Па не е лошо на вкус, а со мед е ептен вкусно. Ама во рецептот си е со маџун. Бравооо! За мене еден џин-тоник.
Иста мака. Мојот е 2г и 4 месеци.Од октомври наваму еден бронхит и еве трет пат пневмонија. Правевме алерго тестови. На терапија е повеќе од месец и одеше во градинка без ден пауза, ама сега со алергијата на трева и плус некој вирус попатно еве го пак со пневмонија. Незнам што ќе биде конечно препораката овој пат, ама мислам дека финално ќе го стават на пумпица. Убаво ти пишала Ангел одбери доктор и закажи во козле па веројатно ќе ти дадат насоки што понатаму.
Мојот е 2г и 4 месеци, на секое разболување спушташе на гради и два пати направи пневмонија, од козле не ставија на флексотиде. Првиот пат мака мачев не прифати никако пумпица се одеруваше од плачење и се откажавме, за два месеци пак ми спушти и решив да сум поупорна и без проблем ја прифати пумпицата и тераме со нејзе веќе два месеци и е доста подобар. Закажете си во Козле ќе ви кажат што треба и ќе му дадат некоја заштитна терапија. Ние не сме правеле испитувања или алерготестови, докторката реши да пробаме со пумпица прво па ако не делува тогаш да испитуваме.
@AngelOfArh @Ano @strelec231992 Фала мајки. Мора да преземам нешто, не бива вака. За какви пумпици станува збор? Вентолин или? Скроз непознато ми е, немам сличен случај во близина и немам лично искуство со алергии, сега дури на 'стари' години пројавив симптоми. Ано, побрзо да минува и толку да биде веќе. Праќам сила иако сигурно веќе сте подобри.
Исто сме. 2 години е. Еве уште сме со антибиотик и лечиме бронхит. На крај на месец ќе ја носам за алерго тестови во Козле. Денес и правеа ренген и сите делат мислење дека генетика е најверојатно во прашање, маж ми бил ист до 6 години. Белодробното стебло и е такво, одма потекува, дишните патишта и се тесни и шлајмот останува и прави опструкции. Досега каде не отидовме, лежевме и во болница, ја лечеа со урбазон и инхалации, беше како лечена, недолечена па сега крајно и дадов антибиотик и одма се опорави. Како се лечите вие? Секој одговор од доктор е кога ќе порасне, ќе и се развие и повеќе плуќата и нема да биде вака, очекував до 3 години, ама денес докторкава вика до 6, маж ми исто до 6. Давам некогаш и рупафин или лоратидин за алергија. Друго не знам што да ти кажам и јас сум паталец и се плашам на секој ларингит, се трудам секогаш да превенирам ама никогаш досега не сум успеала.
Најчесто до сега терапијата му била кортикостероидна. Ако не е боцкање Лемод (досега две или три разболувања беа со боцкања), тогаш со сигурност е инхалации со Кортаир, Вентолин (не секогаш) и физиолошки. Матичната препишувала антибиотик само ако црп е високо (до сега не се случило) и ако грлото е црвено. Пиел до сега 3-4 пати антибиотик Амоксиклав и уште еден чинам, не ми текнува кој беше. Горе-долу таа терапија му ја даваат и плус некогаш ме советуваат да давам и Лоратадин, ама не повеќе од 7 дена. Никако не сум превенирала ни јас до сега, еве давам WellBaby, Д вит, пробиотик и Омега скоро на дневна основа... Кога ќе слушнам кучешка кашлица јасно ми е што следи.. освен можеби ако веднаш вклучам инхалации после првото кашлање.. можеби, еве тогаш би "пресечела". Кај мене најчест одговор од докторите е: "штом таткото има утврдени алергии, многи веројатно е и тој да има" или најјакото што го слушнав скоро "бели деца обично имаат алергии". До сега не сме лежеле во болница, можда оти соработува кога треба да се инхалира. Како закажавте во Козле? Со упат од матичен?
Да, преку матичен. За алергии со мој термин треба. Не знам да ти кажам, се разочарав малку од терапијата и лечењево. Одат на хоспитализација по цена да не дадат антибиотик. И кортико, вентолин и урбазони не се нешто подобро од антибиотик. Од урбазонот ептен стануваше тахикардична, се вцрвенуваше, тој и шеќерот го качува. Вентолинот исто прехиперактивна со срцебиење. Сега сме месец дена со инхалации, па ќе видиме. Нема друго чаре изгледа. Летово повеќе море, па ќе видиме од септември. Неможам никако да ја пуштам ни во градинка, 2 дена и се случува ова. Ако откриеш нешто во меѓувреме, пиши и тоа да се проба.
Минатиот месец кога имаше бронхит малиот ми донесоа еден боров сируп од Берово, и навистина помогна, престана да кашла од него за 2-3 дена, сега скоро пак почна да кашла 2-3 пати му дадов и престана да кашла, и мене ми помогна исто.Видете, пробајте можда ке помогне, на природна база е.
Не знам кај да го поставам прашањево. Сакам на бебе да му нарачам патики онлајн, champion, многу се слатки, ама не знам кој број да му нарачам. Ај помош. Моментално носи Најк 23ипол, не знам калапот каков е на овие. Некој искуство?
Дали и колку си играат вашите деца со други деца на 2г и 4м. Дома е друго дете надвор е друго дете. Дома зборува, игра со топки,играчки, надвор само стои и набљудува јас цело време и зборувам, ајде "" играј си со деугарчето твое.. дај му ја топката не се срами. Сеуште не се опушта да зборува пред другите, како да се срами. Дабам пример со дете кое што го познава и е иста возраст а не со непознато дете. Јас ли си правам непотребно филмови или има место за грижа.
Мојава е дружелубива по природа и со сите сака да си игра, да се гушка, познати, непознати ама таква си е од мала, плус оди и во градинка, исто е 2г и 4 месеци, иначе сум сретнала секакви деца од питоми до срамежливи до детето е според мене.
Знае и мојата да биде таква некогаш ама јас не и викам да игра, да не се срами, туку и зборам: види ја дадата како си игра, сака да си играте заедно, ќе и кажеш здраво? Нешто во овој стил пробувам да ја разберам и да ја опуштам некогаш, а некогаш и ја оставам да си набљудува. Неможе сите деца да се исти. Не гледам простор за грижа освен нашите очекувања за нив. Плус, после 3 години почнуваат вистинско да си играат.
Немаат развиено концепт за игра или споделување играчки со други деца на оваа возраст. После 3тата година се очекува ова. Сега е во фаза на забрзано учење (од тука и набљудувањето). Мозокот им развива најмногу невронски врски од 2-3 години или кажано поинаку "упиваат како сунѓери".