Рипчињата од молерс се топ, јас заборавав да давам омега 3 и сега ќере ме потсетува секој ден да јаде рипче
И јас почнав гумени омега од тие со д витамин што се. Од 3 год пишува ама ради формата дека гумени, малата септ ќе прави 3 и и ги давам така што прво да скине парче да изџвака па остатокот, сама не и го давам некако страв ми е, ама многу ги сака и затоа.
Кај ги има таквите рипчиња? Убавки се или грознички? За поголемиот зедов омега во течна форма, смрди корне, а мислев со вкус е. Рибиновит се вика, рибино масло од црн бакалар. Да прашам, омега и рибино истото е?
Мојот мисли дека се бонбони Јас омега не сум му давала досега, ама на гости кај пријатели проба од рипкиве со дечињата нивни и сам почна да ми бара. Вика дај ми од розевите бонбонки и среќен што го "частам" две Инаку во Зегин се поефтини од ДМ.
Мали се уште. Набљудувањето е дел од процесот на учење да игра со друго дете. Дополнително е и до карактерот на детето. Пример син ми им приоѓа на сите деца и познати и непознати и иницира игра, додека од друга страна сум видела деца и поголеми од него што играат самостојно и не се вклучуваат во игра со други деца.
Молерс ти е исто во шишенце рибино масло (омега) има со вкусови и не смрди на риба ние со вкус на јаболко го користиме супер си е
На иста мака, со тоа што имаше нормална столица ( оформена ) до март, од тогаш навака е само течна. Давав пробиотик, менував исхрана, но без некој резултат, и пред две недели закажав на доктор. Ми дадоа упат на специјалист, по нивно велат доколку е се во ред треба да има оформена столица, не кашеста. Моментално се сомневаат на секундарна нетолеранција на лактоза предизвикана или од вирус или од нешто друго. Ни дадоа фора 2 месеци исхрана без лактоза, доколку нема подобрување ќе се прават понатамошни испитувања ( нетолеранција на глутен, можно е и преглед на дебелото црево ). Цревна флора се изместува од се, посебно додека се мали, ама сепак сите се на став дека треба да има форма. На друга тема, денес имаше тантрум од час и половина. Вриштење и фрлање на земја. На посета имаме блиска личност, ми ги спои жичките кога кажа “на што личи ова, вака зема само сила, плесни го да знае дека не треба вака”. Игнорирав, за после половина час да добијам коментар “најди начин да го смириш, мајка си му!!” Истовремено се справував и со тантрумот и со неа. Солзите ми беа тука, во грлото кнедла толкава. И тоа е моето сефте на темава Добро ве најдов.
Спие сега, не ми текна во косата да проверам. Иначе не е кенкав, напротив ептен беше расположен. Во неговата градинка имало сипаници во поголемите групи, за кај него ни немаат кажано.
Фала. Не се плашам јас од сипаници, порано или покасно секако ќе фати. Може подобро сега дур упте не е жешко. Секако ќе префатам и јас од него, немам прележано.
Предложете некој баланс точак за поситни деца. Имаме веќе еден добиен на подарок што сама го избрав, ептен е убав ама за оваа сезона му е голем. На најниско ниво спуштено седиште пак му е висок. Мора да земеме некој привремен, по можност поефтин зошто изгорен е за точак. Во парк оди и им ги зима на сите деца и се дере ‘токаааа’. Проблем ќе биде цело лето ако он нема.