Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    6.826
    Пол:
    Женски
    Ако сега си почнала на работа и воедно и ова однесување почнало, јас би го поврзала едното со другото. Дека јавува револт на тоа што не си тука дел од времето.
    Во градинка мислам оди, така? Дали и таму има промена во однесување?

    За да нема борба може кај вас ќе успеат табели и "награди"

    81PrhLm+u6L.jpg
    Вакво нешто ама ќе си прилагодите на ваши потреби.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.277
    Пол:
    Женски
    Не бе срце мое, не кон неа трпелива, кон себе. За себе да се заштитиш. Сега тебе се ти е ново и поинакво, дај си малку оддишка. За себеси да си олесниш. А за неа да, алал да ти е, јас признавам дека не знам толку да сум трпелива кон деца. Карам, викам и озбилно се лутам. Моментално работам нешто за работа а кај мене е хаос. Згазнати туку крекери на земја, играчки во еден огромен хаос, ќебиња што се сушеле сите се тука чекаат да се комплетираат да ги соберам, ама во дневна чекаат нормално, мијалник во кујна е затнат од нешто масно (маж од дома работеше денес и као да ми помогне...), тече нешто од фрижидер, ама јас не можам да оставам работава и да земам сеа да средувам па решив да не се замарам за тоа. Правам малку пауза да ми одморат прсти од пенкало и место да средувам допивам ладно кафе и читам овде. Коа сме кај кафе носејќи го накај дневна се сопнав од играчка и потурив, ама Ангела од лани ќе се трескаше од земја, оваа Ангела не се замара.
     
    На Mother of 2boys и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.981
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Еве ја бе душо, изми заби и и текна дека не сака да спие и рикаше за мачкан леб. Секој ебен ден јаде мачкан леб оваа недела. Не да е напорна, пренапорна е. Седна да јаде, и се мочало. Ок, сето тоа проследено со рикање и плачење. Ми е гајле искрено. Нека рика колку сака. Немам нерви одвише веќе.
    Ти за себе да се олабавиш, повеќе да игнорираш.
     
    На Mother of 2boys, Carolin., Splendor. и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    8.406
    Пол:
    Женски
    Ме нервира што со мене вака најмногу се лигави, излегува дека сум лош родител. Така се осеќам. Ич не е послушна. За јадење не се замарам толку јаде ама има и денови кога само макарони бара, не ми е гајле колку сака толку нека јаде.
    Ама ова заспивањето ме вади од такт. Легнуваме во кревет и тогаш почнува дај вода дај млеко. Ми се јаде ова ми се јаде тоа. Не дека навистина туку само да одолговлекува за да не спие. Сум пробала и на двата начина и да и дадам и да не и дадам. Пак исто тера. Некогаш викам само јас се слушам во зградава.
    Еве сега мм ја варди со него е попослушна |(
     
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.981
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Со мајки секогаш е така да знаеш... Мм да ја погледне ќе се смири, јас можам да урлам до сабајле
     
  6. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    1.084
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека само ние се слушаме некогаш.. во вторникот од градинка до дома огромен тантрум имаше, липаше, ме гризна.. умрев и дома се смиривме и ми вика извини мамо. Исто беше и понеделникот кога се вративме од гости дека изморен беше и цела зграда не слушна дека сме се вратиле :( Па еве вчера и денес имавме преубави денови. Гледај ги малку и убавите работи.
    Инаку за спиење пробај со зборење ама да и даваш на 5 мин потсетник. Кај нас беше проблем со одење од лулашки, игротека и слично и почнав: мама за 20 мин ќе одиме дома, ќе јадеме тоа и тоа и ќе читаме книги, па после на 15 мин пак го потсетувам па на 10 итн уште пред да почне со тантрум и успеа тоа. Сега он го користи на нас тоа, вика ајде уште 2 минутки и ќе одиме надвор.:D
    Мојот не сака ни да го скараш па, денес му викнав зашто упорно ги пика прстињата кај вратата измеѓу, иако 7363637 пати сум му кажала дека тоа е опасно, па се расплака па теши го...
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    8.406
    Пол:
    Женски
    @LiquidLuna ела да те гушнам.

    @LizzyGrant буквално истото е и кај нас, од збор до збор.
     
    На LiquidLuna и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.277
    Пол:
    Женски
    Не не, грешка си. Со тебе се однесува така зошто само во тебе има доверба. Не ти кажувам муабет што јас сакам да го чуеш, ти кажувам што ми рече психологот. Со тебе е блиска и со тебе има слобода да се искаже емотивно, затоа тебе ти плаче, другите не ги осеќа доволно блиски. Знам дека се си пробала, сигурна сум, ама кај мене што запали, да зборам со него како со возрасен. Се преокрена дете, стана многу поедноставно. Даваш избори, ем они се осеќаат дека се важни, ем ти си победила, вин вон ситуација. Сакаш да јадеш кришки или сакаш мачкано, исто е, ама они мислам дека бираат нешто и оп, нема рикање, одбрала сама. Мераци! Кај мене ова многу запали. Не викам веќе не, му давам избор, сакаш Тексас јакната или сакаш јакната со Мики маус, замисли истата јакна е, он мисли сам одбрал, абе ќефои. Сакаш макарони или сакаш шпагети, чоек исто е, штоидае, битно он одбрал. Му даваш јаболко зошто треба да јаде нели, го прашувам дали сака цело или сечкано, одбира и пак е исто, со тоа што најчесто бира цело и помалку работа за мене. Не е дека нема тантруми и моево, има, најчесто навечер е за спиењето. Го пуштам во темното да прошета, ќе види дека нема ништо и придружи даље, ко попче ќе се собере у соба.
     
    На lackygirl, LiquidLuna, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    1.876
    Пол:
    Женски
    Мајка иста е и мојата за заспивање,со пискање,со карање,со молби додека легнеме,бара вода пие,да и ги држам рачињата,па не била добро покриена,па сакала перница,не сакала перница,ужас ми се плаче.Се ова почна да прави од кога се породив со второто,кога бев во болница спиеше или со мажот ми или со мајка ми,тие ја остава кога сака да заспие и што сака да прави додека не клапне сама да заспие,пред да се породам имаше ред преку ден заспиваше во 13 часот,а навечер 20:30 до 21 и 30 најкасно без никаков проблем.Еден месец беше дома,не одеше во градинка,преку ден не можев да ја заспијам и навечер исто.Вчера се жалеле воспитачките дека не спиела и дека ги будела децата,пробав секаков начин да применам ист исход има,се надевам дека е период и ќе помине ќе се вратиме по старо.
    Кај мене го знам проблемот,новиот член.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    @Erika.greeneyes истите проблеми ги имаме, сега последно научив тактика. Трчам во спална, ќе го заспијам тато ти нема да нанаш, и трча нее јас нанам. Легнуваме и јас мижам, се правам заспана, тој уште изведува има плачки да стане или бара да пие/јаде јас сум заспана и не отварам очи. Ќе прокенка и заспива брзо.
    Или пак тактика за пресоблекување, ако е тука мм тој крева нозе да го ставам памперсот кај него и одма трча, ако не е тука го земам мечето и почнувам да го облекувам, и пак веднаш трча и легнува… Во најголем случај ова ми пали, е сега тантрумите се за нешто што не го разбирам бидеќи уште не зборува јасно, поточно кога ќе настане узбуна и зборува кинески па додека нагаѓам што сака уште толку се нервира и на крај и јас ќе пукнам.

    И денес после прочитаното тука решив да го оставам да прави се што сака без да го искарам, немаше ниту еден тантрум, ама затоа стоеше 30 мин качен на трпезариската и ми се смееше во очи, па фрла со играчки во тв, зеде да мава со сладоледот(играчка) кај ќе стигне и очекуваше моја реакција, јас само ќе го погледнев оштро и се смееше.
    Денес не доби повратна реакција апсолутно за ништо и беше без плачки, ќе пробам да се контолирам наредниве денови да видам дали ова ќе премине во размазеност или ќе се оправиме од тантрумиве…
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Машки
    Веќе ти пишале, може така да се однесува дека и недостигаш штом си почнала со работа..пример јас доцна си доаѓам секој ден од работа и само што ќе влезам од врата, малиот ги прави сите работи што нетреба да ги прави во рок од 15-20 секунди..ќе избутка се од масичката мала, ќе истури вода ако има во чашата, ќе се качи на масата или ќе најде некоја боичка и ќе почне да шкрта по ѕидовитеили почнува да вика...и јас само ќе му речам може сега да се гушнеме и доаѓа и како ништо да не било и почнуваме со играње..
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    2.071
    Пол:
    Женски
    2год 3 м
    Се сомневам на намален слух и поради тоа сеуште задоцнета продукција на говор. Каде да го однесам да го испитаат тоа и дали воопшто може да се испита на збеснат тодлер?
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.277
    Пол:
    Женски
    Се може. Јас ти препорачувам во Ремедика да однесеш дете, таму има врв доктор, да ме убиеш не ми текнува како се вика, познат е орл доктор, стар, ама на другарка на Матео од школо и беше сламка за спас. Дете со слух изгубен до 45% ја спаси и и врати слух.
     
  14. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    2.071
    Пол:
    Женски
    Фала многу! Да не мислиш на доктор Оровчанец? Јас само тој го знам извикан таму, ама не сум сигурна дали е за дијагностика
     
  15. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Да тој е во Ремедика, но конкретно кај него сега не знам дали постојат термини, Весна или Никола се негови ученици и со нив е некогаш. Ние правевме операција на трет крајник таму, и тој присуствуваше на операцијата со Никола. Задоволна сум од сите.
    Мое искуство со намален слух е поради трет крајник и задоцнет развој, после операцијата имам друго дете.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.277
    Пол:
    Женски
    Да тој, скроз е стручен. Ти кажувам, девојчето беше многу беше лошо и фала богу еве ја една година се спаси. инаше и јаки болки детето, гнојав секрет од уво, Али најлошо беше со слухот.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.277
    Пол:
    Женски
    Вчера животот ми се скрати. Ми кажа свекрва ми дека гризнал детенце во градинка, го скарав и мислев тоа е тоа, пак некое дете за прст го гризнал, како што си прават вообичаено децава во група. Праќање мајката слика од детенцето пола образ му го одгризал. Душа снемав во мене. Прво од жал за детенцето, не смее така, второ за моето, па не сакам бре да одгледувам мал багабонт. Ама најмногу ме погодија коментари на мои блиски, ко да тренирам дома иден Кецмановиќ се осетив. Многу лошо. Да сум казнувала, да сум карала, да сум го, цитирам, стресеш малку... Душа ме здоболи и за моето ама и за другото детенце.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.518
    Пол:
    Женски
    И мојот има периоди кога гриза, болно е стварно. Поврзано е со нов заб секогаш па јас пробувам со гранули и маст да го држам периодот делумно под контрола. Реално зборување не помага премногу, треба време да сфатат, мали се уште брзо забораваат. За тепање пак не сум воопшто. Договорете со воспитувачки некоја “казна” кога ќе го прави тоа, не знам нешто поблаго за да сфати и да знае дека нареден пат па ќе му се деси тоа ако гриза. Сепак за престрого родителство со закани казни и ќотек не сум, ама знам тешки се овие периоди кога не знаеш како. Верувам дека не се чувствуваш убаво ама застани во одбрана на детето, колку сакат нека те ругат другите. Ние треба да сме и поддршка во вакви ситуации а не упте толку да ги напаѓаме. Мора да ги заштитиме. Не дај боже да трае овој период долго, ама знаеш период е, и никако не е насилство ова. Си има мака и искажал револт на начин што нему му доаѓа прво на ум, немат контрола на мислите тие. Поддршка ти праќам и биди храбра за твојот син пред други, никој нема право да го напаѓа а камо ли па тебе грижа на совест да ти прави
     
    На AngelOfArh и Carolin. им се допаѓа ова.
  19. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    1.278
    Пол:
    Женски
    Треба да застанеш во одбрана на детето? Ама на кое, кај мене малиот го гризаше неколку пати големиот и тоа многу силно. Без причина. Трчаше од соба во соба и го гриза батко му. Уште белег му се познава.
    И кога го виде бато како се треси од болка, значе не плачеше, липаше, туку се тресеше цел. Ги стави рацете на уста и остана зачуден. Му беше страв да му се приближи и оддалеку го гледаше. Се растажи и тој.
    Мислам дека тоа беше и последен пат да го гризне.
    Во градинка нема гризнато дете.
    Ама таму и да се гризнат, турнат најчесто го прават тоа во самоодбрана. Затоа воспитачките не посочуваат дека само едното дете е виновно.
     
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    6.826
    Пол:
    Женски
    Сум била од двете страни. Ќерка ми си дојде искасана и на рака еднаш и на лице друг пат. Ни кавги, ни обвинувања, ни ништо не направив. Од другата страна кога бевме, што викаш уште на клада што не ме ставија. И казни смислив и се и сешто (без тепање де) ама дете од неполни 2 години или еве 2 години и некој месец колку е во состојба да го сфати тоа. А зборувам постојано. И постојано се учиме како е правилно да се гушка. Како е правилно со другарчињата да се однесува, веќе мислам не може да ме слуша.

    Кај нас друг "проблем".
    Почна да сфаќа присвојување и сега не дава никој ништо да фати.
    Ако татко и го земи мојот телефон одма имаш - остај од мама е или обратно.
    Во продавница не пребарува за неа да купиме нешто ама на каса обавезно е со "meltdown". Ставам пример леб на каса и мастики и имаш солзи еден тон
    - Лебоооот вЛати гооо, мастикитееее од мама
    - ПаЛитеееее вРати гиии
    Јас црвенеам од срам, на продавачките им е смешно, во малска продавница тоа и така фино си поминуваме.
     
    На Carolin., AngelOfArh, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.