Да видиш од оние пластичните? Ние немаме баланс, имаме тротинет и едно со 4 тркала, ама уште не сме го извадиле со тоа надвор. Здравје летово тоа ќе биде сигурно со тротинетот зошто таман е сега со седечкиот дел на него.
Какви се тие пластични? Ние веќе не можеме да излеземе без реквизит надвор. Вози тротинет, ама повеќе сака точак. Вчера го прашав сакаш ли да го земеме тротинетот, рече не и после во парк на сите деца им ги зимаше и се возеше. Лудо е.
https://babyshop.mk/product/tochak-balance-bike-eco-green-hopper-chicco/ Ние не одиме во паркови, далеку ни се, во школски или кај една комшика со огромен двор и многу деца кај неа.
Распродаден е овој, а изгледа ок. Најдов еден на Тополино, мислам дека ќе му е ок, треба да ги споредам само димензиите со овој дома.
На чико еден црвен баланс има моето. Мало е и многу лесно, ние на попуст го земавме под 2000 ама не знам точно колку беше.
Не е уште потврдено дека се сипаници. Сабајле немаше размножено и го пуштив во градинка. Ми се јавија дека имал и зад увото, да го носам на лекар. Поручек после работа ќе го однесам да ни потврди матичната. Кај него во група имало едно дете до сега.
Истото брунче од вчера, еве го какво е денес. Го однесов кај матичната, она вика не можам со сигурност да кажам дали е Варичела, моментално не ми личи, може да е и некој друг вирус. Амс не го виде ова брунче, скриено беше под пелената, а јас мислев исчезнало, дома дури го видов. Плус му е проширено, има по раце, нозе, , торзо, и зад ушињата, а тие на препони се по црвени од вчера. Каков друг вирус може да даде вакви брунчиња?
Варичела. Брунче полно со водичка. Скроз личи на слика. Тие на торзо, и зад ушите вакви исти се? Го провери во косата?
На моево ко му излегоа 3 дена матичната неможеше да потврди дека е варичела и мене не ми личеа ама пред него имаше брат му, на 14 дена изби малото, тогаш бебувче од 2 и пол месеци, вака беа, потоа имаше неколку со водичка.
Да само помали, ова е првото брунче што го приметив вчера. Низ коса нема, сега пред малку му излезе на почетокот блиску до слепоочникот, кај што има малце коса. Кога и да го погледнам има ново брунче, и на носот има ново. Не знам јас немам искуство и ако др не ми официјализира како сама да знам дека е Варичела, не ми е јасно.
Нели еден од првите симптоми на варичела е и температура? Мене не ми личи на варичела, и ние имавме пред два месеци ваков осип, се повлече сам по себе после 2-3 дена.
Како си сигурна? Каде му се појави прв пат и каде сѐ го имаше? Знаеш каков вирус имаше син ти или не?
Се појави на стомак, грб, врат, и по рацете. Не знам каков вирус беше, не знам ни дали беше вирус, ама за 3 дена се повлече осипот. Немаше други симптоми.
Кај @Bubish26 девојките сега брзо поминаа варичела и лесно, може ќе може повеќе да ви напише. Од плачки на денот и terrible two издвојуваме Мамамамама, 500 пати во ден, мозок веќе ме боли Мама носи ме... И тоа низ куќа се влечеме во раце, новороденче олку во раце не беше Плачки оти го зедов шмукалчето, а внатре имало цела една голтка останато Е толку мозок ми работи засега Инаку освен ако не сум сигурна дека е каснато од комарец кај ќерка, за било каков осип што ми е чуден, некој ден не ја мешам со деца.
Сис ситуација денес, одиме да го земеме брат ми од аеродром и ко рече ќе плачам сакам да возам авион Чим не отворив врата да се џитнам на автопат, вечна ќе сум
И он нема никакви други симптоми, ама како што читав за варичела може да помине и само со осип. Дете на другарка така помина. Ќе следам деновиве па ќе видиме. Кај него брунчињата прво се посветли и после некое време се вцрвенуваат повеќе. На рацете и нозете има само по неколку, на стапалото и петата по една. Повеќето се на трупот и препоните, позади ушиња 2-3, на носот, на слепоочник и толку. Не се чеша, ама и за тоа прочитав дека може и да не чеша Варичелата. Не знам зошто и е тешко на матичната да дефинира, нели осипот од сипаници е специфичен.