Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.998
    Допаѓања:
    8.468
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella изгледа на оваа возраст сите се така по инат, своеглави и не попуштаат. Со краток фитил што велиш. Јас се надевам дека нема многу да трае, прилично е ист и мојов се му е плачката на нос, и а не му угодиш одма се фрла на земја.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    И кај нас е исто, со тоа што не мислам дека дремката е проблем бидејќи очигледно е дека му треба.
    Но изгледа периодов е таков да ги интересира се останато, има fear of missing out, сака да игра, сака да јаде, баш се му текнува во моментот кога ќе легнеме да спиеме.
    Од успивање за 15 мин моментално сме на 1 час, и за дремка и за ноќно. Се надевам ќе помине за брзо :D
     
    На NNK19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    6.835
    Пол:
    Женски
    Возраста е верувај, не е твоја вина ништо. И мојот тој период многу смени и ете уште го држи тоа “лошото” викат до 4 год ќе е вака |( Те разбирам многу. Ете за благото кажи дека се јаде после оброк и точка, 2-3 пати издржи плачки после ќе прифати нема да е толку страшно. Тежок период е многу овој, интересен ама тежок. Јас само со убаво можам да избегнам тантрум, не бива со него со лошо уште повеќе ми оди контра и страшен станува цел ден право. Недела две ќе е помирен после па се влошува и така вртиме во круг неколку месеци веќе. За ударањето само фаќам рака во очи ќе му кажам нешто остро дека ударањето боли и се тргам и го игнорирам. Ќе прекине, па пак ќе почне (facepalm) не знам колку дена одам плачејќи на работа ама пред него сум остра, сама после се распаѓам. Мора така, на глава ни се качува на сите околу. Мм го жалам, не може тој остро булвално го моли, му реков не ме слуша и сега тој го папа на големо
     
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.717
    Допаѓања:
    21.403
    Пол:
    Женски
    Само две години. :D
    Да, ти сигурно и знаеш повеќе мислам поголемко беше малку твоето. И јас исто постапувам за ударањето. Му ја фаќам раката и му кажувам строго дека не смее да удара и дека боли. Ако удри некој друг, пример баба му, му викам баба не се тепа, ја боли, одма да ја погалиш. Он ме гледа како теле, ќе ја погали ама после некое време пак по старо. Кај нас јас сум со многу поголемо трпение со него, дури сум изненадена од сама себе до каде ми оди трпението, пошто по природа сум многу темераментна и избувлива. Ама со него веројатно зошто знам дека јас сум таа што мора да ги постави границите и да го воспита, трпението ми е на сосема друго ниво.

    На позитивната страна, денес после две ипол недели пауза од градинка, отиде расположен и без плачки. 99% татко му го носи и него не му плаче, ама денес морав јас и спремна бев дека ќе рикне на оставање. Ама он си ја фати негувателката за раче и дури не се сврте ни чао да ми каже. ;(
     
    На sani99 и Anturium им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.065
    Допаѓања:
    110.849
    Пол:
    Женски
    Јас не успеав да го дистанцирам од благо искрено малово, а ниту големото нешто многу многу. Имам проблем со баба им, им дава после школо/градинка одма благо, иако дома најчесто има ручек нели. И да не давав јас како мали, еве дојде време и лижавчиња да јадат и сокчиња да пијат и сладоледи и се со ред. Некни кркнал еден сладолед од него поголем. Инаку јас не сум против благото, зошто истото го храни мозокот и не, во овошјето нема доволно шеќер за да се нахрани мозокот, како и во сите оние здрави благи без шеќер. Умерено се може. И тоа токму поради тоа што сами го кажувате, кога за прв пат ќе се запознае со вкусот нема сопирачка. Исто и екраните, големиот кога дозволивме, односно моравме да дозволиме, немавме избор, едноставно го фати ковид и не можев 24/7 да го анимирам. Фала богу за поучни работи претежно користи, ама не е дека не е фасциниран од магијата на екраните. Доби телефон па засега се држи до договорот, сам увиде вчера дека од бесцелно користење на телефонот не може да комуницира со другар му па ко попче си го остави и си чека до денес додека му дојдат на ред новите 60мин за телефон. Малиот многу често бара пример маша или пепа или едно маче Коте што го гледа, ама за 15мин му поминува меракот и продолжува да игра.
     
  6. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    815
    Од благо само плазма бисквити, урми и мед давам друго не давам.
    Во градинка сокој им давет и тоа бара ко ќе ојме по родендени, со татко и купвет киндер јајце ама само играчката ја бара исто така и животинско царство само сличето го бара.
    Ко ќе сме излезени со друарка ми врснички се децава таа им дава кроасан со чоколадо и викам не и давај греота била и и дава и јади и ме нервира тоа.
    Иначе колку и да ги пазиме ќе си порастет и сами ќе си земаат благо, сокови од тоа нема бегање.
    Сега дајте рецепт за здрав домашен сладолед.
     
  7. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.474
    Пол:
    Женски
    Грчки јогурт, мед и овошје по желба.
     
    На Lavender13 и ija им се допаѓа ова.
  8. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    815
    Ова во обичен фрижидер или во замрзнувач треба.
     
  9. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.474
    Пол:
    Женски
    Замрзнувач. (Јас на моите и одма го давам во чашка)
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    815
    Нема да е тврд ко мраз убав е за јадење?
     
  11. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.474
    Пол:
    Женски
    Овошјето блендирано, медот му дава убава текстура. Правам се од око. Мислам ако ставиш премногу овошје ќе ти прави такво мрзнење. Повеќе на грчки. (Можеш и павлака да додадеш)
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    815
    Фала ти многу
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.065
    Допаѓања:
    110.849
    Пол:
    Женски
    Реално сладолед од грчки јогурт и овошје е ко мраз, да не се лажеме, шеќерот и полномасното млеко го прават сладоледот кремаст. Токму затоа има разлика од сладолед до сладолед, едните го прават со квалитетни состојки, другите со вода, затоа и во цената и во вкусот има разлика. А за дома направен со контролирани состојки јас правам со кондензирано млеко Nou nou, Мегле млечна хопла и овошје/стопено чоколадо. А знам и смрзнато бобичасто овошје, малку подоодмрзнато само, да го измешам со нед и грчки хогурт, е тоа е права посластица за сите дома. Значи не блендирано. Јагодите исто само од фрижидер, не смрзнати, ги гмечам со она за пире што е, превкусно е.
     
    На ija и Malesia им се допаѓа ова.
  14. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Може малце unpopular opinion, ама децата генерално се најголеми конзументи на шеќер во количина далеку поголема од препорачаната, поради фактот дека скоро секој производ веќе има скриени шеќери.
    Сок, јогурт, житарици, ако погледнете колку додаден шеќер има во овие работи ќе се запрепастите.
    Генерално за деца од 2-3 години се препорачува околу 2 лажици шеќер дневно, но тоа и се добива преку јаглехидрати, овошје. сокче. Една чаша сок е скоро 5-6 лажици шеќер, тоа е доволна количина за половина недела.
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.065
    Допаѓања:
    110.849
    Пол:
    Женски
    Епа сок не пијат, никогаш не пиеле освен на роденден, дешавка. Не купуваме сокови дома. Житарици јадат само овесни снегулки кои немаат додаден шеќер. Јогурт јадат грчки кој има најмалку додаден шеќер. Така да едно киндерче или едно лижавче таман им е. Не давам повеќе, многу ретко добиваат плус. Ако ти кажам дека имаме уште чоколади од пакетчиња, од Велигден па да не зборам, од роденден на дете тоа се скоро 4 кила чоколади ( ги броев ме интересираше ), ама они не знаат дека постојат.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.998
    Допаѓања:
    8.468
    Пол:
    Женски
    Леле мамасити, не можам дома да си го внесам детето. Напоље па напоље. Во 6 сабајле стана и плачеше за напоље, среќа брзо презаспа. А жешкото фати нагло 35 степени. Не знам како ќе го задржам во најжешкото дома :whew:
     
  17. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Исто, се буди сабајле и прва работа вика надвор.
    Ако излеземе надвор тогаш уште на излегување ми вели не дома, никако. И го повтара тоа додека сме надвор. Ако тргнеме накај дома е плачки.
    Ќе биде интересно периодов.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.998
    Допаѓања:
    8.468
    Пол:
    Женски
    Баш ќе биде интересно. И ако не го изнесам одма надвор оди кај дедо му и му вика деда узи напоље :rofl:
    А на влегување дома плачи на најјако нечу, идемо напоље. Ќе видиме како ќе се справуваме.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    6.835
    Пол:
    Женски
    Ете полека ќе се вратите на старо. Ама не се надевај многу на мирен тодлер, син ми баш тој период смени кажав веќе, од 2ипол години почна оваа фаза. Ајде белки кај вас од сипаниците е, сега ќе е посмирен
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.717
    Допаѓања:
    21.403
    Пол:
    Женски
    Нее не се надевам, рогчињата на него одамна му де гледаат. А како расте сѐ поинтензивно ќе станува. Ама нека се живи и здрави, ќе се справуваме некако.