Типична Варичела мила, не се сеќирај, поарно сега отколку голем. Давај поблага храна, не кисела, да не има внатре во устето да се воспалува, мачкај Покс клин и внимавај да не го претоплуваш. Мене ми дадоа совет тогаш да следам и промени да не има на тестиси и куре и стварно, курето направи баланитис. Може да крене тт ама и не мора. Бањај го со вода чиста со трошка хиперманган, побрзо ќе се сушат.
Истиот совет само пената се чува во фрижидер да биде ладна, откога ќе се исуши мачкаш со течна пудра. Јас ги туширав повеќе пати на ден. Со лесно
Варичела е, ете имаат некои и водичка, со помин. Кај мене малото мн лесно помина со 20тина 30 сипаници, големиот беше многу иссипан, премногу, секаде имаше кутриот, во устата најлошо беше.
Што е баланитис? Има доста брунчиња на интима, ама ме радува бар што не се чеша. Земав Покс Клин, ќе го мачкам. Млеко не пие, земав Б комплекс сируп. Матичната не ми кажа ништо за течна пудра, за што е она? Фала мама, он засега е средно исфрлен, се надевам нема да направи нови. До кок ден се вадат нови?
На првото му се направи така, со маст антибиотска одма му помина, 2 пати намачкав помина, а имаше 6-7 месеци, треба да се отвара и чисти курето, од тоа се прави од нечистотија, ама еве не му отвораме. Иначе излегуваа неколку денови кај големиот 7 дена имаше нови секој ден, кај малото помалку дена ама по 3-4 му излегуваа.
Аа ние го отвараме и чистиме редовно, не сме имале проблем до сега. Мислев дали може сипаниците да направат компликација.
Нас ни кажаа да внимаваме на интимата. Инаку при варичела паѓа имунитет и може да закачи повеќе работи и мора да се пази.
Не сум давала Киндер Имуно. На малото давам половинки од Провен витаминските и да ти кажам, да чукнам у дрво, месец дена ги пие он се нема ни настинато ни ништо, увото веќе го решивме со сирупот, ама знаеше да настине, да кашла, да кива, да тече нос. Дали е до нив не знам, дали накрена имунитет, дали дека крка овошје како да не видело, што смрзнато што свежо, ама дете е каде каде посвежо, повеќе јаде, повеќе спие, и ете го, се нема разболено скоро 2м ќе фати.
Се така да сте. И мојов да не го урочам јаде сѐ живо, овошје, зеленчук, мевце, манџи. Моментално не давам ништо за имунитет и да чукнам у дрво се немаше разболено доста време, освен носе шо знаеше да тече. Земав мултивитамински сируп од Допел Херц, нека испие едно шише за секој случај.
Прво купив само пена, после земав и пудра. Нема врска, ќе мачкам па ќе се надевам дека нема белечиња да останат. Засега само на главче се чешка. Фала ви на советите, ве отеков.
Кај нас бела пудра заради анестезинот се покажа поефикасна. Ќе видиш што ќе делува подобро и со лесно. Нас ни кажаа исто многу внимавање нна хигиена зарадо инфекции. Преслакав минимум по два -три пати на ден во чисто и постелнина менував секоја вечер.
Колку време после првото брунче, испаднаа другите? Најверојатно е варичела, и според матичната, ама уште е едно од вчера, морало повеќе за да потврди. Од 25 деца, 20 поминаа.
Фала ти, ќе мачкам комбинирано. Не знам само како да го спречам да не се чеша, почнува изгледа ептен да го чеша. Не дава баш ни да го мачкам, кажува дека се плаши и дека го боли, веројатно мисли чеша. На лице е полн, ќе ставам пудра и од чешање цела ја брише.