Крвна слика, ниско железо е првото нешто ако нема апетит. Давај му само јадења со џвакања. (Тоа што јаде) Не го форсирај со храна. Витамини обавезно. За модринки исто крвна слика. Ти најубаво знаеш ако не се чука ваму таму, ако само така му излегуваат навистина имате проблем.
Детето е нејадач, и голем инает, попрво ке е гладно одколку да јаде, еве вчера јадел од сабајле каша (банана, урми, аронија, семки, јаболко и бисквити) и после околу 12 тост со кашкавал, си дојдов во 5 од раб, пробав гравче да му дадам, не сакаше ни да проба, зелена салата со јајца исто, сварени макарони со грчки јогурт и сиренце, и тоа не, го оставив до 8.30 така, значи ни грицки, ни сок ни благо ништо не јаде во меѓувреме, и на крај се изнервирав зашто знам дека е гладен и земав 1 банана, макарони и брусница и малку цимет и грчки јогурт му ги изблендирав и ја изеде цела мала чаша од нутри булет. Не е џвакањето проблем, краставица салата, или патлиџан џвака си јаде сам, ориз некогаш јаде некогаш не, зависи како ке му текне, тост јаде, пица јаде, ама леб , кифличка, мафин или палачинка не прифаќа, а кроасан јаде. Прво јадеше само јаце , па почнав да му ставам сиренце, па сега му ставам и кашкавал и печенница ситно или печурки ситни и тоа си го јаде. јаболко му лупам ке гризне 2-3 пати и го фрла обично, мандаринки јаде така си ги џвака. Буквално на периоди нешто ке почне да јаде нешто ке исфрли.Сокови воопшто не ни давам да пие, или грицки и глупости да јадат.Ама да го оставиш гладно ке си седи така и гајле нема.
Исто, ќе си седи гладно ич не е проблем...ама затоа ноќе се буди за млеко (знам дека е од глад) и тоа морам да го прекинам, давам 180мл, ама како кога знам дека преку ден не внесува доволно и ми е шубе... Инаку вчера после пола година јадеше макарони со сирење! Не се откажувам, пробувам...
Мислам дека тука е проблемот. Според моето искуство де, да не се праам паметна нели Јас би го оставила гравот на маса до 8:30. Мислам така правам. Најскорашен пример од вчера - Не сакаше да јаде пица, ама она НЕ јаде пица, јас упорно ја нудам. Има работи што не ги јаде и не ја напињам, туку нудам. Рече не сака пица, и направив тост. Не сакала ни тост ( а прашана беше шо сака да јаде де, ова беше лигавење веќе ) , сакала макарони. Тостот остана на маса до 18:00, и ми вика Гладна сум, мешето ме боли. Тостот е на маса. Си отиде ко попче си го изеде, и уште еден побара. А пред пола година исто седеше гладна до неповрат, немаше начин да ја убедам дека треба да јаде и само зборев Треба да јадеш за да бидеш силна како тато, да пораснеш голема, бла бла. Тоа многу влијаеше кај неа до степен сега ко е гладна да каже Сакам да јадам за да пораснам голема. Пробај психолошки да пристапиш на крај, без карање само да не му створиш одбивност. Можеш и братчето да го "искористиш" - Види бато колку е голем, или види тато колку е силен. Напрајте го смешка. Ние после секое јадење си ги "мериме" мускулите колку ни пораснале и колку силно може да напраи ПАУ со рачето - И нагласувам после секое Пау дека е затоа што јадела и е полно мешето сега и има сила Пак да кажам, може и јас грешам со сето ова погоре ама само тоа пали кај ѕверов.
Макарони со банана и брусница? Не зезај. Детево нема мака со џвакање, има мака со инаетот. А ако продолжиш да му даваш каши ќе има мака и со џвакање. Мора да џвака, како знае и умее, што сака тоа, отвори му апетит и поработи на инаетот, општо на однесувањето, па после ќе работиш и на менито. Научило како те манипулира, да бидеме искрени. Многу е директно моево, ама нема друг начин освен да го оставиш гладен да седи. Нека јаде краставица само ако сака де, ама нема нудење друго. 3 работи да понудам, никад па ни тад. Моево некни на ручек, изеде една мала здела таратур, потоа пола и више чинија супа, касна 3 компирчиња и 2 пилешки прсти. Ако слушав свекрва ќе требаше да нудам уште за да дојаде, а според мене сосема добро изеде. Вечерта дома изеде кришка со мед и ајт на здравје. Не нудам оброци триста, тоа што има се јаде, ако не сака нудам за вечера покалоричен оброк. Пример вчера супата после градинка ја нејќеше цела и затоа за вечера изеде пржени кришки сладок леб, слатки беа, со мед и ореви, покалорично и потешко. Мораш со време да го сопреш моментот нудење триста оброци.
Дете 2г и3м. Зборува, составува и реченица со 4,5 зборчиња. До пред некое време се заигруваше со изграчки сложувалки без проблем редеше, коцки. Месецов е многи голема плачка, плаче за се и сешто, има многу тантруми, нормално ли е? Утрово имаше тантрум оти легна под тепих и ја извадив, квичеше оти и ја фатив косата, ок испаднавме плачеше дома кога влеговме и да напоменам сеуште цуца цуцла, беше сведена на минимум за заспивање, ама сега од што е плачлива ја давам и порано. Со неа се смирува па потоа и сама ја остава до дремка. Слабо јаде петки уште нема, навечер се буде по 9283829 пати, сите заби тешко ги извади. Едноставно цела ден е како нерасположена играчки не чепка. Загрижена сум, проверивме кс се будеше неколку вечери со 37со8тт одлична е. Зарем и вашите малечки имаат за се и сешто тантруми, мислам повеќе плаче од што зборува на моменти.
Не сум ти јас мерило, ама моето плаче за сенешто. И ако некој нешто помисли да направи, он плаче. Синоќа плачеше зошто светлото на таа страна кај што сакал да помине баш, е баш таму фрлало сенка светлото. Срам да му е
Јас направив овошна каша со просо, банана, аронија, капини и малини и за чудо ја изеде,одамна немав за доручек овошна каша направено пошто не ми јадеше, сеа пак ќе пробам нешто друго, туку прашањето ми е ако давате за доручек овошна каша што давате тогаш за ужинки?
На овошје не ограничувам. Може пак за ужина банана, круша, јаболко како парче тоа. Некогаш смути, некогаш шмукалче. Други ужини : тук крекери, смоки, соленки, кифла, некогаш пудинг, некогаш грчки јогурт со овошје. Благо гледам до максимум да е намалено.
Некогаш Монте, во главно дома варам, од ќесичка, со тоа што ставам ептен малку шеќер или воопшто не ставам.
Па 3 години напраи, повеќе плаче од шо збори или има денови кај шо секој збор и е со кенкање Ама да, на 2 години имаше многу повеќе плачење за сенешто. Ааа и тој е добар Софија вчера плачеше зашо сум го земала на татко и Ајкосот. Не смеам јас тоа Со солзи со се ЗАШО ЗЕМААААА, ТОА НЕ Е ТВОЕЕЕЕЕ
Да не почнам листа за што се има плачено овие денови. Додуша кај нас последните 10тина дена е така ама се надевам нема години да трае
Син ми вчера зајде од плачење татко му многу ја лупнал вратата од колата, нова била и бараше да застанеме од ново да ја затворел полека . *секако дека не застанавме.
Ахх да им ги имаме проблемите на децава У кола рика ако не ја затвори она вратата а не може да докачи. Ама битно си плаче она секое сабајле вика мм. До градинка главата тапан му ја праи
јас сега сакав да го пишам истото.мојата е 2 г. Врзува два или три збора и разбира се.Команди и сл.Кога заигрува кога не баш= ама веќе еден месец ДЕЊЕ НОЌЕ ПЛАЧИ ама плачи до зајдување и некни и јас плачев со неа значи готово прегорев и се пресекирав.Цуцла тргнавме по препорака од здраво-ми кажа колку подоцна толку полошо и пречи за говор.наеднаш ја тргнав.читав на нет оваа фаза е она Terrible Twos што ја викаат.утре сме на психолог на здраво па ќе видам што ќе каже
Ме потсетивте моево лани кога беше три и нешто, се буди и ми вика - мама, сонував нешто страшно? Јас па уште, леле мамино што? Мислејќи некој кошмар. Епа мама, сонував дека наместо јас, ти си го уклучила малото светло до кревет Кошмаров и проблемите да му ги имам
Не фати стомачен вирус во саботата. Подобри сме ама столицата уште не е регулирана. ( Денес се искака еднаш ама од горе до доле беше какан). Колку време треба ? Искуство некое со вирусов.