Се согласувам, за второво за роденденот и за крштевката сите пари му дадоја, ме прашаа, ви треба нешто или пари, јас си кажував дека се имаме од брат му поубо пари.
Пред или на три години има систематски? Скоро 3 сме, одамна не сме биле. Фала богу здрава е, ама пак да си прашам.
@LazaLaza шампонот на Ревлон да не го проба? И се прави ко метла од повеќето пробани, па дали да пуштам чергата се мислам.
Еејј да, пуштај черга не му ја мисли Минатиот месец го земав, прво го земев што ми го предложија исто тука ама не го биваше и сега сме на него. Стварно косата свиленкаста и вреди за парите
Itno mi e. Na deteto, ima dve i pol godini, namesto 2.5 ml rupafin mu dadov 5 ml, gi pomesav toa kako dozerki, trebase 5 ml na golemata. Opasno e? Ve molam pisete.
https://kosa.mk/produkt/revlon-professional-equave-kids-princess-look-conditioning-shampoo-300ml/ Овој е ама јас го земав од ДМ од diamond
Кажете чаре за нејадење, малото е 2.5 години, и од нова година наваму протестира за јадење, престана да ми ги јаде готвените каши со зеленчук и месо, а и од нашиот ручек не сака ни да проба буквално не јаде ништо готвено.Наутро јаде каша со житарки, овошје, семиња, јатки и тоа мислам дека е едниствено здраво што внесува, после јаде тост со кашкавал, пржено јајце како омлет и за вечера пак овошје со житарки или бисквити и грчки јогурт. Во Кашите му ставам просо, киноа, бисквити, урми, семиња, јатки и сега почнав и јогурт или грчки јогурт да бидат што покалорични.Кашите мора да се благи да ги јаде, порано јадеше палента со грчки јогурт и варено јајце или некоја друга солена комбинација со грчки јогурт и тоа го исфрли не сака ни да проба, мачкано лебче не јаде никакво, мафини, проја палчинки исто не прифаќа, тестенини исто не сака, завчера му ставив сварени шпагети интегрални во овошната каша место житарка,од наши јадења буквално ништо не сака ни да проба. Јаде салата краставица, патлиџанче и толку.Не јаде грицки и благо па да речам сит е од тоа, едноставно нема начин со сила да му дадеш, пробав да го оставам од огладни убаво и пак не прифаќа да му понудам нешто друго.не јаде ни кифлички, лебче ништо. Слабо е многу, и модринки почнаа да му изглегуваат по нозе, веќе живци ме фаќаат, и секој месец е болен , еве сега пак почна да кашла и да му тече носот, и му давам витамини постојано.
Од кашите се презаситува колку и да се здрави сепак држат, пробај по обичен појадок, можеш некои мафини имаше со диносауруси или некои форми да му направиш со палачинки, вафли да му изгледаат интересни, или корнфлекс топчиња со млекце, пржено јајце, тост. После тоа ручекот малце салатичка и шо имаш дали пилешко или нешто друго, ако не сака манџи печено нешто,мевце мора да јаде скоро секој ден,ако е гледен мора да јаде, измеѓу не давај грицки смоки и шо и да бара.
A зошто каши на толкаво дете? Нормално дека нема да сака кога јаде само каши, давај му лепче намачкано со нешто, кајгана, што и да јаде од тоа за доручек, што ќе му се каши? Ужинка овошје, ручек тоа што имате и вечера можеш тарана, нешто такво солено. Многу се тоа каши за дете, нормално дека нема да јаде кога не џвака и не сака да се мачи. Модринки не му се од нејадење, од што се маваат им се, има и мојот а машала јаде.
@Lisandra @AngelOfArh јас ако му ги укинам кашите тек тогаш страв ме фаќа што ке бидне од него,само така внесува нешто здраво и витамини, во една каша на пример ставам банана, јаболко, урми аронија плус семинња, ореви, просо, тоа вака поединечно нема шанси ни една третина да изеде. Он за џвакање знае да џвака, не е тоа проблем, ама не сака ни да проба, омлет јаде, тост јаде, ама лебче само намачкано не сака, чорба некоја или супа, тестенини, палачинки ништо не прифаќа.Месо исто порано го јадеше блендирано во ручек сега никако не пробува.Краставици јаде,и турбо е активен се качува по се живо и паѓа постојано, модринките може и да се од тоа ама другово навистина не знам како да го решам.
Ама јаде каши зошто е лапни голтни, а до кога? Треба да џвака, да јаде а не да голта. Големо дете е на 2ипол години да јаде каши, јас знам дека ти е тешко, ама мора да почне од некаде. Моето е помало па не јаде каши од пред годинка, некаде после 8м почнав парчиња и така продолживме. Е потешко е, понапорно, бара повеќе работа, ама па за детето е поздраво. Големото ми јадеше каши до кај година и 8 месеци, исто од страв, прво дете, не знам како и многу мака видов со него со јадење месо и парчиња и говор, а вилицата се вежба само со џвакање различни текстури. Зошто порано децата имале помалку проблем со говор, зошто не јаделе блендирано, пасирано до годинка и после веќе општа храна. Како сакаш разбери ме, знам не ти е сеедно, ама дете треба да јаде со заби, а не да голта каши.
@macalavica , дали јаде свежо овошје? Мислам пресечено на кругови, коцки, како и да е? Во краен случај како смути може да се пие, во делот на ужина. Да не е каша, сакам да кажам. Ќерка 2г, 3м најбебешко би рекла, јаде повремено бисквити со млеко, или варен овес со овошје ама тоа нека е 2-3 пати во месец. Се останато веќе и е исто со нашата исхрана. Омлетот го јаде баш само јајце да е или можеш тука да протнеш и зеленчук? Пример со спанаќ, кашкавал, доматче, пиперка ситно сечкана итн. Дали би јадел како кофтиња? Да пробаш прво со тиквица, па тек потоа со месо, ако тоа е проблем, месото мислам. Конкретно совет немам, затоа што не сум се соочила со нејадач, освен нели испробување на различни комбинации. Педијатар за оваа возраст исто би ти рекол каши никако, веќе треба да јаде цврста храна.
Јас пак имам проблем со овошје, како ги правите овесните снегулки да се со овошје а да не е блендирано пошто такви веќе не сака и плус друго што им ставате да пробам да и правам тоа е најздрав доручек.