После две недели можеби. Ние бевме пред скоро две недели уште му шара столицата. Де проливче, де тврдо, а давам пробиотик.
Во вторникот бевме на психијатар, поштено не истепа и мене и мм пред сите Следно ни закажаа еег, не верувам дека ќе го најдиме лекот кај детево, следно ќе биде психијатар за нас да бараме Што ви кажаа на вас?
За децата горе доле гледам речиси сите исто прават. Мене ме интересира вие мајките како сте со живци, ама не се зезам. Сериозно прашувам? Станав мајка што само урла. Ама само глупости прави. Знам дека е изговор ама не можам. Доаѓам од работа со прегорен мозок и таа уште толку се лигави. Дали вака ми прави дека почнав на работа не знам. Ама поголемиот дел од нашиот однос почна да се сведува само на карање. Најповрзана е со мене а осеќам дека некако почнува да се лади спрема мене. Ама заморот си го прави своето.
Не сме со живци Јас искрено од нејзини 2 до нејзини 3 години, мислам дека само се дерев по дома. И си заработив убав нервен слом еднаш, се напив дијазепам и излегов надвор. И седев и размислував шо ми е и зашо вака се понашам. Не ми е детето криво воопшто, тоа е дете. И така фино си се собрав Дека треба да бидам пример за ова дете и дека нема заслужено невротична мајка. И си праев тактики како да се справам. Верувај дека си ги имам зариено ноктите у рака до крв за да не ја фрлам преку прозор. Ама не е она крива. И кога сфатив дека Не е она крива, многу подобар однос си направив со неа. Како и пристапувам, така се понаша. Ако се дерам, ќе се дере погласно од мене. Ако зборам мирно, и повторувам цело време 200% повеќе ме разбира. И маж ми пред некој ден кога реков Детево е многу посмирено, ми рече Не е детето, ти си многу посмирена, детето е истото ама ти го гледаш на друг начин родителството. И многу престанав да се замарам со глупости. Шкртала? ГОЛЕМО ЧУДО. Истурила? ИСТО. Престанав да вриштам, почнав да објаснувам сакам да кажам. И престанав да се плашам исто така. Се качувала по столови, јас трчање по неа Немој ќе паднеш со дерење. Сеа смирено кажувам Софија ќе те боли ќере ако паднеш и Софија за чудо некое сфаќа дека ќе боли и не праи така. И најбитното pick your battles. Сфатив дека Не е се вредно за да се дерам. Најчесто е многу попаметно само да свртиш поглед и да оставиш да прави ама БАШ ШО САКА. Се што изнудува реакција ( негативна ) некако е многу позабавно за децава отколку да им кажеш Браво, многу си умна. Шо све изнапишав, појма неам. Ако ти има смисла нешто од ова мило ми е. Те гушкам
Со првото дете бев иста како сите вас, на работа плус хормони (бремена со второ). Не беше толку неподнослив колку што јас бев нервозна. Сега ми е многу жал. Кога сум требала да му помогнам, да го разберам, а не да го карам. Е сега со второто е друга приказна. Се разбираме што сака, и гледам да му одвлечам внимание, доколку е можно, да имаме што помалку тантруми. Најчесто ми успева Ама кога е преморен, или гладен, ништо не помага. Затоа се трудам да биде посмирен секој ден со храна и пиење и задолжително преспивање. Барем еден час да одмори. После имате друго дете. И големиот ќе прави 6, ако не преспие за викенд и тој има тантруми попладнето. а не пак дете од две години кое не знае да каже што му се случува и како се чувствува. Ви се восхитувам на трпеливоста како издржување по цел ден за викенд со ненаспано дете . Па ние дома сите ќе понудиме ако не преспијат и двајцата. Не сакаат, одбиваат да спијат, ама нема попуштање. И сите сме среќни попладне
Дечко мој од секогаш имал помека столица, досега немал она баш нормално формирана кака како гомце цело, Потполно исто, до точка. Ќе смислиш нешто. Види што те вади од такт, растурено? Е арно де, оти ти не земеш да растуриш? Шкртал, е добро, ќе престане еден ден, оти ти не земеш да шкрташ по ѕид? Истурил сок, тоа е, оти ти не истураш, имаш подобра координација од неа, нели? Дете е, не е робот. И јас шизеф, и тоа како шизеф, додека еден ден големиот не ми рече Мама ти веќе не се смееш како на сликите од порано и малиот ни рече Не кааате! Се размислив, си викам што правам бе јас? Децата вака ли заслужуваат? И со мм отидовме на психолог, си го спасив и бракот и родителството.
И јас би да ги заспијам во 6, и да си имам време за мене. Ќе пробам викендов. За исходот ќе ви пишам во понеделник.
Кај мојава пали само да не може да стои од физичка активност веќе. Понеделникот пример неработен ден нели, сабајлето возевме точак и се јави комшивката да ја носеле на село. Ајде викам, ја спремав, отиде. Во 6 ја вратија со очи на пола копје Обично читам јас приказна па она "чита". Е не дочека да ја дочитам јас, а не па она
А сама ја пративте? Кои се тие комшии што чуваат деца. Од моите и баба и дедо се откажуваат по 2-3 часа.
Сама бе Реално овие повеќе ми се имаат најдено од родената мајка во последните 3 години. Сега посебно откако збори, оди, знае да си каже што сака/нејќе, повеќе се нафаќаат И сами си ја бараат. Атракција им е у фамилија Ќе дојде некој нивен, прво кај мене ѕвонат "А Софија дома е?" Вчера дојде малиот нивни, мал слушај ме 22 години е детето и ми вика "Луна, порачав сендвичи а Софија многу јадеше компирчиња претходниот пат, сеа порачав само за неа, дај ми ја" И она многу им се радува, ко ќе го види комшијата на прозор излегува преку врата само да го изнагушка, на скали го чека
Многу е нервозен, и во состојба е со саати да плачи за глупости. Најново е трескање на врати како некој тинејџер, јас во моментот кога се чувствувам дека ќе експлодирам излегувам да пушам цигара. Ако седнам на под да го занимавам и да земам некоја играчка што во моментот не сака да ја игра (а јас не можам да знам што мисли баш во тој момент) е за тоа настанува тантрумиште! Го земам да го смирам, се витка ме мава или пак да го игнорирам веднаш оди масата да ја преврти или ќе истурка нешто од комода. Последните пати се смируваше кога ќе земам да плачам и јас, ама не бива секаде да плачам
Јас можам да кажам дека сум мајка со живци, најискрено се брои на прсти на една рака колку пати сум се развикала на детето, а веќе има полни четири години. Знаеш што секогаш ме спасува пред моментот да се исклучам? Застанувам и погледнувам низ неговите очи, се ставам на негово место и од негова перспектива. И верувај, дека во моментот се ми станува јасно, зошто и од која причина се однесува така како што се однесува и кога ќе ја сфатам неговата гледна точка, немам ни причина да реагирам бурно, туку сум спремна да најдам решение. Можеби и карактерно сум многу смирена особа, општо кога ќе дојдам во состојба на нервоза, губам контрола над сопствените мисли и воопшто не го сакам тоа чувство и се обидувам што можам помалку да се доведувам себеси во таква состојба, па може и тоа има свое влијание. Друго што сфатив со син ми, пред да забранам нешто, да размислам дали навистина имам причина што го правам тоа или го правам бидејќи ми се може и сум возрасната и дали не може да се најде компромис. Научив да си ги бирам битките и да ги смалам очекувањата што сум ги имала од едно две/три годишно дете. Ако нешто прави, кај што има ризик да се повреди, доколку не внимава, му кажувам дека мора да внимава, немам против да го прави тоа, ама да биде крајно внимателен и го гледам цело време. Не наметнувам што да носи од облека, затоа што има право да бира што сака, а и мене лично не ми смета, само да е временски погодно. Маж ми има пократок фитиљ од мене и често избувнува. Тој добива многу полош фидбек од мене, колку он повеќе се дере, толку и дете повеќе се дере. Јас се зезам дека јас сум “да” родител, наместо за да викам “не”. И со разговор многу се постигнува. И можеби е до моево дете, ама навистина даваат прекрасни резултати разговорите и смиреноста.
Фала на сите за одговорите. Ама кај нас не е таков случајот. Не ја карам ако се исфлекала или скока или не знам што. Барем ти @AngelOfArh ме имаш читано и сама ми имаш пишано дека сум трпелива. Јас ја карам за некои работи што сметам дека нема попуштање а таа за се почна да се лигави и сака се по нејзино. И не знам за вашите ама многу е напорна, мотор во газот има. Со спиењето проблем навечер нон стоп се бориме да заспие таа се друго и е поинтересно отколку да спие па да ја оставам ќе седи цела ноќ без спиење. Не можам така. Плус сега одам на работа и рано станувам прегорена сум а секоја вечер борба е да заспие. И за се буквално плаче ако не е по нејзино, и плус не мава. Заби миење, пресоблекување и општо се на сила правиме. Исцрпена сум...