Абе како не, научил Тестира. Да види шо се дешава. Ќе добие ли шо наумил И у краен случај, секоја ука има и одука. И јас ја иам научено на глупи некорисни работи па после ја опраив, ги заборави тие работи. Иначе ние сме многу гласни по природа дома дека мм е наглув, па си се дереме. И детево ко ќе сака да каже нешто, си вришти. Па ако не ја слушнеш од прва, комшиите ќе ја разберат А за случајов шо се дерел за вода, ќе му кажеш само Водата не е играчка, ако сакаш да се напиеш пиј и остај го шишето и толку. Крај на муабетот, гледај у чавките после и не се докажувај. Јас скоро за се така и правам, Напиј се и остај. Изеди и остај, не ми се шетај по соба. И не ја прај грешката да му кажеш Само не се дери. Лелеееее кој демон излезе од нејзе ко и реков Ај те молам не се дери и кажи ми полека Мене мм ми вика Многу ја молиш... Пошо мене секој обид да ја смирам е Ај те молам ова, ај те молам она...
@1209 , мојава тестира граници до кај може, пробувам со еднаш, не истурај пример, викам втор пат, трет земам и не се вртам. Ако сака и пола час нека ака. Ама пак кај мојава е лошото што за секунда смислува друга глупост што да направи. И може лош родител сум ама и глас повишувам и тоа без грижа на совест. Додуша повеќе ја тргам физички од тоа што го намислила и бараме друга активност од одма ама не дека не сум подвикнала. Пример, боиМе со фломастери. Се додека има интерес и бои на лист или ептен да чкртне на маса имам и јас трпение. Во моментот кога ќе почне да станува и со фломастерите да трча низ куќа, собирам без размислување. Седнуваме да јадеме, додека седи јаде, дали биле 5 или 15 залаци. Во моментот кога ќе почне да скока на столица, да станува, да трча низ куќа, нејзината чинија ја тргам, ставам во мијалник и оброкот е завршен. И така за куп ситуации.
Приметивме дека Марио не гледа убаво. Прво што замижува кога гледа, второ што зафрла глава наназад кога сака да види нешто и трето многу се мава во се, како да не ги гледа работите. Закажав веќе очно, ама ако добиеме наочарчиња, давајте совет, како сте се справиле со мали дечиња и очила? Оние за сонце ги носи, овие ако ги добие веројатно ќе биде со врвка да не му паѓаат, немам проблем да носи, ако треба нели, ама се плашам како ќе ги чува на глава. Ај давајте совет.
Детските наочари се пластични,и стаклата и целите,имаат врвка ,ластик за стегање отпозади,тоа не е проблем,туку како ке го прифатат деца во школо ако е школско дете да не му се смејат и потоа одбива.Ако има уште некое дете од оделение со очила ке има пример и нема да биде само.
Кај Ангел се работи за дете од 2 години. @AngelOfArh , си зедов за право да одговорам. Сме немале во окружување толку мало дете со очила. Не сум забележала и кај ќерка во градинка ама сигурна сум дека ако испадне да носи наочари баткото, баш самите доктори ќе ве насочат што е правилно и како да прифати
Кога ќе го нaправите прегледот те молам сподели искуство. Ние го носевме кај д-р Златко Чипуровски, тој кажа дека сѐ е во ред, но немам такво претчувство, го следам детево и знам дека има. Моето е таа возраст (2,5г), па таман ќе ми пишеш искуство како соработувал и со кои инструменти го прегледала.
Да кажам искуства со прегледот на бебе, одлично поминавме, супер! Не можев да си го препознаам бебето, добро де не е бебе, знам, ама мене и големото ми е уште бебе а не па малото. Супер е, нема никаков проблем, здравје за година дена пак да одиме ако приметиме нешто. Презадоволна од докторката.
Не барај логика во вирусиве актуелни, нит се знае што е нит се знае од кај е. Порано се знаело, алергии на пролет, сега цела година луѓе мака мачат со алергии, од фебруари до мај ко ништо.
Темава може не е за ова ама ми треба добар предлог за подарок за машко детенце кое ќе полни 3години. Родителите се прашани што им е потребно, одговорот е ништо, сѐ имале за периодов, а нас желба ни е да му погодиме, баш ни се блиски. Што најмногу ги интересира и сакаат на оваа возраст? Само да напоменам, баланс точаче не е опција, тоа беше подарокот за минатиот роденден.
Spoiler: Вака нешто https://topolino.mk/product-categor...eativni-igracki/stazi-garazi-stanici-parking/ Зависи до колку пари мислиш да дадеш.
Тротинет со 3 тркалца? Син ми го извози ептен, сега се префрли на тротинет со 2. Инаку нема правило што сакаат и ги интересира, многу е индивидуално. Во принцип нема многу опции за некој поголем подарок: велисипед или баланс како што кажа, тротинет, автомобил на батерија (иако некои деца не ја сакаат). Можеш да направиш комбинација на летни алишта со некоја играчка.
Јас кога кажувам ништо мислам на пари во плик. Стварно се имаат дури и премногу. Скап подарок е фрлање пари.