Варам овес или го потопувам во јогурт и сецкам овошје свежо. А дека е најздрав оброк, не баш, сепак е поздраво од лепче намачкано со паштета пример.
@macalavica Се додека нудиш друго и нешто што му е полесно на него, нема да јаде. Ти треба да пресечеш и да не нудиш. Ништо не прифаќа затоа што е веќе голем и има научено дека Мама ќе даде друго нешто, ама ќе прифати. И не е процес од еден ден, нема одма да ти прифати. Ќе пресечеш, грев не грев остај го гладен. Ужинки, грицки, заборави тоа. Јадењето на маса и нека стои цел ден ако треба. Мене ми доаѓа од градинка пример и се дере пола саат НЕЈЌАМ МАНЏАААААААА, НЕ Е УБАВАААА. Не се ни расправам реално само и викам Друго неам направено. И толку. Крај на муабетот. Сакаш јади, нејќеш седи си гладна. Се додека бев Добро мамичка, нејќеш манџа сеа ќе направам нешто друго, НИШТО НЕ ЈАДЕШЕ. И новото шо и го праев не го јадеше оти ме заебаваше у здрав мозок. Е ко ќе огладне саглам може цела кујна да изеде.
Овесна каша исто ко за мене и правам. Овес со млеко сварен, мелено ленено семе, кокос, чиа, грчки јогурт, путер од јатки, урми (ова не одеднаш него комбинации правам разни) и додавам овошје некакво. Карамелизирано јаболко некогаш, некогаш рендам јаболче, некогаш ставам малини, капини, јагоди бобичесто овошје што и да имам, некогаш банана на кругови сечам. Се надевам ти дадов некоја идеја.
Па добро 2 оброци за доручек се да речам "здрави" или нормални што ги вртиме во круг и за нив и за нас. Овесна каша и јајца во и со различни комбинации. Ако имате друга идеја давајте да ме просветлите
Децата не треба да јадат само семки и јатки, треба да јадат и масти и јаглехидрати, не треба да се на режим на искрана. Па затоа и лепче со паштета иако не е здраво е сосем ок, лепче со намаз, некое питиче, палачинки... Се треба да јадат.
Црвено овошје, банана, јаболко рендано на крупно, круша рендана на крупно или ако е мека на коцки, праска на коцки, кајсија на коцки, во сезона ова, се ставам. Омилена комбинација и на двајцата ни е со јогурт, путер од јатки и вишни, ладна комбинација и варен овес со брусница и суво грозје, малку екстракт од ванила, јатки и мед, само медот го додавам на крај и плус малку сецкани јатки за кранчи, другото се варам со ова.
Па дека треба да јадат леб и паштета не би рекла. Да пробаат некогаш ок, ама да ми биде на мени редовно не баш. Зошто, кога може да јаде лепче со хумус или друг намаз и зеленчук на пример. Ете ти и јаглехидрати и масти И во овесна каша имаш и протеин и јаглехидрат и масти, не само семки и јатки. Зависи како ќе ја направиш. А дека треба да јадат се и да јадат здраво и да им се створат здрави навики од мали, да. Балансиран оброк е оброк кој содржи јаглехидрати, масти и протеини во соодветен сооднос. Како ќе го балансираш оброкот е на тебе. Не е ова дека детето на режим е. Ова е само ок однос со храна и јадење здрави оброци. Нешто што и возрасни треба да го практикуваат без да имаат чувство дека се на режим/диета, туку да е начин на живот едноставно.
Тоа де, тоа, зошто тоа што им браниме денес утре ќе навалат ко да не виделе. Не прашувај од кај знам Затоа малово од 8м јаде се освен мед, ама баш се.
Јас палента со јогурт или кисело млеко давам, кус кус исто јогурт, лепче со путер и сиренце и јогурт, тарана, губи. Порано овошни каши правев ама сега не ми ги јади.
Немам чаре, само да ти пишам за поддршка, знам како е ... Моето има многу ограничено мени, буквално не сака воопшто да проба готвена чорба или јајце во било која форма.. И овесна каша или било каква житна не сака. Ни палента... Јаде плескавички па така буткам мелено месо или разновиден зеленчук со јајца, јаде супа - комбинирам купечка со тон зеленчук плус и секако нешто намачкано на леб, но јаде овошје за среќа... Кога нешто сака има да си изеде од мерак и да си жвака и никој не верува од страна дека мака мачиме со храна Кога пробувам да поседи гладна за да јаде што би требало тоа не и е проблем воопшто едноставно нема да јаде и чао.. И сега те читам за модринките, исто повтрмено има на нозете и јас си мислам од беснеење и е, да не е анемична уствари .. Давам пиковит пола доза, д3, ц и молерс
И за модриците ли треба да се мислиме сеа Мојава е цела модра ама трапава е реално, секаде се мава. Шо може да биде, зашо крвна слика неаме испитано бааги време, не сме имале мака?
Има и тоа моментално! Завчера леташе на метла ко вештерка, се тупоса појма неам како, сплетка нозете некако и си седна на метлата, вчера глеам модрица на газ абе ко со стап да е тепана
Кога ќе те пријават од градинка у социјално ќе мораш секаде да мачкаш Друго дојдов да прашам, кој е тој путер? Слика и од кај се купува. И има ли нешто што помага за гребаници, во моментов син ми е како Џокер, изгребан од едната до другата страна на образот, барам чаре за побрзо зараснување
https://www.google.com/search?q=first aid butter zegin&client=ms-android-motorola-rvo3&sca_esv=53b49960daf18915&sxsrf=AHTn8zpKtr3Vqdoq57VFEvXtgQR_9a9IpQ:1745328067186&ei=w5cHaPCSC97Zi-gPl8vOuAI&oq=first aid butter &gs_lp=EhNtb2JpbGUtZ3dzLXdpei1zZXJwIhFmaXJzdCBhaWQgYnV0dGVyICoCCAEyCBAAGIAEGMsBMgUQABiABDIGEAAYFhgeMgYQABgWGB4yBhAAGBYYHjIGEAAYFhgeMgYQABgWGB4yBhAAGBYYHkiHGFCTCViTCXAAeACQAQCYAcEBoAHQAqoBAzAuMrgBAcgBAPgBAZgCAaAC3AGYAwCIBgGSBwMyLTGgB64FsgcDMi0xuAfcAQ&sclient=mobile-gws-wiz-serp#vhid=D4jY4ihRxgE4OM&vssid=_1ZcHaKOANJS2i-gPo8DkuQE_41 Да си го купиш, многу помага. Моите и сами бараат да ги мачкам. А имам и нешто за рани ама не можам да се сетам на името. Најдобро да побараш во аптека, ќе ти дадат опции што имаат. Јас имам дома мини аптека, со две деца се е можно
Ќе си јаде ич да не се секираш. Да знаеш од тоа не ти јаде други работи, се му е само блуткаво, не осеќа вкус за друго лапа и голта, со џвакањето се стимулира осетот за вкус и да ужива во јадењето се лачи плунка. Ти ќе си ставиш тоа шо си планираш за доручек тост, доматче, јајце, јогурт пример ти кажувам и остај го самиот да си јаде, ако не јаде нека не јаде, после можеш да му извадиш малце овошје, друго ништо ни никакви грицки, за ручек направи месо нешто да не биде со премногу зачини нека има и малце компири и мевце да му биде меко за јадење и пак колку ќе јаде толку и лебче па за вечера можеш нешто како бисквити со млеко тестенини нешто, мораш вака да пробаш, кога ќе биде гладен ќе го изеде.