Реално дете од 2+ години е па и 12 часа будно во деноноќие. И нема шанси сите 12 часа да ги помине во редење коцки, цртање, боење или било што. Барем моево ни има концентрација за сето тоа, ни има интерес толку. Еве од утрово, игравме со пластелин, редевме коцки, погледа цртани, "бањавме" кукли. Лепеше лепенки во сликовница. Покрај оброци и сето тоа, само 4+ часа се поминати. Ни јас веќе немам сили, ни пак дете повеќе за креативност. Во моментов буквално си трча од една во друга соба од што не знае што со себе.
Јас од шо ми беше страв дека ќе ми се одбие од глава тоа да гледа некаде на друго место ко хипнотизирана и да има тантруми, свесно си ја оставав/м пред тв од првата година. А и онака тв цело време врти, гледаме Емисии за готвење, HGTV, нешо такво и 1-2 пати дневно ќе побара цртани и ѝ пуштам. Ама никогаш нема гледано до степен да се изгуби @Miss_S ни тв не и е интересен сега. Пее на радијаторот Дожду дожду престани врнееееш, и престани дуваааш ветреее и у меѓувреме имаш Сакам лижавчеееее, Досадно ми еееееее
Телевизор пуштаме песнички, баш кога ќе го земам од градинка има некои фестивалчиња на МРТ5 и тогаш ако погледа пола саат да направам салата и слично. Цртан и да му пуштиш не гледа. Од активности готвење со мама и тато, чистење исто, сабајлево чистевме он оди со смукалката по мене па после со крпата и така. Заедно вадиме цвеќиња. Заедно машина пуштаме, заедно ја празниме за садови, сака со нас и во тоалет да оди заедно. Значи во сѐ да е вклучен. Од активности магнетни коцки ако немате нарачај си, сите се заигруваат со нив. Стикери исто или еден селотејп во боја му давам да си лепи. Боички многу многу не.. ќе шкрта само 5-10 мин и сам си бара петка да му ставам и толку. Кај нас спасуваат книгите кога е вакво времето или кога сме биле болни или пак било многу загадено. Се јавуваме исто со камера да ги видиме баба и дедо и тоа ќе утепа некои 15-20 мин.. Друга идеа, направете браунис или некое блашко, во кујна со тебе и он да мути, да става состојки, па дај му крпа после да избришете.
Мислам дека се секираш непотребно. Пушти тв и не го гаси, ќе видиш дека за кратко нема да е интересен. Јас го пуштам да го гледа и брат му како игра, да му штрака и он и тоа не е интересно. Имаме големи креда за табла и табла, имаме магнетни коцки и мали коцки, имаме коли, имаме животни, се тоа ни олеснува плус тв Пепа, Маша, едно маче и едно мајмунче на јутјуб.
Тоа Маша еднаш му пуштивме и баш како хипнотизиран беше мојот и никогаш повеќе. А за некое мајмунче ми збори а јас не знам кое е, изгледа и во градинка им пуштаат.
На големото не пуштав до 4г, па имав ефект хипнотизирачки потоа, затоа ова од прв ден е со тв. Сеа не да го ставам пред тв и да бркам работа, ама тв бучи цело време кај нас.
@Miss_S @LizzyGrant @AngelOfArh Сѐ што наброивте веќе правиме. Вклучен е во сите активности дома од многу мал. Обожава да “помага”, заедно чистиме, средуваме. За тв не знам што е решение. Он бара да гледа Карс, зошто е заљубен у коли. Пингвините од Мадагаскар, Блуи и Траш Трак и еден Тајо автобус. Точно знае што сака да му се пушти ама не се задоволува со 15 мин, да го оставиш и цел ден ќе гледа. Јас знам да му најдам дистракција во поголем дел од случаите, ама татко му не знае. Ако треба да сработам нешто на компјутер они одат надвор на тераса, кратко е “мирен”, после почнува да ме вика без престан мама мама мамааа и мора и јас да сум до него. Треба изгледа да пробаме наместо радио на тв да си врти некој канал па да видам дали ќе му стане сеедно за тв. Еве сега пред дремка заспа дерејќи се коуаааа пуштииии. Не попуштив и заспа, ама тежок инат си е. Речиси сѐ посигурна сум дека да брчеше тв од прв ден немаше да биде вака.
Уфф епа тогаш може да ограничите зашто е тешко после ако настане зависност. Пуштај на пример пола саат до 40 мин да гледа тоа што сака и после нема, злато завршија карс и толку. Можеш или да ми помагаш или да си играш со коцките. Јас така би правела. А може и таа опција да пробаш да биде тв уклучен на нешто рандом па види дали ќе функционира. Инаку исто сме само мама за пресоблекување, бањање, заспивање, сѐ.. не знам како вака испадна, порано со двајцата си правеше сѐ. И јас така имам работено со него во скут на компјутерот па ќе му здосади и ќе се заигра после па ќе беснее заштп си сака внимание нормално па стани поиграј се, па пак врати се на компјутер и тешко е кога си дома со дете да работиш, знам како ти е
@Bella_Stella од што не знае што со себе и таблата за песок и ја внесов внатре, само најлон долу ставив за што ќе истури да собериме после. Инаку за гледање се загледува ама веќе и тоа и е досадно и само пребарува, не ова, сега мачето, не тоа, сега Атп, Атп, сега видам делфини. Уште вонземјани што нема побарано @LizzyGrant , изгледа ептен разбрано дете имаш, ко прифаќа договори. Кај моево тешко или, или. Да се разбереме не ја оставам да гледа тв со часови ама за било што ко ќе намисли нешто нема попуштање. Освен моиве нерви што попуштаат де.
Аха разбрано, вчера од дм накај дома фати нешто како уље си ги направи рацете црни и запна да јаде едни јаготки од дм како чипс што се. Добро ќе ги јадеш, прво да измиеме дома рачиња. Јок, си плачеше до дома едно 10 мин. Ама па и јас за некои работи терам инат а за некои попуштам. А некогаш од прва ќе се договориме.
Киндер мултивитамински сируп на Doppel Herc дали може да се дава на 2г и 4м дете или преоорачајте некој друг сируп за имунитет.
Сто години не сум пишала, милион перипетии месециве, не знам веќе што се не не снајде. Помина и втор роденден уште пред месец дена, па да се запишам во темава. Официјално почнав да се плашам од стомачни вируси. Околу вториот роденден го сотре детево еден, со дехидратации, лежење во болници, чуда врагови. Душа снемав во мене, некои слики вечно ќе ми се пред очите. После тој вирус и партал цревна микрофлора, се живо закачи во следните два месеци. Трет пат коксаки, некој друг вирус со температура +39, увото и се воспали, атопичен дерматит со огромни пликови… да не редам. Оди на подобро се надевам ама ќе треба време да се среди имунитетот. @Bella_Stella сега гледам со сипаници дека се занимавате. Со помин да е… Не се секирај за телевизорот. Таква е ситуацијата моментална. Ни ќерка ми не гледа, пошто ни ние не гледаме со маж ми, а на неа не и пуштаме, ама во болница недела дена нонстоп на инфузија закачена, немаше бегање. Сите можни сликовници, играчки, стикери, боици на светот ги имав донесено, ама од 24 часа ден нема каде да бегаш. После тоа и дома малку продолжи да бара, ама исто многу почна да се лути кога ќе го исклучам и да пребира, па така остана месец дена без телевизор. Го заборави после третиот ден. Сега знам да пуштам спотифај некоја музика да оди во позадина, некој документарец со животни и понекогаш пуштам нејзини песнички или некој цртан. И моево е инат невиден, ама јас немам проблем и да си поплаче некогаш. Нон стоп зборувам и објаснувам зошто може или не може, најчесто и наоѓам дистракции, е сега ако не успее ќе си поплаче и тоа е. Вистина е тоа со болеста и навиките, ама исто точна ми се покажала и изреката, секое чудо за три дена. Ќе поминат сипаниците, убаво време доаѓа за шетање, ќе заборави и ќе се вратите во нормала.
A зашо кога нема сонце? Нас доктор ни дозболи прошетка во парк, балкон секако, само да нема контакт со деца, бремени во затворен простор. И малово наше почна да влепува шамар и да и се пушта на дада кога е нервозна да ја касне само шо мојава ако и речиш со сериозен глас одма, а камоли да свикаш одма свирката ја пушта и солзите, па престанува и одма гушка идини ( извини) вика. Кај нас Тв нон стоп врти детски песни/цртани ама не обрнува внимание, ако седне дада да гледа на оваа не и е интересно и одма вика не ова и станува.
@Bella_Stella само да те утешам. Како што веќе ти пишаа, ако нема друго чаре пуштај. Кога ќе почнете повеќе надвор ќе заборави. Јас во болница сега кога лежевме пуштав. После треитиот ден му здосади дури и кога сакав да здивнам не беше заинтересиран веќе да гледа . Еве го сега ни дома не е нешто заинтересиран. Врти тв голем дел од денот, ама он ретко седнува да загледа.
Треба да ти го препише педијатар или може на своја рака заши гледам по килажа се дава еднаш дневно за имунитет за тој збориме така или грешка сум јас
Среќа од фирма се флексибилни па ме толерираат, ќе видиме до кога. Мислам дека да решам да раѓам пак, ќе им се стемни. Седнувам после 9 кога он ќе заспие и работам до 12-1, затоа сум како зомби. Не е возможно со него во скут да работам, штрака по тастатурата, не седи мирен. Леле на Апт да знаете каков луд денс има. Дома не му е пуштана, ама изгледа им ја пуштаат во градинка. Еднаш на радио ја слушна и збесна.
Да, ме теши тоа дека е период и знам дека кога ќе почнеме да излегуваме ќе биде подруго. Многу сте поминале вие, баш ми е жал и ви посакувам мирен период. Можам да замислам како ти е, еднаш до сега прими инфузија зошто беше дехидриран и уште ми се сликите пред мене, колку само плачеше, душата да ти се распарчи. Не знам мене така ми кажаа дека не е добро дур се во процес брунките да го вадам на сонце. Откако се засушени да. Плус живееме во зграда кај што е многу прометно и со многу мали деца, не сакав да ризикувам да се сретнеме со некого и да заразиме. Здравје од утре ќе почнеме да излегуваме по малку. Фала мајка. Се надевам добри сте.