Чим е само едно не е сипаница. Не може да излезе само едно, мора да има бар 3-4, да се прошират. Може е каснато, има комарци да знаете.
Варичела е плус и вода имаат некои. На мојава ниту една не и се наполни со вода. Така ситни само и беа и брзо почнаа да се повлекуваат. Инаку немаше никаква мака, ни температура ни ништо. Со лесно.
Никако мајка. Само брунчињата се, ама многу се, многу! Нема каде нема значи, поплавен е кутриот. На лицето е цел нашаран, под окцата, на капаците, на вегите, во увца, зад увца. Во главчето па празно место нема. Синоќе ептен беше жален, не можеше да спие од склет, само кенка и вика мама боје, дека го боли(чеша). Мачкавме пак во ниедно време, му дадов Рупафин и успеа да поспие. Друго нема ништо, јаде, пие, ама се нешто не му е погодено оти му прават склет. Само се дере даии коуа новаа. Татко му од вчера 4 коли му купи, викам престани да купуваш кога гледаш дека од ништо не е задоволен. Ја отвара колата и после две минути бара нова. Ама жал му било дека е болен, е жал ти е викам ама си поставуваш стандарди, после ќе ни скока врз глава. Пред малку заспа, се надевам ќе успее да поспие бар малку. Колку дена трае ова чешање, душа ме боли веќе.
На колешка девојчето со една брунка прележа варичела. Правеа испитувања преку крв да се осигураат дали е тоа. Излезе дека е. Буквално никаков симптом немаше, само една брунка на стомакот.
Сега ме замисливте и мене, дали може и синко да ги прележа ако се поминувале и така без симптоми?Кај него во градинка сите се вакцинирани, не ни пројави некој друг симптоми. Spoiler
Душе мало. Давај му за алергија, бар да не го чеша. И миј со хиперманган. Бар сега ќе помине, помал подобро, ќе се обнови кожичката. Јас немам прележано.
Да, миеме, мачкаме и се надевам дека ќе почне полека да се смирува. Премногу брунчиња има, за грев е. Тебе големото сипано ти е? И јас немам прележано и ептен ми е страв да не фатам сега. Имунитетот ми е крш моментално. Појачав суплементи па ќе видиме. Не знам како ќе го додржам малово дома бар првите денови. Плаче за надвор, душа да те заболи. Го пуштив малку околу зграда со татко му, со капче на глава, бар 20ина мин да се излуфтира.
Големиот да, помина, спиев со него, јадев и пиев од ист прибор и џабе. Треба антитела да проверам да не сум прележала некое лето со комарците. Само облакај го да не го фаќа сонце и капа на глава, не е убаво да ги фаќа сонце додека искачаат нови. Башка додека искачаат нели заразни се. Јас 2 недели од дома не го изнесов искрено, ама зима беше. Многу напорен период ми беше тоа.
Денеска го изнесе татко му зошто нема луѓе надвор пред зграда, сите се по викенди. Не доседува дома, ептен специфична возраст е, нема како да му објасниш дека не смее. И јас јадам, пијам, спијам со него, ќе видиме дали ќе ме фати или не.
Еве кај моиве вакви беа и на толку останаа, големата имаше кај газето 3-4 и две на меше, малото тоа на сликата кај мешето и две на нога.
Хелп другари, што правите со тврдоглави машки деца? Секое пресоблекување е војна, јас тегнам надоле, он нагоре. Фрла, влече, ме мава - излудувам начисто, нема рутина што ја немам пробано, ни со арно ни со лошо се оправаме. Ама секое облекување е исто Да не зборам за тоа дека беше ангел дете и одеднаш побесне и ми се жалат и во градинка и дома почна да прави лумперај кај бабите
Одвлекувам внимание, нема друго. Ајде сеа ова, она, еве ти го саатот, види каква пелена ни се паднала... Некогаш не успева па со плачки е. Ама имам приметено а ме види нервозна и да пробам тоа да го збрзам, да форсирам, он бетер се воспалува.
Женско имам, ама имаше период кога не сакаше да се соблекува воопшто. Многу и зборував пример за вчерашниот ден што сме правиле, за во градинка што правела. Многу ја внесувам во разговор и некако се облекувавме. Период е ќе помине само треба трпение многу.
Тешко, многу тешко. И облекување и миење заби и одење во спална на спиење, на се се противи. Некогаш успевам со одвлекување внимание, некогаш на сила па со плачки и завршувам жива вода и без нерви. Некогаш кога не мора да се облече го оставам гол. И јас како ангел а види дека сум нервозна и брзам тогаш најмногу се инаети и не прифаќа компромис. Тежок период ептен ми е овој со него, преинтересен е ама основни работи се тешки за правење. Едвај чекам да помине и да оставам читава јас! Маж ми секој ден ми зборува да не сум помислила на второ дете а тој сакаше 3 да има