Не да имам, се си мислам дека ќе биде со слаб слух ради волку воспаленија. Кај нас нема бактерија, вирусно, секрет во нос е толку неприметен, само доцна навечер закрчува, ама ништо страшно. Немам ставено спреј во нос не паметам откога, и еве сега беља. Додуша паднат му е имунитетот од толку многу антибиотик и очекувано беше.
Јас од страв штом приметам да му е затнат носот прскам септаназал. И јас исто си патам од тоа ден денес, малку затнат нос веднаш имам воспаление на уво..
Која е границата за хгб кај деца? Дали од антибиотиците или од што не знам ама 115 има, а јас таква мака не сум имала досега, големиот денес на систематски 146 машала, ко за возрасен, а ова малово е ко духче веќе.
Син ми е цело време со таков хемоглобин, некогаш дури и 109 му бил, никогаш не ми спомнале дека е низок.. ме замисли.
Јас дека немам искуство и затоа прашувам. Порано му бил 125-130, па и 138 еднаш, а сега некако ем блед е ем сув ем болен, лом е.
Ќе даваш најизменично ибупрофен/парацетамол ако крева почесто. Ќе пробуваш со разладување и постојано следење барем 4 саати да има размак измеѓу. Колку тт има? До 39 тт јас не давам ништо, односно зависи и од него колку е свеж. Некогаш на 38,5 знае да клапне, а некогаш на 38,9 да биде супер фит.
Ќе си пукнам од нервоза, не сум можела да издржам дете со температура никогаш, а сега па ич. Ова малово па на пониска тт вивнува црвен пиперка е. За рака ме држи и не ме пушта никако. Нозете му се боси, ладни, ама глава и тело пепел. Дадов ефералган, не е ефективен како Парацетамолот ама не го исака ич, за жива глава, а има количина што треба да ја испие, не да исплука и да не знам што испил што не. Блокмакс на дете јас не давам, се плашам, големиот ми направи 2 пати грчеви од бруфен и страв ми е.
Следи го детето, ако со 38,5 не е фит, тогаш давај. Веќе има саат поминато викаш, уште три саати минимум би требало да издржи, па да дадеш парацетамол. Во меѓувреме полесно облечен и некој бабин лек ако знаеш. Само е многу битно наизменично да ги даваш ако веќе качува на неколку саати. Моето е дете што гори од тт. Кашлање, нос затнат и слично многу ретко имаме, ама затоа за тт не ми се зборува. И само така со најизменично давање лекарства функционираме, ова ми е препорака од повеќе лекари.
Да и моето до сега кога бил болен, а тоа е се на се 3 пати, од коежи еднаш стомачен, само до 40тт качува други симптоми ретко, не кашлал никогаш, мрсоли исто немал…не знам како да се понашам. Мада ова ми личи на настинка искрено, кива и проѕирен секрет, ќе видиме. Сега мерев, 37.1, ќе издржи, онака млак е.
Неофен е мојов, мислам не е блокмакс исто или, додуша имаат бруфен и двата у состав. Ама моево од парацетемол не ни спушта тт, џабе го давам.
Ако е тој вирус/грип што кружи, го помина ќере во јануари мислам. Парацетамолот не помага. Температура до 40 креваше. Јас само чепчиња и ставав и тоа над 38.5. Од ефералган (парацетамол ) не спушташе. И паѓаше до кај 38.5 или 39. На 4 часа комбинирав ефералган со неофен. Од неофенот спушташе. Ама пак качуваше после 4 часа. Со лесно да минува.
Леле мојата е иста , 2 год и 6 мес. има , се прашувам дали јас некаде грешам , почнувам да ја игнорирам ама тоа не се игнорира и тоа однесување и е исто кога сме со татко и дома двајцата , во градинка е супер умна, кога сум сама јас со неа или да е сама со татко ј и се наоѓа крајот , ќе боиме, песнички, си играме , ама кога сме сите на куп......ќе ме удри ќе и се налутам , ја игнорирам лута сум и , ќе се врти околу мене ќе се врти ќе почне да ме бацува извини мамо нема да правам така , и тоа важи до наредниот пат , колешки мои кажуваат дека им е период , дека докај 3та година така биле , ама не знам ..... јас мислев само мојата е таква
А ова по цела доза на 4 саати прво од едното па од другото? И само во случај кога не спушта нели? Мојата па обратно ова сега и е втор пат со температура. Само од грипот последно што имаше три -четири дена. Инаку нон стоп е со затнато/носе што тече. Стално си поткашлува од секрет, ама не било ништо до сега фала богу. И кога се зголемува интервалот на кои качува тт е добар знак нели?
Да, само во случај да не спушта тогаш преку 4 саати најизменично ибупрофен/парацетамол цела доза. Препорака за Нурофен ако не си го користела до сега, се има покажано кај моето како најефикасен. Во главно да, поголем размак на саати е добар знак, ама нема правило. Се има случено моево да биде 12 саати без тт, да си помислам готово поминало и пак да качи и да биде уште побетер.
Нурофен јагода мислам сега има. Парацетамол не го сака. Ама кога мора мора. Ноќеска качи над 39 пак со треска, со плачки со се. Велам ај се утопли и онака морам да сменам пелена, да ставам чепче. Ко зема да клоца, да се стега. Баталив и дадов нурофен пак. Кажи каков топломер користиш. Јас тој дигитален филипс нормален, ама не е практичен. Некој бесконтактен ики за во уво проверен ако имаш, пушти ми слика/линк. Фала.