Секогаш има причина. Не секогаш причината е другата страна (каснатиот), ама имат причина. Децата немат никакви злобни намери на таа возраст. Не велам дека не треба да се работи на поправање на тие постапки, ама да се работи релација родител-дете евентуално и вработени во градинка, никако тетки стринки свекрви мајки, кога напаѓат вака тие (посебно недај боже пред дете) јасно и гласно зазимам став дека си го штитам детето и не дозволувам да биде напаѓан од нив
И го разбирам револтот и болката на мајката, ама што ќе постигне кога ќе прати слика? Очекува ли одговорност од дете од неполни 2 ипол години? Многу е веројатно дека утре нејзиното ќе касне. Во вакви ситуации апсурдно е да се препукуваат родителите, зошто нарушен однос меѓу родители останува таков и во иднина, а децата забораваат до утре. Причини зошто каснал може да има многу, може бил каснат, бутнат, плеснат, па се бранел. Може е иницирано од него, ама може и не е, 50-50 е работата. Кај син ми уште немало инцидент за кој што ми се пожалиле, а искрено очекувам зошто има периоди кога пробува да не гризне и нас. Кај него тоа е од милост пример. Така искажува наклонетост, стиска, гушка, гризе, татко му е ист. Еднаш дојде од градинка изгребан на вратчето, еднаш зад увце и што требаше да правам драма? Не е ок, зошто сигурно и он гребе. Едноставно не е возможно да биде поинаку. Дома се збори константно, се кажува дека не треба така, дека треба да е нежен итн, ама он те гледа во очи, се смее и пак те штипе. Дур не потпораснат малку уште нема ефект ‘карањето’. А тие што ти се мешаат од страна и ти кажуваат како да воспитуваш дете што од тебе излегло, да си ги пратиш таму кај шо треба.
Муабетот кај нас, си ја земаме ќерка искасана, абе извини, не сме виделе, деца се, мали се, си играа... Од обратната страна кога ќерка касна дете, на телефон одма, ќерка ти ја прекаса Х, тука бевме до нив, во секунда се случи. Да и се јавиш на мајката на Х да се објасните и извините. Ок викам, не го подржувам јас однесувањето на ќерка ми ама што можам да превземам. Ми враќаат, ти не знаеш какви родители има, може и тужба да добиете, може вака, може така. Ок викам, не е проблем ќе се јавам јас и лично ќе се видиме и ако има некаква потреба, ќе си сносиме последици, било што вика Ангел, крем против лузни да се купи, или не знам што. Еве викам ваш предлог како јас да постапам со детето мое. Предложете ми ако треба и на психолог за го носам, ќе го однесам или друг е надлежен за вакви проблеми. Е тука стоп на муабетот, премали се, нема што да се прави, само многу зборување. Ама демек Ние (воспитувачките) не можеме на одговорност да бидеме земени за вакви работи. И така со одговорностите.
Зборев со негователката, она вика јас најдов начин совршен да комуницирам со Марио, со добро со убаво, со фино. Единствено така. Ви имам кажувано и тука, он сака така, со арно со убаво со фино, се се договараме така, а земеш џапнеш ли одма се лути. Затоа со баба му не се слагаат они, она со него се е на џапање и на контра и со карање. Негователката вика дека се другарчиња и дека веројатно другово сакало да го гушне моето, а моето не му било нешто ден може, не знам, и викало Беги, не и го каснало. Не го оправдувам апсолутно. Јас си го кажав моето, додека е до мене можам да одговарам за се, ама кога го оставам таму не можам јас да бидам таа што ќе одговара, други луѓе се одговорни за него таму. Криво ми е, душа ме боли за дечињата што се гризнати, ама па како да го спречам тоа со 2 годишно дете, еве не знам, зборам зборам и зборам, ако нешто влезе у глава добро. Не се диви, баш се питоми децава мои, играат со другарчиња, сакаат деца, малово па цело време е со на бате другарите заедно. Така да што е до мене ќе направам се, друго не можам.
Гледам активни сте во темата па сакав да си прашам тука. Како и каде штедите/инвестирате пари за дечињата?
Мајки да ми предложите некои витамини со Б и фолна како составот на Џејмисон бомбони да се ама поблаги? Овие ги земав ама дете ги нејќе, дека кисели се мислам. Невозможно е да му се дадат капки и сируп веќе, ги осеќа секаде и не сака. Само молерс успевам да дадам во млекото пред дневна дремка. Сакам бомбони други да пробам што давате вие?
Совет за детергент за алишта? Нема 3г но досега го перев со бебешко персил течен докај годима ипол, па со Фрош течнииот.. омекнувач не користам досега… Нешто да сменам како добра опцика?
Убав и нежен е бебешкиот Nila, а чат-пат за големата ги користам детергентот и омекнувачот на Chicco. Ги има во dm, во локо кроко и енци менци.
Да ве прашам дали давате Омега сумплемент? До лани давав Молерс, после по сугестија на д-р прекинав, а не јаде малото риба, орев и сл…
Многу му е ниско железото и не му се покачува со месеци на терапија, другарка ми е фармацефт ми пропарача да давам фолна Б и Ц витамин плус
Пробај го рецептот со маџун, какао и таан. Мене бремена ми го покачи железото без да пијам лекови. Само не сум сигурна дека смее да се дава какао на дневна основа на толку мали деца. Консултирај се со лекар.
Јас земав домашен тогаш, го купував од Кавадарци од луѓе што си прават дома. Го едитирав мислењето, не сум сигурна колкаво ти беше детенцето ама мислам дека не смееш да даваш од лекот зошто не се препорачува за малите да консумираат какао на дневна основа.
Две години и еден месец. Какви препораки сте добиле за дете на оваа возраст што често прави бронхит? Во неговите две години има спуштено 5-6 пати, поточно скоро секоја ларингијална кашлица завршува со бронхитис кој го лечиме најмалку 2 недели. Во последните 3 месеци спушти двапати. Знам дека е мал за алерго тестови ама сум слушала и за мајки што испитувале и на оваа возраст. Го чувам дома пероидов и едноставно знам дека следното разболување од градинка ќе е исто. Што можам да сторам со детево на оваа возраст? Да си потерам по приватни лаборатории сама?
@Bella_Stella , @Ceneva , ја отвораме кафаната. И последната 5ка што ја чекавме има излезено врвче. Ќе се помачиме додека излезе скроз ама мислам ова е потешкиот дел.
Јас ќе дојдам да се напијам од мака Шала на страна, ова моево пак почна со плачките навечер, а таман си реков се смири. Веќе не сум паметна до што може да е. Ќе пукнам колку се ме боли. Преморена сум. Ама идам в кафана да се напијам опијам