Лани на година и пол до кај ќе видеше дете одеше да се гушка, да земе играчка, да трча. Годинава на 2+, е порезервирана. Обично си тера сама, па ако и се доближи некој продолжува да игра заедно. Ама генерално некој концепт за заедничка игра нема. Сама да стартува што и како да играат, освен брканица. Мислам мали се уште.
Нема срце, тоа ми е маката. Ама бевме до една продавница, пробавме па нарачав онлајн. Се надевам нема да треба со враќање да се бафтам.
Може ли да ми препорачате детски психолог со кој имате искуство? Ми треба за разговор, совет, мислење за однесувањето на детево. Не зборува, ама има ужасни тантруми и однесувањето прилично се смени и во градинка. Имаме бебе кое почнува да шета низ куќата, па и тоа придонесува за нервоза, ама сакам да си позборувам со стручно лице.
Омега давам цело време, бидејќи не јадеме 2 пати неделно риба. Здраво е многу. Е треба само да го погодиш кој ти одговара.
Дали тоа значи дека можам и да не купувам веќе омега, бидејќи имаме 2 пати неделно лосос чорба на мени?
Не би можела да ти кажам. Мислам дека апсолутно е поважно од се да примаат омега за правилен развој на мозокот. Јас видов огромна разлика кај големото кога беше мал, бидејќи не давав Омега порано, на 2ипол годишна возраст почнав и видов разлика невидена. Од сон, од говор, од концентрација, од се.
Намерно не редактирам бидејќи е посебен проблем. Дете мало има мека столица од секогаш, како бебе нели течна, а сега е мека, не е формирано речиси никогаш како столица на возрасен. Има 2г и 4 месеци, скоро 5 месеци, дали 10 пати имал столица формирана како едно, секогаш е кашесто како кога јадеше каши, а не јаде каши од 8м. Давајте совет! Проблем е?
Давам по потреба, ама сега ќе давам секој ден некоја недела пред да фатам докотори. И така одмор ни се ближи за секој случај ќе давам.
Може ли да ми кажеш каков даваш? Јас до пред 1 годима давав молерс и после по сугестија од доктор прекинав демек биле искомерцијализирани и цело бреме сум на ум да давам со оглед дека риба/ орев не јаде… Во јули ќе прави 3г, а давам пливит Д3
Е аман што не е искомерцијализирано, во недостиг на аргументи и незнаење свашта ќе кажат. Молерс се ок. Јас ќе земам сега гумени и ќе давам на двајцата, давав на малото сируп зошто не се бунеше а на големото Фиш Оил едни од Зегин, ама ќе давам на двајцата исто.