса со сапуњање цел. Не му е сеедно, рика, особено за коса, ама мора. Како да не измијам газ а да му облечам чиста пелена, чисто боди и да го легнам, шанса нема. Пробај нешто баблс, играчки залепи низ бања... Ние со баблс се лажеме, а почне да вика за косата одма имаш, види баблс, баблс и се смирува.


    Ииии после само 10 дена, на нема ни 10 дена во градинка, реално 8 се, има воспалени уши. Озбилно ми иде да идам да ги направам мајче шајче таму. Зошто побогу праќаат болни деца во градинка. Се едни исти им пишуваат да ги земат болни дека се, едни та исти 5-6 деца се, и 3 дена дома недолечени ќе ги вратат у градинка. Па не можам веќе. Минатиот месец за боледување ми скратија 20000ден, не можам повеќе на боледување аман. И грев ми е детево веќе, па уши ќе оштетиме веќе. Му броеше докторот, 16 антибиотици за 6м и 6 пати локално капки. Многу е.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Имавме рутина, секоја вечер туширање без глава и два пати неделно главата. Многу се валка преку ден и морам секоја вечер да го туширам, ама еве одкако беше со воспалени уши несака да влезе воопшто за да можам да го излажам. Не знам што ќе правиме искрено, што вика мм кај нас мора нешто да има, не може да е се во ред. Ќе го седнам во лавабото од кујната вечерва :rofl:
    Да се едитирам: Еве сега имаше страшен тантрум кога ја виде чешмата пуштена, до фрлање предмети, туркање маса и сл. А го наместив и бебето да го капи и играчки истурив… Ќе завршам на психијатрија од детево.

    Инаку и ние сме пак со кашлица, продуктивно кашлаше во понеделникот од што му се слеваа мрсулите, од вчера малку ќе се накашла со шлајм ама тоа два пати во ден. Чекаме брисеви и во план сме да правиме алерго тест, ова со мрсуливе не бива веќе. Крвна слика во ред, грло воопшто не е црвено и на гради нема ништо, од толку мрсули на раб се ушите да страдаат пак, осеќам:sweat:
     
    Последна измена: 12 март 2025
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.466
    Допаѓања:
    108.357
    Пол:
    Женски
    Извини никаков совет не ти дадов погоре само си кажав ко некоја стринка. Јас лошо се осетив од мојот совет, стварно извини.

    Инаку блиска моја имаше ваков проблем, стварно лошо, детето го бањаа во алишта 3м, коса немаше измиени 3м, додека не го однесоа на лекар, во договор со лекарот нормално и му рекол дека има црви и бубачки зошто не се мие и толку биднало. Детето нивно до ден денес е многу лошо, многу тежок карактер, ужас, до толку што има денови да не сака ни во школо да оди. Многу тешко, сега е веќе голем и многу проблем им прави. Пробај со такви финти некои, лелееее не сме ја измиле косата фатила бубачки, дај да ги измиеме.
     
  13. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Напротив, успеавме со баблс фала ти за идејата.
    Ставив ќебе во кујна и го наполнив коритцето со вода и баблс:rofl: Па ги пукавме со прстот, тој се израдува веднаш почна да соблекува алишта и успеа да влези, малку со главата правеше отпор па на крајот убаво го потурив со вода.. е кога завршивме имаше ист таков тантрум како од предходно оти го извадовме:sweat:
    Најверојатно е уплашен нешто со ушите..
     
    На Mother of 2boys и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.466
    Допаѓања:
    108.357
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што некако помогнав. И моево има мака со уши, еве го, пепел се и двете, од едното секрет нанадвор тече дури, лом е, среќа го фати 2 дена пред викенд и 2 дена викенд да се прикрпиме зошто не знам што ќе правевме. Дефинитивно ќе размислувам за крајниците и дијаболи во ушите.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.642
    Допаѓања:
    5.762
    Сте биле на орл? Не е баш нормално од секое кивнување што се вика да прави воспаленија, видете на орл дали крајниците се проблем или можеби само цевчиња требаат. Греота :( Брзо да поминува
     
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    6.846
    Пол:
    Женски
    Нема мојава олку многу пиено ама 5-6 антибиотици во последните 6 месеци има пиено.
    Пред некој ден другарка ми се налути, затоа што и реков дека ме може да дојдат на гости, а ја слушам по телефон, кашла, корни, затнат нос скроз. 5 дена претходно ќерка го заврши антибиотикот.
    Премногу сум го заштитувала детето ми рече. Требало да се челичи.
    Инаку во нашава градинка, наголемо почнаа да враќаат деца дома кога се болни. Правилно или не, дали можат родителите да се дома, тоа е друга тема.
     
  17. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Во Ноември го правевме операција од трет крајник и само засеци направиле да го извлечат секретот, но за жал без цефчиња. Јас искрено тогаш во паника не прашав мислев дека секаде ставаат цефчиња.. од тогаш само еднаш направи воспаление пред еден месец, се надевам на тоа ќе остани. Си патиме ние од обилен секрет во нос, сериозно не сфаќам на што се должи тоа, пред тоа крајникот беше проблем, јас со сиот ум тогаш пресреќна фрлив физиолошки и тоа шприцевите:rofl:
    Инаку и син ми во рок од 3м пред операцијата испи 7 антибиотици од воспаление на уши од кои еден сумамед.
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.466
    Допаѓања:
    108.357
    Пол:
    Женски
    Сумамед пиеше пред 1м, после 2 недели Зинат, еве го сега пак Зинат ќе добие. Крвав секрет од уво му тече. Крвта може да е од што се чепка да се има повредено, ама може и да не е.
    Крајниците му се големи, ама мал е за операција.
     
  19. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.962
    Допаѓања:
    13.680
    I care dodeka potporasnat? Jas strav vo koski imam.
     
  20. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Еве, утрово стигнаа резултатите од брисевите и во нос ја има мораксела катаралис, читам од неа се добивало воспаление на уво.
    Инаку на 2г и 3м го правевме ние операција бидеќи едноставно немаше чаре, почна да влијае на слухот.