Не. Ќерка ми немаше баш ништо, весела јадеше пиеше ко ништо да не е. По цело тело имаше вкупно 20 тина брунчиња. Апсолутно да.
Ќе чекам официјална потврда од матичната, ама 80% сум сигурна дека е Варичела. Сите мајки што имате дечиња што ви прележале ми кажувате дека е тоа. Како да се понашаме, кои се препораките, колку време се седи дома, што се мачка, што смее, што не смее? Сите совети се добредојдени.
И тука не беа сигурни, кажаа доколку не се прошири за некој ден и не крене температура ондак да тераме како се да е нормално.
Eве пак јас. Па нема нешто што не смее. Некој ќе рече не смееш да го капиш, но тоа е погрешно нема зошто да не го капиш. Капи го но со не многу жешка вода (не ни го капиш со многу жешка вода де, не си ненормална) туку поладна од вообичаено. По капењето е убаво да го потуриш со раствор на хиперманган (прашоче кое се купува во аптека). Него го раствораш во леген со вода пр. 5 литри вода и на врв на лажичка ставаш од прашочето. Водата треба да е светло розева baby розева (ако ти се стави повеќе прашоче и водата стане потемна само дотури вода за да добиеш светло розева боја). Детето го полеваш со тоа и веќе не му ставаш чиста вода туку го бришеш со крпа со тапкање, никако со триење. Ќе си ја купиш оваа пена https://zegin.com.mk/mk/poxclin-razladuvachka-pena-100-ml Ако баш премногу се чеша можеш слободно сирупче за алергија попладне да дадеш. Витамин ц давај обавезно. Генерално ова ми беа препораките од педијатарот мене. Се разбира во градинка не оди додека не му се исушат сите, а тоа е околу 2 недели. Со помин.
Малиот паднал на чело и се расцепил, модар е и отечен. Исчистил мм, со бетадине премачкал, вака он нормално се понаша, не паднал од високо туку се сопнал, ме загрижува отокот и модрото ама вајда ако цел ден е добар не би требало да има проблем, што мислите? Па ме пречека од работа и три пати ми објаснуваше возбудено како паднал, како не знам што арно да направил.
@Bella_Stella , кај нас препораки од градинка се, да е најмалку 2 недели дома кога ќе е со сипаници. Ќерка нема прележано, од она што имам читано е дека ептен паѓа имунитет после тоа, така да може и екстра витамини да дадеш.
Ќути ... Само му помина. Сакав да ме сместат на психијатрија тогаш. Мислам дека животот ми се скрати 10 години.
@Lavender13 @Bella_Stella моите нема месец кај што поминаа варичела, имаа вкупно по 5-7 брумчиња без чешање, без класични красти и без тт. Осипот сњ повлече како ништо да не било. Беа во контакт со 4 деца само и од нив ниедно немаше, што матичен ми кажа дека може да се помине и без ниту еден симптом
Моево со главата удри на табуретка и тоа не силно ама близу око и потече моментално под окото и стана сина, како грутка и се направи. Исто ми има паднато од на метар висок кревет директ на чело ама само подсина, јас бев одма на лекар иако знам дека ако плаче, се понаша ок и не побраќа не е ништо ама сепак бев. Ја притиснаа на главата, и светкаа во очите и тоа беше. Според мене при пат на глава треба преглед.
Оо јас ако одам при секој негов пад на глава на лекар, кај ми е крајот Моето само на глава паѓа. Досега има паднато едно 20 пати на глава и обично секогаш го пратам, ама не бил потечен и расечен досега па затоа ми беше на мисла. Еднаш падна од прозор на кревет и доле директ на глава, тогаш се преплашив, онака пукна и реков толку. Ништо не му беше плачеше малце и толку, ама сега не знам…ајде ќе видам утре како ќе е може и ќе го однесам.
Ама не мислев на обичен пад на глава, има разлика од пад до пад, па и мојава се чука нон стоп и крвари уста и чело сино ама ако е од висина или јак удар мора.
Пред две три недели ми падна така исто, на сред чело огромен оток и модринка. Ставив одма мраз, отокот до сабајлето го немаше, модринка уште си носи. Ништо не му беше.
Син ми кога падна од креветчето директно на таркет со чело се залепи. Не беше расцепен ама беше модар и потечен, дури едното окце и затворено му беше еден период. Му помина, ништо не му е. Како магнет да имаше во чело, еден период строго на чело паѓаше.
И моево паѓа на глава значи обавезно, он како да падне ке се заврти и на глава ке се опне. Пред велигден дома на плочките се залепи ја реков носот го искрши ми беше страв да го кренам да видам што се дешава. Ама добро помина со модрица што си ја носеше 3 недели. На отокот чувавме мраз и спадна. Јас мислам ако не е поспан, не повраќа, весел е ке му помине. Кога кажува мм колку има паѓано мене страв ме фаќа.
Еве го него од сабајле цел е. Вчера имаше само на носот, сега низ цело лице има и на телото се проширени. Почна и да се чеша по малку. Ќе и пратам на матичната нови слики сега и ќе чекам да ми потврди.
Ме чудо доктор да не знае како изгледа варичела... Варичела е 300%, типично се шири како што опишуваш. Ни моето не се чешаше и нема ниеден белег, ништо, освен во главата кај што имал во косичката таму има точка. Ист беше и мојот. Не го носи во градинка, не дека е нешто страшно, сите деца треба да поминат варичела во детство, не е нешто страшно, ама сепак е заразна болест. А и тој е сега нежен, подложен на инфекции, паднат му е имунитетот и може да закачи нешто. Мојот после варичела закачи и пневмонија и баланитис и плус падна лошо на земја од креветче и се тоа се собра во 3те недели додека имаше и варичела па замисли како изгледаше одење на лекар за секое едно. 3 недели душа немав во мене.
Еве на денешните слики вика личи на Варичела, земи Покс клин и следи го, ако качи температура или има некој друг симптом кажи ми. Ми кажа и б комплекс да му давам, има ли такви капки? Чудно ми е и мене што не кажа одма дека е тоа, на колешка на девојчето од една точка истата докторка и кажа дека е Варичела и така и испадна. Што и е сега, не знам. Еве го инаку денес.