Големиот има пролив од ноќеска. Едно 10 пати сигурно до сабајлето. Преку ден беше обака подобар сега пак 3 пати во пола саат. Преска му дадов пролајф. Да давам ентерофурил? Се жали и дека го боли стомак. Пие чај од нане на многу лесна храна е цел ден
Јас имам давано ама после два три дена со пролив, повеќе пробиотик, види дермафлора поефикасен бил и електролити, добро е што пие чај, види како ќе биде до вечер ако не се подобри дај сируп
воспаление,инфекција,алергија... незнам дали имате било какви симптоми?Ако немате тогаш и немап причина за загриженост,кај децата до 4 години нормално и вообичеано е да се покачени тромбоцитите.Кај вас фала богу и нема некое огромно отстапување од граница секако лекар ке ги види утре резултатите и ке ти објасни подобро. @M&M давај леблебија да јаде
Дали некој има слушната со сирупот Дефендил(така мислам дека беше )да сподели искуство и за што поконкретно го давате?Ние имаме проблем со крајниците премногу ни се големи и највероватно ќе треба да се вадат,рaди нив многу често сме затнати и едвај дишеме
@Masnicka.5 Дефендил е сируп за јакнење на имунитет и спречување на чести разболувања и настинки. Лично искуство немам, се трудам на природен начин да дигнам имунитет, а од хемија повремено давам Цинковит Ц (цинк, вит. Ц и прополис има).
@Masnicka.5 Јас го давав за зајакнување на имунитетот, и сум задоволна од сирупот. Моментално е најдобар.
И ние да се пријавиме со вирус...трет ден(само ноќе,и прееска малку)тт,кашлање и малку растечен нос. КС и урина ок,грло,гради се чисто. Траело 3-5 дена. Никаква терапија не земаме. П.С.На матичен(кај Паскалов)пред нас имаше 17 дечиња,сите покосени од времево... Пак ќе речам,само здравје за сите дечиња,друго колку се има толку.
Џоике темата е рапишана со забавни и ведри мисли затоа овде пишав, да не ширам негативности. Пак тт и тоа не висока (38,38.5) пак конвулзии и пак клиника Црвено грло само имаше и тт вчера. Со помин на сите да е.
Дечки ми треба совет или искуство. Малецкото пред 3 недели настина.На носето и се појави мал херпес кој еве три недели неможам да го залечам. Постојано и е рачето таму, го кине и крвари и пак од ново и се прави како краста (мало е, ама доволно за да ме нервира) Настојувам да ја опоменувам, ама навечер кога ќе легне, се чачка по носето. Последнава недела гледам дека и се прошири. Ја мачкам со кантарион...и со прополис понекогаш. Навечер ја мачкам со Тобрекс (антибиотска маст за очи)-тоа ми го рпепорача матичната (за да не ја носам во амбуланта да не закачиме некоја болест). Еве не поминува. Дали знаете некоја појака маст ? Име ли некој искуство со вакво нешто ?
@referentka многу ефикасен против херпеси е ацикловир, ама прво јави се на докторката дали може на мало дете да се става. Мислам дека може затоа што е локално и не влегува во организмот, ама сепак прашај. https://kalorijskatablica.com/aciklovir-mast-upotreba-za-herpes-oci-usne-i-zdravlje-iskustva-i-cena/
@referentka и јас би ти препорачала Ацикловир, единствена маст која не дозволува да се прошири херпесот, го стопира за два дена и не го суши. Ќе остане мек, нема да има краста, а вие продолжете со мачкање додека не го снема. Може и по неколку пати во денот.
Ако е херпес, ацикловир, ама тој делува додека не распука херпесот, после тоа мислам не е ефикасен. Ама не те чини ништо да пробаш. Ако не поминува, брис да земат од местото, да не е некоја бактерија (макар што ете Тобрекс е антибиотик, ама зависи за која бактерија станува збор).
Да,само ацикловир,а имало и некои фластери за херпес во аптеките,да прашаш ако може.И давај и повеќе витамин Ц периодов
оф беее...Само нека минува побрзо.Ке престанат конвулзиите немој да се секираш.Како расте така ке се намалуваат т.с скроз ке исчезнат.Даваше ли дијазепам нешто такво?
Првиот пат ког се случи мм беше странство, овој пат беше со нас за жал, јас реагирав веднаш со дијазепам, ама он страшно се вознемири.
мајки да ве прашам на ќерка ми и течеше носето како водичка.сега гледам денес мрсулчињата и се како жолтеникави.почнавме во градинка па се мислам да не има фатено некоја бактерија.прв пат вака мурсулите и се жолтеникави.
Здраво,можеби не е за оваа тема но ако некоја мајка имала искуство дали би сакала да го сподели,значи имам син од 4ипол години и му се појави кила препонска ,ќе се правиме операција дали некоја мајка имала искуство и баш во болницата во битола колку време се лежи вболница колку трае операцијата и слично ви благодатам
Јас на моето правев таква операција, во Скопје. Сабајлето отидовме во болница дента го оперираа, веќе следниот ден бевме дома. Не е страшно ништо.