Ако ја прашаш снаа ми, никогаш! Син ми е копија на внука ми, и на пат сум да се помирам дека едноставно детето е такво. Ете внучка вчера ми се јави на камера да ми каже дека дада и рекла “ти си каке” и плачеше како да е крај на свет. Инаку брат ми вика и јас сум била таква, се сеќавам имаше песна… “да ти се скине чорапот на раскрсница” е јас се трескав од земја кога ќе ми ја запееше брат ми, посебно на делот “да ти се удај швалерот во расолница” Се смее мајка ми ден денес за тоа Па ајде ќе ме смируваат, аман нема да ти се удај те молам прекини…
Здраво мајки. Јован има 2 год и 7 м и му е слаб хемоглобинот. Не многу ама јас бидејќи сум контрол фрик не сакам да му е ни толку колку што му е. Педијатарот ни вика дека за мало дете хемоглобинот е добар. Тој физички не дава знаци дека му пречи тоа што хемоглобинот му е слаб, освен што е беличко во лиценцето, не е уморен ни поспан има енергија и фала му на бога млку повеќе ми јаде од претходно (благодарение на киндер имун) За жал, освен жолчка и просо не постои можност да му протнам друга храна што содржи железо бидејќи едвај пројаде бар нешто од нешто страв ми е да не се вратиме на почеток со нејадење ако форсирам. По интернет најдов некои студии дека наводно маџунот бил многу добар особено за хемоглобинот, па сакав да ве прашам дали имате искуство? Пишува дека е за деца над една година. Сакам да пробам со тоа, било многу вкусно и природно, бидејќи детето не е за терапија. Фала
Колку е слаб Фанке? И колку си ти контрол фрик? Да почекаш да пројаде све од киндерот па тогаш да го кренете имаш опција да издржиш или ќе се шекнеш ?
Риба, месо, цеден сок од портокал, житарки, ориз бел, грав, леќа, спанаќ, грашок, индиски ореви, ф'стаци, семки сончоглед се ова е добро за железото да се покаче, исто и давање на б9 б12 витамини или давај му б комплекс.
На Провен има во Зегин нови едни како бомбони, со д, ц и црна рибизла, јас давам на големото по 1 на малото по пола, кај не сме дома да јадеме ко што треба, реновираме па сме кај свекрва ми, они двајца мислам дека мене ќе ме изедат од што им се јаде. За нас 3г се па затоа давам по пола на малото. Еве 1 недела ги давам и да не ги подречам ама јадат ко дупнати. Малото сабајле изеде 3 цели варени јајца, 2 дебели парчиња кашкавал и 2 парчиња шунка (оние варените што се во Тинекс не во црево), тоа беше во 9, сега си дојдов од Кам виде во ќесата кроасани што ги купив за големиот за во школо зошто не јаде баш баш па да има нешто резерва и скрка уште пола кроасан. Добија боја и двајцата, иначе како духови бели беа. Само тоа го сменив, ништо друго немам сменето во исхрана или суплементација.
Здраво мајки Дете 4 години, прв пат ке лета со авион. Треба ли нешто да запазам, за бебиња имам читано цуцла при полетување, а вака за поголемко дете нешто треба или нема потреба? Му се лоши обично при патување со кола, се надевам сега нема да помине лошо, да му дадам ли нешто пред летот?
Цеден сок со цвекло, морков, зелено јаболче и лимон. Нема шанси да го одбие, за 2 недели ќе има друга крвна слика. Нема да мораш да форсираш храна, превкусен им е
Јас давам семе од коприва со малку бадем смелено во нутри измешано со мед. И витамин Ц капки секое утро со 1 лажичка од ова. Исто внимавање кога јаде храна богата со железо да не ја комбинирам со млечни него со Ц витамини, брокула, црвено овошје и сл. Не е чудо ама имаше ефект, од 100 качивме на 109 за 2 месеци, ама во последно време почна да ми го одбива така да ќе видиме. Секој ден цедиш? Сакам да пробам ама немам соковник па ме интересира колку време стои во фрижидер, ако цедам рачно тешко ќе е секој ден И во кој сооднос се состојките за да испадне вкусно? Пробав еднаш да направам сок од цвекло со лимон ама не го биваше
Нарачувам секој втор ден од тука. Цедат свежи секој ден, башка во стакло до дома носат. Вкусот е лудница https://www.instagram.com/beetboostjuice?igsh=MWFwMGdiNGc2YXF0eQ==
Мајки, Ви се случува ли детето да е отсутно во текот на денот по неколку секунди, кога игра, извршува некоја наредба и слично? Да гледа празно така без реакција некоја?
Што давате за имунитет,на своја рака? Малиот има 2 год 8 мес, солиден имунитет, ама после варичела секој месец е со нешто -тт, малаксаност, предбронхит… нос, кашлање. Матичната дури скоро ми даде за прв пат витамин Ц 7 дена кој веќе е испиено, изопринозин по шема… Еве пак носот, зарипнат… Нема крај ова
Сум вртела неколку работи, покрај омега и Д3, ацерола давам, мултивит сируп на Допелхерц, сум давала киндер имуно прашокот после посериозни болести… Можеш било кој витамински сируп, Дефендил го фалат, Имунобета…
Дефендил му давав и мислам малку намали со разболување, не дека не се разболуваше ама помалку беше. Сега го завршив и се чудам со што да продолжам.
Ние му даваме Омега на Молерс, Д3, ВИтамин Ц и Марнис Протект Јуниор со прополис, сигурно сме веќе трето или четврто пакување. https://www.zegin.com.mk/mk/marnys-protekt-junior-20-shishenca
Браво па јас толку не можам да изедам сабајлечки Ќере јаде скромно 1 јајце повеќе не, јас и со толку сум среќна хаха претходно не сакаше да смисли јајце. Сега јаде варено, ама некогаш акп и удрат бубачките во глава само жолчката ќе ја изеде белката не